Зошто треба да му се даде шанса на Firefox Quantum?

Објавено на 30.09.2017 во Рецензија


Зошто треба да му се даде шанса на Firefox Quantum?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Двојно поголема брзина

- Нов интерфејс

- Користи помалку RAM

 

Negatives:

 

- Се уште е во бета фаза



Целата рецензија

Непрофитната организација Mozila повторно го врати својот фокус на развој на интернет прелистувачот Firefox кој во последните години значително заостана зад Google Chrome и Safari и додека кон крајот на првата деценија од новата ера беше меѓу топ конкурентите потоа отиде речиси во заборав како и Internet Explorer, Opera и останатите помали  „браусери“. Сега, Mozila лансираше нова бета верзија на Firefox 57 популарно наречена Firefox Quantum која е достапна како за тестирање, така и за деволоперите и уште од старт прикажува одлични резултати. Chrome за десктоп и смартфон веќе е монопол со тоа што единствено Safari одржува балан на iOs и MacOS мобилните и декстоп системите на Apple, но можеби време да се размисли за употреба на старо-нов интернет прелистувач.

Брзина

Брзината која Firefox Quantum ја прикажа уште во првата бета фаза покажува дека новата верзија на интернет прелистувачот ќе биде рамо до рамо со Chrome, а во одредени елементи дури ќе прикаже и подобри резултат. Firefox Quantum во директната споредба за нијанса е побрз од Chrome при отворање на интернет пребарувачи и сајтови со тешка мултимедија, но за некоја секунда заостанува кај сајтовите со сервиси и функционалности. Quantum се базира на ескпериментот Servo на Mozila кој требаше да донесе развој на интернет прелистувачот но, никогаш не беше замислен како независен самостоен проект. Servo кој прерасна во Quantum надградбата е целосно кодиран во Rust програмскиот јазик на Mozila специјално „измислен“ за ваков вид на софтвер што сега се покажува како паметна одлука. 

Мултитаскинг

Со измените Firefox Quantum може целосно да ги искористи потенцијалите на сите јадра на процесорот како и на CSS енџинот од што најмногу зависи самата брзина на отворање на веб страна. Вториот голем бенефит е што Firefox Quantum користи помалку RAM меморија со што се ослободува машината од тежок мултитаскинг и ресурсите може да се распределат за другите задачи на корисникот, на пример за новинари истовремено користење на веб страни, програма за пишување текстови како Office Word, едитор за слики и други алатки. Firefox Quantum за професионалци би играл значајна улога бидејќи со солидни веб перформанси ќе може да се фокусираат на останатите софтверски програми кои им се неопходни за извршување на секојдневните задачи.

Интерфејс

Прегледноста и едноставноста на интерфејсот отсекогаш биле главните адути на Chrome покрај самата брзина на отворање на веб страни и интеграцијата со Google сервисите. Затоа и Mozila посвети внимание на дизајнот на Firefox Quantum со подобар изглед на табовите без овални форми, лентата со контроли на левата страна добро е вклопена, во средината се наоѓа лената за пребарување и внес на адреси, а десно се наоѓаат контролите за главните функции. Менито е многу слично на Chrome со тоа што има опција за враќање на претходната сесија, како и неколку додатоци за работа и прилагодување кои ги нема кај прелистувачот на Chrome. Во алатките ќе најдете и копче за скриншот, како и посебен режим за читање на текст без дополнителните елементи. 

Завршни зборови

Firefox 57 ќе треба да почекаме како ќе функционира како стабилна, а не само како бета верзија па тогаш можеби полесно ќе биде да му дадеме шанса во однос на Chrome. Секогаш интернет прелистувачот бил одраз на личните преференци на корисникот па затоа и многумина не се откажуваа од очајниот Internet Explorer со години. Така ако сте поранешен фан на Mozila можеби Quantom повторно ќе ве воодушеви, а сигурно и тие што се незадоволни од претераната употреба на RAM меморија од Chrome ќе размислат да му дадат шанса на обновениот интернет прелистувач.

Финалната верзија на Firefox 57 со Quantum надградбата целосно за употреба ќе биде лансирана на 14 ноември и секако ќе биде бесплатна за користење.

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle