Lenovo V15 – Анхоч повторно со понуда во која цената и перформансите имаат одличен баланс!

Објавено на 22.10.2021 13:00 во Рецензија


Lenovo V15 – Анхоч повторно со понуда во која цената и перформансите имаат одличен баланс!

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.9


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Веб камера;
+ FullHD резолуција на екранот;
+ Екран со висока светлост;
+ Можност за надградба на работната и внатрешната меморија;
+ Ниска цена;
+ Префинет дизајн;
+ Можност за отварање до 180 степени;

 

Negatives:



Целата рецензија

Lenovo е одличен производител на лаптопи, кој може да го најдете и на полиците каде што се продаваат лаптопи со буџетска цена, но може да го најдете и кај гејмерските лаптопи. Тоа значи дека има понуда за се и за секого. Ние имаме модел што припаѓа на средната класа на лаптопи, кој може да ги задоволи вашите канцелариски потреби. Тоа се определува според програмите што ги користите. Доколку барате екстра лаптоп што не бара многу пари да го платите, а сакате да биде брз, тогаш Lenovo V15 е дефинитивно за вас.

Дизајн

Lenovo V15-ADA се одликува со едноставен и убав дизајн. Целото куќиште е изработено од квалитетна пластика со блага текстура, така што изгледа многу сериозен кандидат за вашето биро. На изглед се е добро и цврсто, а механизмот за преклопување е одличен и може да го отворите лаптопот до 180 степени. Антирефлексниот премаз и светлоста се предности кај овој уред, па така за пишување текст и слично е одличен. 

Хардвер

Lenovo под хауба располага со AMD Ryzen 5 процесор со максимална фреквенција до 3.7GHz од 3500U генерацијата, додека неговата графичка картичка AMD Radeon Vega 8 е интегрирана за матичната плоча. Работна меморија за обработка на податоци имате на две места по 4GB (4GB DDR4-2400 + 4GB SO-DIMM DDR4-2400), од кои едната меморија е на матичната плоча, а другата е посебна. Работната меморија може да се надгради и до 12GB  DDR4-2400 (4GB soldered + 8GB SO-DIMM).

Меморијата за лични податоци е од најнов тип SSD M.2 и изнесува 256GB SSD M.2 2242 PCIe 3.0x2 NVMe. Најновиот тип на меморија SSD M.2 значи дека дискот ќе ги вчитува вашите датотеки за 35 пати побрзо од обичниот традиционален хард диск. Тоа не е за потценување. Имате и уште еден слот за додавање на меморија, доколку сакате на пример хард диск со големина до 2.5 инчи. 

Оваа конфигурација функционира без никакви проблеми за размена на пораки, сурфање, многу отворени табови на прелистувачот и друго.

Екран

Екранот е со TN матрица, а неговата големина е стандардна и изнесува 15.6 инчи со FullHD резолуција од 1920x1080 пиксели и светлост од 220 нити. Екранот е се одликува со остри црти и има вградена технологија за анти-отсјај. 

Имате вградена Bluetooth технологија и приклучок за WLAN кабел, 1 конектор за електрично напојување, 1 читач за картичка, 1 HDMI влез, 2 влеза за USB 3.1 и еден комбо 3,5мм џек за слушалки или за микрофон. Интегрираната батерија во лаптопот изнесува 35Wh, а неговата тежина изнесува 1.85 килограми. Предната веб камера изнесува 720 пиксели.

Заклучок

Lenovo V15-ADA е лаптоп со нова меморија, релативно ниска цена, што може да го надградите со повеќе работна меморија и повеќе внатрешна меморија. Неговите перформанси се за луѓе со канцелариска работа, ученици, учители или студенти. Доколку ви треба поголем избор на лаптопи со повисоки перформанси или за гејмери, Анхоч располага со широк спектар на модели, кои што можете да ги разгледате на нивната веб страница.

Поевтините лаптопи може да ги разгледате на овој линк.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.