„Тајна“ опција на Android за да добивате нови опции

Објавено на 28.09.2017 во Рецензија


„Тајна“ опција на Android за да добивате нови опции

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Со ова влегувате во напредни корисници;
- Први добивате надградби во тест фаза;

 

Negatives:



Целата рецензија

Android е познат по тоа што нуди различни прилагодувања за корисниците, со цел да го уредуваат интерфејсот по свој вкус. За оние што сакаат најмногу да експериментираат, "stock" Android има тајна опција за отварање на дополнителни можности за прилагодување на интерфејсот, а одоздола ви откриваме чекор по чекор како да дојдете до тоа.

„Тајната“ опција System UI Tuner ќе го промени вашиот Android телефон, еве како да ја пронајдете и активирате. Во паѓачкото мени на Android притиснете врз иконката со запчаник и задржете со прстот од 5 до 7 секунди, се додека запчаникот не почне да се врти.

Кога System UI Tuner опцијата ќе се вклучи, ќе ви излезе оваа порака:

Во паѓачкото мени ќе најдете иконка со клуч покрај иконката со запчаникот.

Следното нешто што треба да се направи е да ја отворите System Tuner UI функцијата. Одете во подесувањата (Settings) и пронајдете ја под името "System".

Кога прв пат ќе го отворите System UI Tuner, ќе ви излезе известување што ве предупредува дека некои опции се експериментални и дека можеби нема да функционира како што треба додека официјално не се појават.

System UI Tuner менито изгледа вака:

Од ова мени може да подесувате кои работи ќе се прикажуваат во "Status bar", а една од опциите што можете да ја вклучите е и прикажувањето на процентот на батеријата што преостанал додека таа не се испразни.

Исто така, можете да вклучите да се прикажуваат и секундите на часовникот, освен часот и минутите.

Може да се промени и кои подесувања ќе се наоѓаат во самиот "Status bar".

Најинтересните подесувања се наоѓаат во секцијата "Other", каде е возможно да се промени однесувањето на нотификациите од различни апликации.

Google во System UI Tuner редовно ги додава новите опции со цел да ги тестира пред тие официјално да станат достапни за сите корисници во некои од наредните надградби. Доколку не ви се допаѓаат можностите што ви го нуди ова мени, можете да го исклучите со клик на трите точки и со одбирање на опцијата "Remove from Settings". На тој начин вие секогаш ќе бидете од оние корисници на кои први ќе им се појават новите експериментални опции што се тестираат.

Како ви се допаѓа идејата за да ја активирате опцијата System UI Tuner?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle