Како iOS 11 ќе ве направи подобар фотограф?

Објавено на 26.08.2017 во Рецензија


Како iOS 11 ќе ве направи подобар фотограф?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Нови опции за камерата

- Подобро уредување 

- Мотив за надградба со iOs 11

 

Negatives:

 

- Дел од новитетите ќе бидат наменети само за iPhone 8



Целата рецензија

Сегашната генерација на iPhone смартфони нуди фантастичен избор на iSight камера од 12 мегапиксели, а најдобар избор е секако iPhone 7 Plus моделот кој е единствен од понудата на Apple со две главни камера, една со широк агол и една со телефото леќа. Секако, многу значајно за добивање на супер квалитетни слики и видеа покрај хардверот на камерата е и софтверската поддршка па така со претстојната надградба со оперативниот систем iOs 11 очекуваме значителни подобрувања како за постарите модели на Apple, така и за новиот iPhone 8. Бидејќи следната генерација на iPhone смартфони се уште чекаме да биде официјално промовирана и не ги знаеме деталите за леќите и останатите технички спецификации на камерата, засега може да прогнозираме што ќе донесе софтверот на iOs 11 на што всушност и ја посветуваме оваа рецензија.

Bokeh ефект

Bokeh ефектот веќе е достапен кај iPhone 7 Plus смартфонот благодарение на искористување на можностите на двете главни камери. Притоа се креираат многу квалитетни слики во Portrait режимот при што предниот објект е во фокус, а позадината е замаглена. Со iOs 11 ќе се оди чекор понапред па така Portrait режимот ќе биде засилен со употреба како на HDR опциите за сликање на подинамични сцени со различни степени на осветлување па така и самата слика ќе има повеќе видови на нијанса и поголема длабочина. Исто така со iOs 11 при Portrait режимот ќе може да го активирате и блицот за добивање на поголем број на ефекти. 

Life Photos

Life Photos режимот на сликање веќе е достапен за актуелната генерација на iPhone смартфони и нуди можност за креирање на кратки видеа од слики направени во серија со што се добива еден вид на анимација. Со iOs 11 се очекува значително подобрување бидејќи Life Photos ќе добијат три нови модови на сликање наречени Bounce, Loop и Long Exposure. Со Bounce ќе може да го прегледувате видеото нанапред и наназад со што ќе се добијат интересни ефекти на движење, со Loop видеото ќе се повторува постојано, а со Long Exposure ќе се овозможи подолго активирање на камерата за бележење на ултра кратки детали кои вообичаено не би ги фатиле со камерата и се очекува овој мод да биде најнапреден досега.

Монтажа

Photos апликацијата со iOS 11 ќе прерасне во супер апликација за монтажа, како на слики така и на кратките видеа, па дури и на Life Photos фајловите со тоа што сите алатки ќе бидат прикажани на главното мени наместо да бидат скриени како досега со што многу корисници не беа ни свесни дека истите постојат. Photos нуди цела варијација на алатки од основни елементи за уредување на сликата со кратење, прилагодување на боите и контрастот, како и многу напредни алатки кои се на рамниште со Photoshop. Исто така се очекува да бидат воведени и нови алатки меѓу кои Curves и Selective Color.

Заклучок

Ова се само дел од главните новитети за монтажа и уредување на слики и видеа кои ќе пристигнат со iOs 11 што ќе биде одлична причина за корисниците да извршат надградба на оперативниот систем на нивните постари iPhone смартфони и секако одличен мотив за купување на новиот iPhone 8 кој ќе донесе уште подобри ефекти и можности на обновената iSight камера. Секако, дел од новитети во апликацијата за камерата на iOs 11 ќе бидат достапни само за iPhone 8, но тоа е поради хардверските ограничувања.

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA