Instagram: Како да добиете 14.000 следбеници за 50 недели?

Објавено на 21.08.2017 во Рецензија


Instagram: Како да добиете 14.000 следбеници за 50 недели?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Квалитетна промоција на бизнисот;
- Како да се себе-промовирате;

 

Negatives:



Целата рецензија

Instagram сега има над 700 милиони корисници, а Џон Линколн, основачот и генерален директор на компанијата "Ignite Visibility" решил да ја објави својата стратегија за да може секој да добие 10.000 следбеници на оваа социјална мрежа. 

1. Кои се вашите целни групи; 

Џон советува прво да одлучите што сакате да постигнете и да добиете со својот профил на Instagram. На Instagram постојат два вида на корисници: партнери и идни потрошувачи. Партнерите се луѓе од иста индустрија, но тоа не значи дека тие се по автоматизам конкуренција.

На пример, ако сте веб девелопер, луѓето што дизајнираат теми за WordPress може да бидат ваши партнери. Тие го дополнуваат вашиот бизнис и не се натпреваруваат со вас. Тие може да ви помогнат во промоцијата на вашиот профил. Како? Така што ќе коментираат и ќе ги лајкуваат вашите објави и ќе ви помогнат да добие кредибилитет вашиот профил. Потоа, тука се и следбениците што се вашата целна група. Тие корисници сакате еден ден да станат ваши клиенти, односно купувачите на тоа што го продавате.

Кога ќе идентификувате кои се вашите партнери, а кои се идните потрошувачи, време е да почнете да собирате информации за нив: кога се „онлајн“, кого следат на Instagram и кои се нивните квалитети. Ова е многу важно ако сакате да ги привлечете на својот профил. Тоа може да го направите така што ќе ги „имитирате“ профилите што тие ги следат. Одберете 2-5 профили што вашиот следбеник ги следи и анализирајте ја нивната содржина. Не заборавајте да ја проучите нивната биографија и следете кои # хаштагови ги користат.

2. Направете привлечен профил за пренасочување на следбениците;

Вашиот профил е местото каде што ќе го поставите линкот кон вашиот примарен сајт. Затоа мора да биде оптимизиран за конверзијаВашите следбеници нема да го видат тој линк никаде на друго место, оти Instagram не дозволува линкување на обични постови, туку само спонзорирани. Линкувањето може да го направите бесплатно и на Stories, функција што неодамна беше претставена и копирана од Snapchat.

За да направите убав профил за пренасочување, прво мора да напишете привлечна биографија со нагласок на тоа што го правите за своите клиенти. Кажете им на луѓето дека вашиот производ ќе го реши нивниот проблем и ќе им го направи животот подобар. Со други зборови, не пишувајте што продавате, туку ставете акцент на тоа како вашиот производ може да им помогне ним. Ставете ја најдобрата и најпривлечната профилна фотографија.

3. Креирајте календар со објави;

Ако сакате да бидете пред конкуренцијата, направете календар за вашите претстојни објави. Тој ќе им објасни на следбениците што и кога ќе објавите на својот профил. Повремено може да објавите и по некој совет за животот, со што ќе го направите вашиот профил да делува лично и хумано.

4. Објавувајте и бидете во тек;

Промовирајте го својот профил, со тоа што често ќе објавувате фотографии. Не заборавајте дека не е доволно да објавите само фотографија. Социјалните мрежи не се нарекуваат така без причина, потребно е вашите постови да бидат социјални. Тоа значи дека треба да бидете во контакт со други корисници на Instagram. Следете ги профилите што се занимаваат со сличен бизнис како вас, лајкувајте и коментирајте ги постовите. Ако луѓето ве доживуваат како активен член, вашиот профил ќе биде повеќе ценет. Така луѓето ќе почнат да ве следат ако и вие нив ги следите, особено ако сте во ист бизнис.

5. Анализирајте и промовирајте;

После неколку месеци занимација со Instagram маркетинг, анализирајте кои постови ви биле најпопуларни и која тактика е најисплатлива за вас. Објавувајте слични постови како тие што сте ги објавувале претходно во истиот период. Не би било лошо да размислите за рекламирање на вашите најпопуларни постови. Најкрајниот пост го дава Џон Линколн, со кој ве советува да бидете упорни и да го повторувате наученото. Џон успеал да стекне 14.000 нови следбеници за 50 недели. Што мислите за ова?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle