Huawei FreeBuds 4: Моќниот звук што го барате за вашето уво

Објавено на 28.09.2021 18:36 во Рецензија


Huawei FreeBuds 4: Моќниот звук што го барате за вашето уво

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Вештачка интелигенција за учење на навиките на корисниците;
+ Безжични слушалки;
+ Долготрајност;
+ Апликација за полесно управување со апликацијата;
+ Можност за двојно поврзување;
+ Едноставно Bluetooth поврзување со било каков уред;
+ Управување со помош на гестикулации за зголемување и намалување на звук;

 

Negatives:

- Висока цена од 126 евра;
 



Целата рецензија

Huawei неодамна одржа светска премиера на нови уреди, на кои ги претстави и новите стерео безжични слушалки FreeBuds 4. Како што кажува самото име, се работи за 4-та генерација на безжични слушалки на Huawei, кои се најдобри досега. Навистина можеме да почувствуваме квалитетен звук со нив. 

Дизајн

Се работи за иновативен дизајн на слушалки, како што велат и во Huawei, кои поддржуваат фреквенциски опсег до 40kHz. Фактот што слушалките се прилично удобни кога ги ставате на ушите, значи дека од Huawei се во право. Многу се лесни за носење, а куќиштето за полнење е подобро осмислено, па така ставањето и вадењето на самите слушалки е сега многу полесно. Имате упатство за буквално како да ги извадите полесно, а притоа да не ви се излизгаат од прстите.

Звук

Кога зборуваме за звукот, со првото ставање на слушалките, веднаш ќе ја направите разликата во квалитетот на звукот. Huawei истакнува дека ова се првите слушалки со адаптивно активно поништување на бучавата (Adaptive Ear Matching – AEM). Тоа значи дека слушалките сами се учат во какви услови корисникот најчесто се движи и автоматски ги одредуваат оптималните поставки за поништување на бучавата. Се забележува како да имате запечатени уши кога на почетокот ќе ја вклучите опцијата за уништување на бучавата. Тоа е нешто што можете сами да го вклучувате и исклучувате. Кога слушалките почнуваат да ја учат вашата рутина, така ќе можете да водите и нормален телефонски разговор на сообраќајна улица, без претерано подигнување на гласот, а соговорникот нормално не слуша и кога ние немаме потреба да го зголемуваме звукот на смартфонот.

Басот е она што е значително подобрено. Huawei истакнува дека во слушалките има вградено 14,3мм динамички драјвер што ги создава најмоќните басови, што навистина ќе го почувствувате кога ќе ги ставите слушалките на ушите. Се разбира, басот не е толку моќен што создава чувство на нелагодност, а повторно е доволно моќен за да може да уживате во вашата омилена музика. 

Батерија

FreeBuds 4 со едно полнење може да функционираат до 4 часа непрекината работа. Мора да спомнеме дека тоа варира во зависност од тоа што работите. Ако слушалките се споени со два уреда истовремено, и ја вклучите дополнителната функција како што е поништување на бучавата, тоа време е нешто пократко и изнесува од два до три часа. Доволно е да ги ставите слушалките 15 минути во куќиштето, за да тие бидат спремни за работа барем еден час. Куќиштето за полнење овозможува вкупно 22 часа слушање, што е доволно за цел ден, дури и ако непрекинато имате слушалки во ушите.

Вградена заштита

Во FreeBuds 4 е вградена заштита за слухот на корисникот, така што слушалките ве предупредуваат ако јачината на звукот е на превисоко ниво, но и го предупредува корисникот кога треба да земе неколку часа пауза после континуирано слушање. Тоа не значи дека тие ќе престанат да работат, туку прекрасен женски глас на англиски јазик ќе ве предупреди дека би било убаво малку да ги одморите ушите од слушање.

Поврзување

FreeBuds 4 може да реализира двојно поврзување со уреди, што значи дека може истовремено да ги поврзете со компјутер и со смартфон или со смартфон и со часовник, таблет или било кој друг уред што функционира со Android, iOS или Windows оперативен систем. 

Апликација

За управување со слушалките и опциите, Huawei ја креирал апликацијата AI life. Слушалките може да ги поврзете како обични Bluetooth слушалки со било кои други уреди.

Предноста од користењето на апликацијата е што може да го регулирате квалитетот на звукот, да одредите за што служат гестовите (со повлекување кон горе или кон долу, го намалувате или зголемувате звукот), ги пронаоѓате слушалките ако ги загубите (слушалките испуштаат звук за да може полесно да ги најдете ако ви се зафрлени во џебовите, некоја торба или низ постелнината во креветот). Се разбира, со апликацијата може да го ажурирате софтверот и така дополнително да го подобрите искуството со слушањето. 

Заклучок

Huawei FreeBuds 4 имаат навистина квалитетен звук и одлични опции. Како мал недостаток можеме да го спомнеме само дизајнот, поради кој лесно може да ви се лизнат од рацете кога ги ставате и вадите од куќиштето. Благодарение на вештачката интелигенција тие учат корисникот како сака да слуша и сето тоа го памети. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.