Иновација со флексибилно и цврсто стакло за смартфони што не се крши

Објавено на 02.11.2021 11:32 во Рецензија


Иновација со флексибилно и цврсто стакло за смартфони што не се крши

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Долготрајност на смартфоните без да се скрши стаклото;
+ Намалување на несреќните случаи со кршење на дисплеј;
+ Намалување на отпадот со смартфони;
+ Ниски трошоци за масовно производство на новото стакло од слоеви од бисер;

 

Negatives:



Целата рецензија

Долготрајноста на батеријата и скршените стакла се најголемите проблеми на смартфоните во модерното време. Колку и да се внимава, на човек секогаш може ненамерно да му се случи да го скрши стаклото на телефонот. Научниците се секогаш мотивирани да смислуваат нешто ново, па така и овој нов материјал, што може да најде примена при производството на телефони во иднина.

Нов тип на стакло е изработено композитно од стакло и акрил, што му овозможува моќност, цврстина и проѕирност, а резултатот е работа на научници од универзитетот McGill во Монтреал, Канада. Цврстото стакло било инспирирано од внатрешниот бисерен слој на школки од мекотели, познат под името „мајка на сите бисери“, кој изгледа како испреплетени лего коцки на микроскала.

Новиот материјал има отпорност што многу не потсетува на пластика и не се крши при удар, објаснуваат канадските научници. Доколку започне со масовно производство на пазарот, би можело да се употреби и еднаш засекогаш да се реши проблемот со пукањето на сткалото при пад на земјата.

Лушпите од мекотели сочинуваат 95% од кредата, која е многу кршлива во првобитната форма. Но, бисерот што го обвиткува внатрешниот дел на школката е направен од минијатурни плочки што потсетуваат на минијатурни Лего коцки, што го прави исклучително отпорен и цврст. Неговата друга моќна карактеристика е неговата флексибилност, што значи дека им овозможува им на школките отпорност од распукување доколку дојде до удар.

„Неверојатно, но бисерот има цврстина на крут материјал и издржливост на мек материјал, што му ги дава најдобрите карактеристики од два аспекта“, истакнува Ален Ерлихер од Универзитетот McGill.

Направен е од крути парчиња на материјали од креда, меѓу кои има слоеви на меки протеини што се високо еластични. Таа структура овозможува голема цврстина, што е за 3000 пати поцврста од самите материјали што ја сочинуваат. Природата е мајстор за дизајнот. Со проучувањето на структурата на биолошките материјали и разбирањето на нивното функционирање ни дава инспирација, а понекогаш и нацрти за нови материјали, објаснува научникот.

Досега кај изработката на заштитно стакло за екрани на смартфони се правеше компромис меѓу висока моќност, цврстина и проѕирност. Новиот моатеријали не само што е за три пати посилен од нормалното стакло, туку и пет пати поотпорен на кршење.

Што направиле канадските научници?

Канадските научници ја реплицирале архитектурата на бисерот преку стаклени снегулки и акрил во слоеви, што резултирало со исклучително моќен проѕирен материјал, кој што може лесно и евтино да се произведува. Тие дале еден чекор напред со тоа што тој композитен материјал го направиле оптички проѕирен, со промена на индексот на прекршување на светлоста на акрилот.    

Со прилагодување на индексот на прекршување на светлоста во акрилот, извршено е незабележливо преклопување со стаклото со цел да се добие проѕирен композит. Следниот чекор е да се подобри некршливото стакло со вградување смарт технологија што ќе му овозможи на материјалот да ги менува своите својства, како што се бојата, механичките својства и спроводливоста. Целото истражување на канадските научници е објавена во научното списание Science.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.