Најчести проблеми зошто не можете да инсталирате Windows 11

Објавено на 27.10.2021 18:45 во Рецензија


Најчести проблеми зошто не можете да инсталирате Windows 11

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Windows  11 има редизајн;
+ Новиот оперативен систем има акцент на безбедноста на корисниците;

 

Negatives:



Целата рецензија

Пред неколку недели официјално излезе новата генерација на оперативен систем на Microsoft за компјутери, кој нема да биде веднаш достапен за надградба на 10-та. Windows 11 не содржи никаква револуција, туку еволуција која што би требало дополнително да го подобри искуството за користење на компјутерот, каде производителот ставил акцент на безбедноста.

Windows 10 беше достапен за сите, но случајот со единаеската е поинаков, за кого мора прво да ги исполниме условите. Со цел да проверите дали вашиот компјутер ги исполнува условите за користење на најновата верзија на Windows, ве советуваме прво да ја инсталирате апликацијата PC Health Check. Дејвид Вестон од одделот за безбедност во Microsoft објаснува кои се четирите најчести проблеми поради кои што корисниците не можат да инсталираат нова генерација на прозорци:Тоа се постари процесори што не се компатибилни со новите Windows оперативни системи, па затоа големината на дискот е многу важна, исто како и овие две нешта што се однесуваат за безбедноста: TPM (Trusted Platform Module) 2.0 и Secure Boot.TPM е безбедносен модул, кој што може да биде во облик на физички чип или криптиран клуч вграден во процесорот. Иако го имаат новите компјутери, во некои случаи тој не е активиран и пред инсталација на новите Windows софтвери, мора да се активира.

Истата работа е и со Secure Boot, опцијата за безбедносно покренување што во одредени случаи исто така е потребно посебно да се активира. Оваа опција ги активира оперативните системи на компјутерот, на пример може да спречи малвер во преземањето на компјутерот и основната заштита е против се поопасниот ransomware.

За некои компјутери што имаат TPM 2.0 и Secure Boot, Microsoft ќе ви каже дека не се компатибилни со новиот оперативен систем, затоа што тие опции не се активирани и корисниците мора сами да ги активираат.

Секогаш кога нешто правите во BIOS-от, тоа го правите на своја одговорност. Во овој случај треба да ги следите упатствата и да не допирате ништо друго, а ако не сте сигурни во тоа што го правите, секогаш е најдобро да проверите со професионалци, однсоно да им го однесете компјутерот, со цел тие да ги наместат сите поставки. Ако ги правите сами овие промени, пожелно е претходно да си направите бекап на вашите лични податоци.

Активација на TPM

Ако во апликацијата PC Health Check пишува дека TPM не е овозможен, прво сами треба тоа да го проверите и ако е возможно рачно да го активирате. Постапката е следната...

Прво кликнете на знакот Windows и буквата “R” и во куќичката што ќе ви се појави внесете tpm.msc и кликнете Enter. Ќе ви се отвори прозорецот TPM Management on Local Computer со статус што може да биде дека TPM е спремен за употреба или известување “Compatible TPM Cannot be found”. Во тој случај треба да влезете во BIOS-от и да проверите дали сами може да го активирате TPM. Имате два начина. За поновите компјутери може преку менито на Start Windows 10, треба да кликнете врз иконката на поставките (тркалцето со запчаници), потоа Update & Security => Recovery и под Advanced Startup кликнете на Restart Now.

Ќе се отвори син екран со неколку опции, а ако ви станат достапни следните опции, тогаш одете на Troubleshoot/Advanced/UEFI Firmware Settings. До BIOS-от може да дојдете на уште еден начин: при повторно вклучување на компјутерот, додека системот се подигнува на екранот треба да се појави известување која типка треба да ја притиснете за да влезете во BIOS-от (на пример, F2), при што мора да бидете брзи.

Во BIOS-от или UEFI треба да имате барем една опција или картичка Security. Кликнете врз неа и внатре побарајте ги поставките поврзани со TPM (не мора да биде секогаш истото име на тие поставки, на пример, може да биде TPM Device, TPM Security и слично), како и опцијата со која што TPM може да се активира, тоа може да биде enable/ON или слично. Кога ја активиравте, одете на Save и повторно покренете го компјутерот.

Secure Boot

На ист начин како што тоа го направивте со TPM директно од Start менито, влезете во UEFI и побарајте ги опциите Boot, Security или Authentication и внатре во нив активирајте ја или вклучете ја опцијата Secure Boot. Потоа снимете ги промените и излезете од менито со опции, а компјутерот треба повторно да се вклучи.

Кон овие опции може да пристапите и со клик кон типката при вклучувањето на компјутерот (спомнатиот F2 или некој друг во зависност од компјутерот), со цел да влезете во BIOS-от. Во тој случај, после влегувањето во BIOS побарајте BIOS Setup, потоа Advanced, по што може да ги одберете Boot Options внатре во кои ќе се појави опцијата Secure Boot. Овозможете ја, снимете ги промените, излезете од менито и ако компјутерот сам не се покрене, вие покренете го.

Стручните лица велат дека во одредени случаи нема да можете да ги пронајдете опциите за Secure Booth од одредени причини (на пример, компјутерот нема да може да овозможи безбедносно вклучување без да се променат некои други опции) и во таквите ситуации подобро е да побарате помош од професионалци.

Уште еднаш ве предупредуваме дека се што правите во BIOS-от, правите на своја одговорност и ако не сте сигурни што правите, подобро советувајте се со стручни лица или однесете го компјутерот на професионалец.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.