10 години од смртта на Стив Џобс: Apple ја изгуби својата иновативна аура, но стана машина за профит

Објавено на 07.10.2021 11:48 во Рецензија


10 години од смртта на Стив Џобс: Apple ја изгуби својата иновативна аура, но стана машина за профит

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Иновацијата е најголемиот адут на Apple;
+ Музиката на фабриката на Apple се создава од многубројните инструменти што ги создаде Стив Џобс;

 

Negatives:



Целата рецензија

Тим Кук не е Стив Џобс, а Apple не е повеќе иноватор. Многу коментари на Twitter има дека Стив Џобс сега се превртува во гроб. Стив Џобс почина на 5 октомври, 2011 година. Секој нов производ се претставува свечено, со нетрпеливо очекување.

Без Стив Џобс, Apple ја изгуби способноста за лансирање на производи што прават револуција на пазарот, затоа што тие сега се финансиска компанија, добро подмачкана машина што знае како да ги извлече парите од потрошувачите.

Компанијата што почна да работи во гаражата на Silicon Valley во 1976 година, со своите компјутери, прибори и уреди како што е iPod (2001), а потоа и iPhone (2007) го промени секојдневието на стотици милиони луѓе.

Визионерот Стив Џобс два пати темелно ја затресе информатиката: графичкиот интерфејс се наметна во 80-те години како метод на комуникација меѓу машините и луѓето. Смартфонот го смести интернетот во џебот на секој поединец.

3-та револуција: Тогаш Apple го претстави само смартчасовникот Apple Watch.

„Главната карактеристика на Apple е иновацијата, но постојат и други критериуми, како што е способноста на компаниите сами да се преобразат. Компанијата од Купертин ја збогати својата палета додавајќи бројни нови услуги, кои што беа интегрирани во уредите: музика, плаќање, видео, игри, спорт... Apple денес има повеќе жици на својот инструмент, што му овозможува да свири подобро и да привлече нови корисници и да ги задржи“, смета аналитичарката Каролина Миланези од Creative Strategies

„Таквата стратегија нема да ја отфрли ниту самиот Стив Џобс, кој секогаш сакаше да ги поедностави работите и да го контролира искуството на потрошувачите од А до Ш“, пишува Волтер Ајзаксон во неговата биографија.

Ниту Apple, ниту било која друга компанија не донесоа револуција во дигиталниот свет во последните десет години. Но, култот на јаболкото се уште е жив и до ден денес го притиска Тим Кук. Бројни аналитичари сметаат дека колосот од Калифорнија се уште носи изуми.

„Тие се и денес иновативни. Тоа е запишано во ДНК-та на таа компанија и мислам дека Стив Џобс би бил горд. iPhone и понатаму ќе биде срцето и белите дробови за растот на Apple со текот на годините. Ќе ги видиме и очилата на Apple за виртуелна реалност и автомобилот на Apple во 2024“, смета Ден Ајвс, кој како пример го посочи развојот на M1 чипот што го заменува Intel процесорот во некои нови уреди.

3.000 милијарди

„Методите на Тим Кук го воодушевуваат Волстрит, пред 10 години Apple вредеше околу 350 милијарди долари, а на 1 октомври 2021 вредноста достигна до 2.358 милијарди. Во рок од 6 до 9 месеци ќе достигне 3.000 милијарди долари“, предвидува Ден Ајвс.

Изгледа недостатокот на микрочипови во светот не влијаеле премногу на капацитетот на компанијата да одговори на барањата на пазарот. Само компромисната политика на Apple кон приватниот живот во Кина ги лути тамошните критичари.  

Apple до денес е релативно поштедена од тужби во областа на авторски права, за разлика од Google и Facebook, кои се казнуваат со огромни суми. Американската судијка неодамна ги отфрли обвиненијата за монопол, кои што ги поднесе издавачот на видео игри, Epic Games, затоа што Apple ја отстрани Fortnite од App Store.

Во борбата против педопорнографијата, Тим Кук ја спроведува политиката на минимални постапки, во стилот што силно отстапува од начинот што Џобс би го решил тоа, кој е познат по бурните реакции.

Во последните десет години, стилот на Стив Џобс не преживеал, вели Каролина Миланези, која потсетува на тешкиот карактер на покојниот Џобс. Мислам дека Тим Кук е подобар директор на компанија за денешното општество.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.