Историја за мобилната телефонија: Како започна и како ќе продолжи?

Објавено на 22.09.2017 во Рецензија


Историја за мобилната телефонија: Како започна и како ќе продолжи?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Достапни насекаде низ светот;

 

Negatives:

- Зависност од мобилните телефони;



Целата рецензија

Првиот мобилен телефон е направен во 1973 година. Во моментот кога се појавија, почнаа да го менуваат светот. Како дошло до идејата за мобилни телефони во историјата и во кој правец тие би можеле да се развиваат во наредниве години?

Телефони во автомобили

Пред мобилните телефони беа телефоните во автомобилите. Ваквиот телефон го имаше во багажот на автомобилот и тежеше 36 килограми. Инженерите на Bell Labs ја развиле идејата за футуристичка мрежа во 1947 година, која би била неопходна за да функционираат овие телефони. Повиците би скокале помеѓу телефоните што се во домет. Во тоа време, технологијата за вакво нешто не постоеше, но се појави за брзо време.

Телефоните во автомобилите (car phones) за кратко време станале популарни и покрај своите ограничувања. Само одреден број на луѓе можеле да ги користат истовремено, а на повик понекогаш се чекало и до 30 минути. Постоел и список за чекање од 5 до 10 години.

Motorola ја започнала револуцијата

Се се променило во 1973 година, кога инженерот на Motorolа, Мартин Купер, го презентирал првиот мобилен телефон - DynaTAC 8000X. Телефонот бил базиран на концептот на мрежата што го развиле инженерите на Bell labs. За 10 години подоцна со 100 милиони долари инвестиции, Motorola го објави првиот телефон пред јавноста. Морало да се чекаат 10 години за да се изгради мрежната инфраструктура, со цел телефонот да може да функционира.

На телефонот му требало 10 часа за да се наполни, батеријата траела по 35 минути и чинел колку денешни 10.000 долари.

Првиот смартфон настанал кон средината на 90-те години

Компанијата IBM на 16 август 1994 година, го лансирала Симон, прототип од смартфоните што ги познаваме денес. Уредот имал дисплеј чувствителен на допир и претставува прв телефон со апликации. Чинел само 1.800 долари.

Две години подоцна, во 1996 година, Motorola го претставила првиот телефон на преклопување - Motorola StarTAC. Првиот BlackBerry телефон, моделот 5810, се појавил во 2002 година. Истата година се појави и Nokia 1100, најпродаваниот мобилен телефон на сите времиња. Подоцна во 2004 година, Motorola го претставила познатиот Razr V3 модел на преклоп.

Потоа стигна iPhone

Apple во јуни, 2007 година, целосно го промени светот - го претстави iPhone. Првиот модел е продаден во 6 милиони примероци, а потоа секоја година следувале нови модели. iPhone засекогаш го променил пазарот на смартфони, компјутерската индустрија и целокупниот технолошки свет. Првиот Android телефон, HTC Dream, се појавил во 2008 година, а потоа следувале и останале популарни моделите со овој оперативен систем. 

Заклучок

Денешните телефони се тотално поинаква приказна во споредба со DynaTAC од 10.000 долари, кој се појави во далечната 1983 година. Меѓутоа, развојот и напредокот на мобилните уреди уште не е готов. Според предвидувањата на Светскиот економски форум, првите телефони што ќе бидат вградени во нашите тела, би можеле да се комерцијализираат во 2024 година.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle