LinkedIn: Како да не ве откријат работодавачите дека барате работа

Објавено на 15.08.2017 во Рецензија


LinkedIn: Како да не ве откријат работодавачите дека барате работа

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Предност во кариерата;
- Ефикасност во градењето на кариерата;

 

Negatives:



Целата рецензија

LinkedIn е една од најважните онлајн алатки за вмрежување, зголемување на своите вештини и промовирање на своите проекти. Сепак, мал дел од јавноста знае како треба да се користи социјалната мрежа за кариера. 

Освен тоа што LinkedIn служи најмногу за поврзување со соработници на исти гранки, таа ги поттикнува и корисниците редовно да додаваат промени во својот професионален живот. 

Во моментот има судска постапка во САД, поради фактот што одредени податоци за вашиот профил се јавни. Јавната достапност на податоците добро го искористила компанијата hiQ, која ги прегледува профилите на корисниците на LinkedIn, со цел да дојде до различни информации, кои потоа ги проследува до заинтересираните клиенти. Една од најважните улоги на овие типови на компании е информирање на клиентите за вработените, кои би можеле наскоро да дадат отказ.

LinkedIn на ова вели дека hiQ ја искористува довербата што корисниците ја имаат во оваа мрежа и веќе испратиле предупредување до компанијата. hiQ одговара дека LinkedIn претерува и дека тие постапуваат во согласност со законот. Поради тоа hiQ покренале судска постапка за да се осигураат дека одредени податоци на корисниците на LinkedIn ќе останат јавни.

LinkedIn не се согласува дека станува збор за претерување, при што своите аргументи ги кажал пред судот. 

„Во случај кога нашите корисници би знаеле дека hiQ на овој начин ги собира податоците за нив, многумина не би продолжиле да ги обновуваат своите профили“, велат од LinkedIn.

Кој е вашиот следен работодавач?

hiQ доаѓа до податоците преку LinkedIn профил, кој откако го ажуририраше својот профил, излегуваше како да бараат нова работа. LinkedIn тврди дека овој вид на активност ги прекршува законите за анти-хакирање, па затоа се обиде да забрани пристап на hiQ Labs до нивната страница на LinkedIn, блокирајќи ги нивните IP адреси. Поради тоа hiQ го тужеше LinkedIn и од сојузниот судија барале потврда и можност за пристап до податоците.

Марк Вејдик, претседателот од Управата на hiQ Labs, во мејлот за Quartz напишал: „Разбираме дека LinkedIn сака да се меша во нашата работа и тоа е во ред. Но, LinkedIn се обидува илегално да ги исфрли помалите конкуренти со цел пазарот да остане само за нив, многу едноставно“.

LinkedIn сега е во сопственост на Microsoft, има 500 милиони корисници од цел свет, но само 175.000 се целосно јавно достапни. 

Можност за приватно и јавно

LinkedIn им дозволува на корисниците многу можности и ограничувања во сегментот за видливост на податоците. Така сите профили стануваат полу-приватни. На тој начин LinkedIn автоматски и делумно остава некои информации да бидат јавно достапни, како што се име и презиме, моментално работно место, сертификати, јазиците што ги зборувате и вештините што ги поседувате.

Во поставките секогаш може профилите да ги одредите што точно сакате за некој што го пребарува LinkedIn, да го види и вашиот профил, исто како што и делот дали некој може да ве контактира вас - сите, само вашите контакти или контактите на вашите контакти. 

LinkedIn автоматски ги известува сите во вашиот круг на контакти кога ќе внесете нешто ново во својот профил. Ако сакате да ја избегнете секоја промена од вашиот круг на контакти, исклучете ја оваа опција во поставките на профилот. Ако барате нова работа, но не сакате да дознаат колегите и шефовите во вашата компанија, исклучете ја опцијата за автоматско известување за промените и направете го вашиот профил да биде полу-јавен. Така потенцијалните работодавачи ќе може сепак да ве пронајдат и да ве контактираат, а притоа да не ја загрозите својата приватност и моменталната позиција на работата.

Заклучок

Работодавачите и вработените секогаш ќе бидат во конфликт, поентата е да се најде решение никој да не биде оштетен. Сепак, на крај секогаш мора да има некој во предност, затоа детално ве запознавме со сите можни варијанти за намалување на штетата на компаниите и зголемување на приватноста на луѓето што сакаат да градат кариера. Дали вие имате LinkedIn и дали ви е функционален?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle