iOS 11: Што има ново и како да се инсталира

Објавено на 26.09.2017 во Рецензија


iOS 11: Што има ново и како да се инсталира

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Целосно нов изглед на Control Center;
- Персонализација во Control Center;
- Memories опција со самостојно подобрување на сликите;
- Live Photos со ефекти;
- Подобрувања кај Siri;
- Подобрена Apple Music;
- Подобрено плаќање со Apple Pay;
- Апликации со проширена реалност;

 

Negatives:



Целата рецензија

iOS 11 на 19 септември официјално беше лансиран, најновиот оперативен систем за iPad и iPhone, кој има нов интерфејс и нови алатки. Тој пристигна заедно со новите модели на iPhone 8 и iPhone X, кои беа ексклузивно презентирани на 12 септември.

Список на iPhone и iPad модели што се компатибилни со iOS 11:

- iPad Air 1, iPad Air 2, iPad Pro (12.9, 2015), iPad Pro (9.7), iPad 2017, iPad Pro (10.5), iPad Pro (12.9, 2017)

- iPad mini 2, iPad mini 3, iPad mini 4;;

- iPhone 5s, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone SE, iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X;

- iPod touch (шестата генерација);

Ако вашиот телефон функционираше со iOS 10, тогаш ќе работи и со iOS 11, освен iPhone 5C. Најновиот оперативен систем ги отстранува и 32-битните апликации и телефони. Тоа значи дека апликациите со 32-битна архитектура мора да се апдејтуваат. 

Како да инсталирате iOS 11

Препорачливо е да почекате неколку дена додека не излезе и нова верзија со цел да се отстранат сите багови, кои што би можела да ги содржи првата верзија. Ако не ви се предложи да го инсталирате автоматски, тогаш ќе треба iOS да го надградите на следниот начин.

Препорачливо е да направите бекап на вашиот уред преку iTunes или iCloud пред да го инсталирате новиот оперативен систем, во секој случај да не ви тргне нешто наопаку. Може да одите директно на iOS 11 од вашиот телефон: одете во Settings > General > Software update и iOS 11 автоматски ќе започне со преземањето. Датотеката со iOS 11 има големина од 1.8GB. 

Нов Control Center

Кога ќе повлечете од дното нагоре на интерфејсот на iPhone со новиот OS, ќе забележите целосно нов Control Center. Претходниот формат со два екрана го нема, сега Apple ги стави сите брзи контроли во Control Center на едно место. Изгледа како хаос на прв поглед, но многу е практично и полесно за одбирање. Иконките не се тешки за наоѓање, особено на Plus моделот со поголем дисплеј. Новиот Control Center има нови слајдери за побрзо подесување на светлоста и висината на звукот. Исто како и претходно, може да ја користите 3D Touch технологијата за некои дополнителни функции.

Медиа контролите сега имаат посебно место во Control Center, а може да отворите и повеќе опции з а нив со 3D Touch, или долго притискање на постарите iPhone модели. Со тоа може да смените песна, исто како што можете да ги менувате медиа уредите. Ова е многу корисно ако ви треба да бирате од wireless слушалките или AirPlay уредите.

Предност исто така е што може сами да го уредувате Control Center по своја желба, што значи дека има персонализација со отстранување и додавање на различни кратенки. Ако на пример никогаш не ја користите светилката, едноставно отстранете ја и додадете ги Notes или Voice Memos. Можете исто така да го промените местото на иконките во Control Center, што значи дека можете да ги наместите најчесто користените копчиња одозгора.

Подобрени перформанси на камерата

Сега имате повеќе опции на располагање со iOS 11. Apple го променил режимот за портрети (Portrait mode) во камерата за стабилизација на блиц и сликата, што ќе биде многу корисно за слабо осветлени простории. Девелоперите ќе имаат голема предност со Depth API за креирање на нови филтри, користејќи ја датата од Portrait mode. Apple има и добри вести за зголемена ефикасност за форматите на фајловите (HEIF и HEVC) кај iPhone 7 и поновите модели, со цел да се намали зафатнината на меморијата во вашата галерија.

Апликацијата за фотки сега овозможува трансформација на Live Photos со три ефекти: loop, bounce и long exposure. Првите два ефекта се за повторување на Live Photo, да ги враќаат назад и напред, додека третиот го имитира ефектот на заспивање што го добивате од долгата експозиција на DSLR. Ова се забавни ефекти, иако не се којзнае колку револуционерни. 

Apple сакал да ја направи галеријата со повисока интелигенција, и затоа сега во iOS 11 ја има новата смарт опција Memories, со која ќе се препознаваат различните настани: свадби, годишнини и различни компилации во текот на годината. Галеријата ќе разликува фотографии на кои намигнувате и фотографии на кои се смеете, а уредувањето ќе зависи и од музиката во позадина. Memories ќе ги исправа и закривените фотографии со помош на машинската интелигенција, што е импресивно.

Други подобрувања кај iPhone

Разлистувањето на апликациите во iOS 11 е интересно со тоа што изгледа како да разгледувате картички, App Store и Messages се редизајнирани и сега се слични со Apple Music, и има голем акцент ставено на зголемувањето на текстот и болдирањето на сликите. Искрено, интерфејсот има атрактивен изглед, без разлика на тоа што е малку потсетува на стариот Zune стил на Microsoft. Редизајнот на Messages има големи подобрувања, со тоа што сега можете лесно да скролате преку вашите апликации на долната страна од екранот. Ова е големо подобрување во споредба со претходниот похаотичен интерфејс.

Во App Store отсега може сами да си правите списоци како што се мали артикли за апликации, а Apple ги одделил и игрите и апликациите во различни секции, што може многу да им помогне на луѓето што никогаш не играле игри, со цел да се избегне нередот. Општо ќе ви биде многу полесно да ракувате со апликациите во iOS 11. 

Siri е попаметна оваа година исто така, затоа што звучи поприродно и може да преведува цели реченици на шпански, француски, германски и мандарински јазик. Се разбира, веќе постојат апликации што го прават ова, но одлично е тоа што Siri ги прави преводите беспрекорно. Девелоперите исто така може да ја користат машинската интелигенција на Siri во апликациите. Таа може да пушта музика што вие ја преферирате во Apple Music. Siri сега може да пушта музика и како Ди Џеј, може да и побарате да пушти „тажна музика“ и веднаш ќе ви состави листа со сентиментални песни.

Apple Music сега е повеќе социјализирана со iOS 11. Сега може да ги следите другите корисници и да ги споделувате вашите плејлисти. Овие нешта Spotify ги понуди претходно, но добро е да се знае и дека Apple сега го има ова. 

Со Apple Pay сега можете да испраќате и примате пари преку апликацијата Messages. Платформата ARKit на Apple значи дека ќе можеме да гледаме апликации со проширена реалност. Така на пример Ikea, официјално ја претстави својата апликација, која ќе ви овозможи убав преглед на мебелот во вашиот дом, односно како тој ќе изгледа во вашиот дом. Сето ова може одлично да се набљудува со iPhone 8, а што е уште поимпресивно може да се користи и со iPhone 6S.

Apple додаде и затворена мапа во склоп на Maps апликацијата, исто како и асистенција за време на патувањето. Овие алатки Google Maps ги имаше со години претходно, но еве, убаво е кога iOS станува се покомплетен софтвер за iPhone. iOS 11 може и автоматски да го вклучи "Do Not Disturb" режимот кога ќе детектира дека возите, што е многу корисно за да останете фокусирани на патиштата. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle