Марк Цукерберг негира дека Facebook не е безбеден за корисниците

Објавено на 26.10.2021 19:42 во Рецензија


Марк Цукерберг негира дека Facebook не е безбеден за корисниците

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

Според Марк Цукерберг:
+ Facebook се труди да овозможи безбедност и благосостојба;
+ Messenger Kids е совршена апликација за контролирање на децата кога комуницираат;

 

Negatives:

Според експертите;
- Марк Цукерберг се грижи само за својот профит;
- Facebook не ги следи препораките за заштита на корисниците;



Целата рецензија

Марк Цукерберг проговори: „Во средината на овие обвинувања е идејата дека на прво место го ставаме профитот, наместо безбедноста и благосостојбата. Тоа еднсотавно, не е вистина“.

Шефот на Facebook, Марк Цукерберг се огласни на својата омилена социјална мрежа после неколкуте бурни денови, кои што неговата компанија и тој ги доживеаја. На својот профил објави порака што ја испратил на вработените во Facebook, за која сметал дека треба да ја прочитаат и корисниците.

„Пред се, SEV (инцидент на високо ниво) ги урна сите наши услуги и тоа беше најлошо во последните неколку години. Минатите 24 часа ги поминавме во разговори со цел да го зајакнеме нашиот систем против таквите проблеми. Тоа е воедно и потсетник колку им значи на луѓето тоа што го работиме. Не е толку важно тоа што луѓето преминаа на конкурентските сервиси или колку пари изгубивме, туку што тоа значи за луѓето што се потпираат на нашите сервиси со цел да комуницираат со луѓето што ги сакаат, ја водат својата работа или овозможуваат поддршка за својата заедница“, вели Цукерберг.

Тој се осврнал на сведочењето на ликстерката Френсис Хауген, која се појави дури пред американскиот Конгрес. 

„Сигурен сум дека многу од вас со неверување го читавте извештајот, затоа што тие едноставно не ја опишуваат компанијата што ја познаваме. Длабоко се грижиме за прашањата како што се безбедноста, благосостојбата и менталното здравје. Тешко е да ги видите извештаите што погрешно ја толкуваат нашата работа и нашите мотиви. На најниско ниво, мислам дека повеќето од нас, едноставно не ја препознаваат лошата слика што се креира за нашата компанија“, додава Цукерберг.

Додава дека бројните тврдења едноставно немаат смисла и наброи се што Facebook направи во последните години поврзано со злонамерната содржина и поларизација на општеството. Марк тврди дека не точно дека се дава приоритет на профитот, наместо на безбедноста. Тој посебно се фокусирал на прашањето како мрежата влијае врз децата.

„Поминав многу време размислувајќи какво онлајн искуство сакам за своите деца, а многу ми е важно се што работиме да биде безбедно и добро за децата“, напишал Цукерберг.

Факт е дека младите луѓе ја користат технологијата, а технолошките компании треба да се фокусираат на тоа да изградат искуство што ги исполнува нивните потреби, а истовремено и да ги штити. Како пример Цук ја наведува апликацијата на Facebook, Messenger Kids и воведувањето на родителската контрола на Instagram. Тој е уверен дека тоа што Facebook го прави е добро и го фрустрира што погрешно се прикажува пред јавноста. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.