Galaxy Z Fold3 5G: Најусовршен преклопен смартфон на Samsung

Објавено на 18.11.2021 12:44 во Рецензија


Galaxy Z Fold3 5G: Најусовршен преклопен смартфон на Samsung

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ IPX8 сертификат за водоотпорност;
+ Екран од 120Hz
+ Елегантен дизајн;
+ Поддршка за S Pen Fold Edition;
+ Најдоброто мултитаскинг искуство;
+ Повеќе апликации вклучени истовремено;
+ Добра камера;
+ Добра цена;
+ Моќни перформанси;
+ Два екрана;
+ Реверзибилно безжично полнење;

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung е прв производител што започна со развој на иновативни и футуристички преклопни уреди. Првиот преклопен смартфон што беше официјално лансиран беше Samsung Galaxy Fold во 2019 година. Оттогаш, Galaxy Fold еволуираше до третата генерација, а сега има и нова серија со вертикално преклопување - Z Flip 3. Без разлика дали се работи за дизајнот, чувството во раката, софтверот или перформансите, најновата генерација на Samsung, наречена Galaxy Z Fold3 најмногу се приближи до она што го велиме „совршено преклопувачко“.

Samsung Galaxy Z Fold3 5G го има во две верзии: 12GB RAM + 256GB ROM и 12GB RAM + 512GB ROM меморија. Кај нас го има оној со 256GB внатрешна меморија, со цена од 107 илјади денари, со црна, силвер и зелена боја.

Дизајн

Fold3 нуди многу подобрувања во однос на својот претходник. Најмногу ќе ви се допадне урамнотежениот фактор на облик и тежина. Samsung ги послуша корисниците и ги употреби повратните информации и го дизајнираше Fold3 на начин што со леснотија може да се користи во текот на целиот ден. 

На задниот дел имате модул со тројна камера, која се состои од 12MP широк сензор + 12MP ултрашриок сензор + 12MP телефото камера. Селфи камерата под екранот изнесува 4MP, сместена во дупка, додека на преклопувачот има камера со сензор од 10MP. Од страната Galaxy Z Fold3 има сензор за отпечатоци на прсти, кој го отклучува екранот за секунда, вграден на врвот на копчето за вклучување. Веднаш над сензорот за отпечатоци на прсти се наоѓа прекинувачот за јачина на звук. Овие клучеви се прилично лесно достапни со помош на една рака.

Galaxy Z Fold3 5G изгледа навистина премиум и елегантно, со чист дизајн. И покрај тоа што има многу функции, преклопниот смартфон на Samsung не изгледа пренатрупано во ниту еден момент. Fold3 се одликува со одлична изработка и исклучително е удобен за користење во пракса. Во споредба со претходната генерација на Fold, се работи за добро избалансирана верзија, кога ќе ја преклопите уредот може лесно да се користи со една рака. Во расклопена состојба ќе ви требаат двете раце за да ги извршите вашите задачи. 

Процесот на преклопување и расклопување на Galaxy Z Fold3 е многу лесен, затоа што механизмот нуди цврста конструкција. На сите им е страв најмногу од механизмот. Секоја чест за Samsung за одличната изработка. Се одликува и со водоотпорност благодарение на неговиот IPX8 сертификат.

Екран

Екранот е еден од најдобрите аспекти на Galaxy Z Fold3. Постојат два екрана, примарен и оној на врвот на капакот. Надворешниот екран ви овозможува многу нешта, освен проверка на известувањата. Ви овозможува да играте игри, да седите на социјалните мрежи, да испраќате мејлови и пораки и да гледате филмови и веб серии. За подобро искуство, ви препорачуваме да го користите примарниот екран бидејќи е поголем и може да го окристите како таблет.

Стаклениот преклопен смартфон има два екрана, од кои поголемиот има големина од 7.6 инчи. Надворешниот или секундарниот екран е нешто помал и има мерка од 6.2 инча со минимални рамки, што нуди значително подобрено мултимедијално искуство во споредба со претходникот. Искуството станува подобро при преминување на поголем или примарен екран. Главниот екран е фантастичен и сигурно еден од најдобрите кој што ќе го добиете со рас/склопувачкиот уред. Без разлика дали гледате филмов или играте игри, примарниот екран на Galaxy Z Fold3 ви нуди врвно мултимедијално искуство.

Поголемиот екран има можност за извршување на повеќе задачи со леснотија. Секако на двата екрани, можете да ги користите сите функционалности на еден Android телефон.

Камера

Камерата на Galaxy Z Fold3 содржи три сензори со задна камера од 12MP, заедно со сензор од 4MP на главниот екран и снимач од 10MP на надворешниот екран. Може да кликнете на фотографиите на задниот модул на камерата во преклопена и расклопена состојба. Снимањето на фотографии на било кој начин е исклучително удобно, но мене повеќе ми се допаѓа примарниот екран, затоа што ги прикажува предметите многу јасно. За селфи фотки би бил добар сензорот од 10MP на првиот екран. Селфи може да правите и со главната камера а резултатот веднаш го гледате на надворежниот екран.

Со зоом
Пред зоом

Galaxy Z Fold3 снима одлични фотографии, кои во најдобра слика се при дневно осветлување. Портретните и ултраширокоаголните снимки исто така се доволно добри и ќе ве задоволат. Искуството ќе ви биде добро со камерата, и покрај тоа што телефонот е наменет најмногу за мултимедија и добар бизнис. Предната камера на Samsung Galaxy Z Fold3 снима добри селфи фотки. Можете да снимате во 4K UHD резолуција со 30 и 60 фрејмови во секунда, 1080p FHD со 30 или 60 фрејмови во секунда или 720p HD со 30 фрејмови во секунда. 

Хардвер

Samsung Galaxy Z Fold3 има фантастични перформанси и ниту во еден момент не заостанува. Под хауба има Qualcomm Snapdragon 888 процесор, во комбинација со 12GB RAM меморија и 512GB внатрешна меморија. Неговиот фантастичен екран и чипсет на лидерското ниво го прават Galaxy Z Fold3 одличен уред за сите љубители на филмови и гејмерите.

Со најдобриот преклопен смартфон ќе ги извршувате сите секојдневни задачи, ќе може да испраќате мејлови и WhatsApp пораки, ќе кликате на фотографии, прегледување на социјални мрежи и интернет, ќе примате видео повици и гласовни повици и многу други работи. Ниту во еден момент не почувствувавме дека Galaxy Z Fold3 не може да ја поднесе неговата интензивна употреба и покрај тоа што игравме игри и ги вклучивме сите апликации. И покрај сите апликации што работат во позадина, овој смартфон дефинитивно нема да ве разочара, затоа што функционира беспрекорно и без пречки.

Ги пробавме игрите BGMI, Garene Free Fire, и Asphalt 9, со цел да провериме како ќе се однесуваат. Како што очекувавме, Galaxy Z Fold3 беспрекорно ги извршуваше сите зададени задачи при играњето со мобилните игри. Играта Battlegrounds Mobile India функционира со висока графика, но сепак не заостана во ниту еден момент за време на играњето и не се почувствува кочење во ниту еден момент.

Z Fold3 има поддршка за S Pen, со тоа што S Pen Fold Edition се продава посебно, кој е ексклузивно изработен за Galaxy Z Fold3 5G. Сите други S Pen стилуси не се компатибилни за Galaxy Z Fold3 5G, вклучувајќи ги и другите производители. Другите стилуси би можеле дури и да го оштетат екранот.

Батерија

Една од ретките области во кои што веруваме дека Samsung Galaxy Z Fold3 би можел да биде добар е батеријата. При употреба на телефонот за секојдневни задачи, со праќање на мејлови, Facebook пораки, прегледување на профилите на социјалните мрежи, извршувањето на повици, кликањето на фотографии и видеа, дефинитивно нема да имате проблем со траењето. Долготрајноста на Galaxy Z Fold3 во тој случај изнесува 14 - 15 часа, што е навистина солидно. Сепак, зависи од корисникот и кој колку го користи. Капацитетот на батеријата изнесува 4400mAh, има брзо полнење од 25W, брзо безжично полнење од 11W и реверзибилно безжично полнење од 4.5W.

Софтвер

На страната на софтверот, Samsung ги проширил можностите за мултитаскинг за користење на апликациите, за што сите опции ви се достапни во Labs поставките. Еднаш кога ќе се навикнете тоа може да биде забавно за користење. Апликациите се доволно оптимизирани за ваков формат на мобилен. Spotify и Netflix се прилагодуваат и изгледаат одлично, на пример, ние ги пробавме. 

Samsung Galaxy Z Fold3 5G се испорачува со Android 11 и One UI 3.1, додека софтверот ќе се надградува во следните 4 години. Заедно со продуктите на Samsung, апликации од други компании се прединсталирани како што се Microsoft, Facebook, Netflix, и Spotify. Galaxy Z Fold3 е забрзан кога станува збор за Wi-Fi мрежите, затоа што има поддршка за Wi-Fi 6E со VHT160. Во комбинација со Netgear Nighthawk AX12 (Wi-Fi 6) рутер, трансферот на податоци е многу брз и стабилен.

Ова е многу важно, затоа што Samsung го олеснил поврзувањето со апликациите, со тоа што може да отворите до три апликации одеднаш на дисплејот, односно може да отворите три прозорци одеднаш и да работите со две апликации истовремено. Ова е навистина голем чекор напред, затоа што смартфонот може да се однесува како вашиот лаптоп.

Заклучок

Најновиот уред на Samsung е наменет за потрошувачите што сакаат да разменуваат информации на деловни состаноци со елегантен преклопен смартфон, како и за оние ентузијасти што следат криптовалути и имаат потреба од поголем екран во било кое време да ја проверуваат вредноста на своите коини. Samsung Galaxy Z Fold3 дефинитивно е најдобар телефон на преклоп досега, од сите смартфони што јужнокорејскиот производител досега ги развил.

Galaxy Z Fold3 е доработена и подобрена верзија на претходната Fold2 во секој аспект. Уредот нуди избалансиран дизајн и конструкција, па така дури и корисничкиот интерфејс и перформансите се подобрени во споредба со Fold2. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.