Од најевтиното до најдоброто - Рутери за вашите домови и бизниси во Анхоч

Објавено на 02.12.2021 12:03 во Рецензија


Од најевтиното до најдоброто - Рутери за вашите домови и бизниси во Анхоч

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Евтини рутери;
+ Рутери со широк опсег на стабилна и брза мрежа;
+ Рутери за гејмање без паѓање на мрежата и виртуелни апликации;

 

Negatives:



Целата рецензија

Денес не постои дом без рутер. Рутерот е неопходен уред за креирање на безжична мрежа во нашите домови и во нашите канцеларии. Најважното прашање што секој корисник го поставува, кој рутер ќе ми биде најдобар, без да ми паѓа мрежата, а да не е скап? Рутерот наоѓа и деловна примена во случаи кога бизнисмените сакаат стабилна и брза мрежа. Во тој случај може да набавите и моќен Tenda рутер, за што имате голем избор во Анхоч. Гејмерите исто така не треба да се грижат повеќе дали ќе имаат стабилна мрежа кога гејмаат онлајн. Погледнете одоздола шо може да набавите, од најевтиното за секојдневна употреба, до најпрофесионалниот рутер.

Tenda Wireless N Router 300Mbps N301 w/2 Antennas

Ова е најевтиниот рутер на Tenda во Анхоч, кој може да го имате за само 690 денари. Многу едноставен е за инсталирање и лесно се воспоставува мрежа за домашна употреба, доколку не ви е домот преголем. Може да фатите мрежа во стан до 70м2, па и 90м2, во зависност од поставеноста на рутерот, кој најдобро е да го поставите на средината на домот, со цел да може секаде да фаќате мрежа подеднакво.

Целата инсталација може да трае до 1 минута. Функционира на мрежа од 2.412GHz до 2.472GHz и има универзална примена, односно може да се поврзе со било каков интернет.

Tenda Wireless AC MESH Nova MW3 1200Mbps Dual Band Router 3pack

MW3 рутерот има брзина на распределба на безжична мрежа од 1200Mbps со dual band, чиј WiFi систем е дизајниран за домови од 100 до 300㎡. Што добивате со него? Целосна покриеност со WiFi, брза и стабилна интернет конекција. Се разбира, тука имате и други фактори што мора да ги преиспитате пред да ставите интернет, т.е. колкава максимална брзина на интернет ви обезбедува провајдерот и колкава е просечната брзина на интернетот. Тоа може да го проверите на пример на овој линк преку Speed Test, за што имате и апликација на Google Play Store или AppStore.

Пакувањето со три уреди ви обезбедува до 300㎡ опсег на WiFi, додека пакувањето со 2 уреда ви нуди до 200㎡ опсег на WiFi. MW3 има поддршка за автоматско оптимизирање на мрежата и автоматски избор на рутирање, овозможувајќи ви да уживате во постабилна и флексибилна безжична мрежа. Голема преднот кај овој рутер ви е што поседува, Parental Control за да може родителот да контролира кога имате малолетни деца, има мрежа за гости и фирмверот се надградува онлајн. 

Tenda Wireless AC MESH Nova MW12 2100Mbps Gigabit Tri Band Router 3pack

MW12 е целосен Mesh WiFi систем, дизајниран за медиуми, со цел да обезбеди безжична мрежа за големи домаќинства или деловни згради, со широк опсег, без да ја изгубите брзината. Благодарение на Tenda Mesh технологијата, може да креира дистрибуирана мрежа со неколку јазли низ вашиот објект. Имате 3 уреди од MW12, кои може да покријат до 500m2, со целосни гигабитни портови што овозможуваат цврста и стабилна безжична мрежа.

Во уредот имате моќен процесор од 900MHz и голема меморија од 256MB, што ви овозможува да се справите со повеќе уреди поврзани на вашата мрежа. Сите терминали содржат големи брзини со tri-band WiFi истовремено, со ниска латентност за интернет игри, стримање без проблем за 4K видеа и VR HD апликации. Може да го инсталирате без да мора да го приклучите со кабел и овозможува автоматско вмрежување или рачно додавање на мрежи. Со широк опсег во вашиот дом или деловен објект, MW12 креира брза мрежа и интелигентен Mesh WiFi систем. За повеќе информации за MW12, може да ја посетите официјалната веб-страница на Анхоч. 

Сите Tеnda рутери на Анхоч може да ги разгледате на овој линк. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.