Сите тајни на Face ID на iPhone X

Објавено на 29.09.2017 во Рецензија


Сите тајни на Face ID на iPhone X

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Врвна безбедност

- Огромна иновација

 

Negatives:

 

- iPhone X се уште не е достапен



Целата рецензија

Apple вложи големи напори да создаде иновативен смартфон кој ќе располага со технологии на врвно ниво и ќе се разликува од своите конкуренти со неколку клучни иновации. Меѓу нив дефинитивно меѓу главните адути е Face ID камера скенерот кој ветува драстично подобрување на безбедноста на корисникот и функционира како од научно-фантастичните филмови. Бидејќи iPhone X е се уште далеку од пуштање во продажба останува корисниците да бидат подготвени за тоа што ги очекува со новооткриените тајни на Face ID и начинот на кој ќе функционира, па затоа решивме да ви ги пренесеме.

Безбедност

Идејата на Face ID е да обезбеди дополнително ниво на сигурност за корисникот и спречување на неовластено користење на iPhone X од страна на трети лица. Додека TouchID со скенерот за отпечатоци нудеше одлична заштита сепак, имаше одредени нејаснотии за тоа дали некој може да ги излаже сензорите со 3D испечатен отпечаток од прст. 

Со Face ID драстично се зголемува безбедноста и воведени се неколку механизми кои спречуваат злоупотреби. Една од нив е потребата Face ID да функционира со директно гледање со очите во камерата. Така ако некој сака да ве присили и да го насочи вашето лице кон смартфонот ќе се активира заштитата доколку го тргнете погледот. Исто така на пример додека спиете не може некој да го отклучи iPhone X само ако го впери смартфонот кон вашето лице. 

Face ID нема да го активира смартфонот доколку е штотуку вклучен или рестартиран, ако не е отклучен во последните 48 часа, доколку паскодот не е искористен во последните 156 часа, доколу уредот добил команда за заклучување од далечина, смартфонот исто така ќе се блокира по 5 неуспешни обиди за скенирање и при активирање на итниот СОС повик. 
Face ID има TrueDepth скенер во камерата која детектира карактеристики на лицето со 30.000 инфраред точки и создава повеќе секвенци во 2D. Потоа податоците ги испраќа до Secure Enclave каде ги складира. Доколку цртите на лицето на корисникот со текот на времето се променат, така и Face ID ќе ги детектира со време и успешно ќе го отклучи iPhone X. 

Потенцијални безбедносни ризици кај Face ID за iPhone X е отклучување на смартфонот од страна на близнак, додека пак кај деца под 13 години безбедносната граница е помала. Исто така постои можност дека 1 во милион луѓе личи на вас и дека истиот ќе може да го отклучи смартфонот со скенирање на неговото лице, но тоа е веќе сценарио за научна фантастика.

Работа со апликации

Face ID ќе функционира поеднакво добро како и Touch ID скенерот, па така ќе може да се користи за авторизација на онлајн мобилни трансакции со пари. За таа цел корисникот ќе треба два пати да го притисне страничното физичко копче со што ќе ја одобри мобилната трансакции преку Apple Pay или некоја друга форма на мобилно плаќање. Исто така со Face ID ќе може да се активираат одредени безбедносни функции на други апликации, а се најавува и отвореност за програмерите за развој на нови апликации кои ќе може да го користат скенерот со точно утврдени правила.

Што се регистрира Face ID?

Face ID за тие што се грижат за својата приватност користи енкрипција на податоци кои се сигурни, а исто така не чува копии од слики од вашето лице. Секое скенирање се претвора во математичка комбинација која потоа се софпаѓа со регистрираниот податок, додека пак сликите веднаш се бришат и не се складираат. Единствено слики се испраќаат кога корисникот сака да изврши дијагноза на Face ID за да се осигура дека се работи како што треба, но испраќањето на податоци самиот го одобрува и селектира која слика ќе биде испратена како примерок. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle