Амбициозните планови на Tesla до 2020г.

Објавено на 08.08.2017 во Рецензија


Амбициозните планови на Tesla до 2020г.

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Плановите на Tesla Inc. со електричните возила се супер амбициозни. Tesla Model 3 веќе започна со достава, кој е исто така дел од големите планови на Илон Маск и Tesla, кои до 2020 година сакаат да лансираат нови модели на автомобили и камиони, да го зголемат опсегот на возила и да ја претворат Tesla во супер енергетска компанија. Еве кои се плановите на Tesla и Маск, за постигнување до 2020 година.

Прво да се заврши гигантската фабрика за батерии во Невада. Аналитичарите велат дека оваа фабрика е клучот за иднината на Teslа, со оглед на тоа што ќе се намалат трошоците за производство на батерии за 30%. Уште во наредната година би требало да проработи целосно, а од Tesla велат дека во оваа фабрика ќе се произведат повеќе батерии, отколку што сите производители заедно во 2013 година направиле литиумско-јонски батерии.

Компактен SUV – минатата година Маск најави презентирање на уште еден компактен Model Y SUV. Првично планот беше да се појави на почетокот на 2020 година, но сега се промени тоа, со последната најава на Маск, кој рече дека ќе излезе многу побрзо, затоа што платформата ќе се базира на Model 3.

Електричен камион – во јуни Маск најави дека соработува со големи камионски компании за дизајнот на првиот електричен камион на Tesla. Прототипот на овие возила може да го очекуваме на крајот на септември. Маск неодамна соопшти дека веќе е презентиран на некои превознички компании и сите биле воодушевени. Компаниите прашале само кога и колку модели може да нарачаат. Се уште нема информации кога би можел да се појави камионот на пазарот.

Пик-ап – кога зборуваше за електричниот камион, Маск спомна и пик-ап, кој може да се очекува кон крајот на наредната година или во првата половина на 2019 година.

Зголемување на опсегот на електрични возила – најголем проблем на повеќето сопственици на e-автомобили е малиот број на достапни полначи, иако нивниот број веќе постојано се зголемува. Овој проблем ќе го среди Tesla на два начина – преку изградба на дополнителни полначи и со зголемување на опсегот на автомобили со едно полнење на батериите на илјада километри. Со оглед на тоа што моменталниот домет на Model S P1000D е 500 километри, очигледно Илон Маск има голем иновативен предизвик пред себе.

Целосно автономни автомобили – напредокот на ова поле е се поголем, а желбата на сите во Teslа е да биде целосно автономен нивниот автопилот до 2020 година. Порблемот што би можел да го кочи Tesla се законите што би го овозможиле тоа.

Производство на 500 илјади автомобили годишно – во текот на 2015 година, Tesla произведе над 50.000 возила, а за следната година планот е да направат минимум 500.000. Свесни се дека планот е агресивен, но веруваат дека ќе успеат во тоа.

Милион автомобили годишно до 2020 година – говорејќи за агресивните планови, Маск и екипата веруваат дека до 2020 година ќе произведуваат дури милион автомобили годишно. Со оглед на побарувачката за Model 3 (над половина милион луѓе го резервирале ова возило), се поголемата популарност на електричните возила и новите модели што доаѓаат, планот би можел да се реализира.

Суперполначи – бројот на суперполначи, со кои автомобилите на Teslа ќе се полнат за половина час, веќе достигна бројка од над 6.000, а до крајот на годината бројката ќе биде над 10.000.

Tesla ќе стане енергетска компанија – Tesla сака да произведува и развива електрични возила, и енергија со којашто ќе ги напојува истите.

Tesla Network – кога автомобилите на Tesla ќе бидат целосно самостојни, нивните сопственици преку посебната апликација ќе ги додаваат во Tesla Network и ќе ги изнајмуваат на други корисници додека тие се на одмор, на работа и слично, па така ќе може да заработуваат пари од својот автомобил.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA