Nokia 8: Фин дизајн, фасцинантен звук и одлична камера

Објавено на 26.08.2017 во Рецензија


Nokia 8: Фин дизајн, фасцинантен звук и одлична камера

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.2


Камера
10.0


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- Carl Zeiss оптика за камера;
- Супер брз процесор и перформанси;
- Always-on display технологија;
- OZO Audio;
- Брза технологија за полнење;
- Dual-Sight видео;
- Најнов оперативен систем;

 

Negatives:

- Висока цена;



Целата рецензија

HMD Global е новиот дом на Nokia телефоните, која го презентираше моделот Nokia 8. Осмицата е смартфон со добри перформанси, специјално дизајниран за креатори на содржини. Nokia 8 има топ три новини во Android светот, исто како и ексклузивната соработка со компанијата ZEISS optics. Nokia 8 е чист Android модел спакуван во неодоливо и совршено дизајнирано алуминиумско едноделно куќиште. Дизајнот наизглед ги содржи сите премиум елементи за телефон со врвен квалитет.

Дизајн и дисплеј

Едноделното куќиште на Nokia 8 е со 4.6мм тенки рабови, прецизно изработено од еден блок алуминиум од серијата 6000, а неговиот чист дизајн е извајан преку 40 фази на машинска обработка со анодизација и полирање. Одредените модели поседуваат висок блескав сјај за кој се потребни 20 часа обработка, со цел да се постигне беспрекорен изглед. Дисплејот има големина од 5.3 инчи, со 69.4% сооднос меѓу телото и екранот, резолуција од 1440 x 2560 пиксели, и густина на пиксели од 554ppi. Дисплејот има заштита со Corning Gorilla Glass 5 и Always-on display технологија.

Перформанси

Уредот доаѓа со супер-моќниот и најновиот Qualcomm Snapdragon 835 процесор со 8 јадра, со чисто и безбедно Android искуство, со што е добитна комбинација за брзо одговарање на задачите. Графичката картичка е Adreno 540, 64GB меморија за лични податоци, и слот за microSD картичка со можност за проширување до 256GB, како и 4GB RAM меморија. Сето ова ќе ви дозволи се да оди подмачкано.

Нова димензија со OZO Audio

Nokia 8 комбинира три микрофони со OZO Audio, со уникатните акустични алгоритми на Nokia за снимање на звук со импресивниот 360° просторен систем. Корисниците може да ги споделуваат своите 4K видеа со OZO audio било каде. Бинрауралниот кодек овозможува веродостојна репродукција на звукот, дури и на уредите што немаат OZO audio. Nokia 8 е првиот смартфон со Nokia OZO аудио, ексклузивна холивудска технологија. Просторниот звук OZO 360° дава сосема ново аудио искуство за 4K видео снимките. Врвното 360° аудио снимање им овозможува на корисниците одново да ги оживеат своите незаборавни моменти.

Иновации и прецизно инженерство

Тимот за дизајн, иновации и инженеринг на Nokia 8 вградил бакарна цевка за разладување во телефонот, која ќе ја регулира топлината што настанува кога телефонот работи. Nokia 8 може да се лади дури и во ситуациите кога има високи надворешни температури и кога телефонот ги има активирано најтешките апликации. Осмицата е компатибилна со Qualcomm Quick Charge 3.0 технологија, што значи дека брзо ќе ја наполните својата батерија и веднаш ќе може да излезете и да ги извршите вашите теренски обврски.

„Свесни сме дека сега луѓето се повеќе креираат и споделуваат содржини во живот, најмногу досега, а милиони фотографии и видео записи се објавуваат на социјалните мрежи во секој момент. Луѓето се инспирирани од содржините што им се достапни и секогаш бараат нови начини да креираат свои. Токму тие луѓе не инспирираа нас да направиме водечки смартфон, кој совршено ќе го балансира врвниот дизајн, извонредното доживување и моќните перформанси“, изјавил Јухо Сарвикас, директорот за производство во HMD Global.

Камера

Nokia 8 го претставува првото Dual-Sight видео, кое може да се емитува во реално време на социјалните мрежи, на пример Facebook и Youtube. Dual-Sight функцијата ја користи предната и задната камера, а на поделениот екран ги прикажува фотографиите и видеата што ги забележуваат двете камери. Само со еден допир оваа уникатна функција за снимање ќе ви овозможи одлично искуство ако сакате да креирате и споделувате убави моменти.

Нејзината задна камера изнесува 13MP со отвор на бленда од f/2.0, со ласерска детекција и автофокус, Carl Zeiss оптика, OIS, двоен LED блиц, фокусирање на допир, детекција на лице, HDR режим, панорама, итн. Видеото снима со 2160p@30fps и 1080p@30fps, кое располага со модул за постојана проверка на квалитет. Секундарната камера изнесува 13MP, со 2160p резолуција, која е супер квалитетна и нема да имате никакви проблем во било какви услови на осветленост.

Помалку Selfie, повеќе Bothie

Постојат две страни на секоја приказна, а уникатната функција Dual-Sight е дизајнирана со цел да овозможи креирање и споделување на целосни слики. Предната и задната камера на Nokia 8 се креирани во соработка со ZEISS, со цел на корисниците од овој модел да им се обезбеди подобро искуство на снимање. Креаторите на содржината сега може да ги споделуваат своите уникатни Bothie содржини на социјалните мрежи со помош на Dual-Sight функцијата, сместена во апликацијата за камерата.

Софтвер

Смартфоните на Nokia нудат чисто Android искуство, и добро среден софтвер, без непотребно активирани апликации во позадина, што би можеле да ги намалат перформансите на телефонот. Nokia 8 е заштитена со биометриска проверка на автентичноста на отпечатоците на прсти, овозможувајќи дополнителна безбедност, така што Nokia 8 ќе ги задоволува сите потреби на корисниците. Телефонот располага со Android 7.1.1 Nougat оперативен систем, кој овозможува иновативни алатки и одлично искуство. Интерфејсот е одлично оптимизиран и нема да имате потешкотии при ракувањето.

Заклучок

Nokia 8 е еден од премиу смартфоните на пазарот, кој сака да застане рамо до рамо со најголемите. Се чини дека HMD Global има навистина достоен концепт за настап пред пазарот со лудило од конкуренција и со своите дела докажува дека сака да ги освои и ниско буџетните и високо буџетните корисници. Nokia 8 достапен за глобална малопродажна цена од 599 евра, а на пазарот излегува од септември. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)