Instagram работи на интеграција на NFT за да бидат достапни за публиката

Објавено на 31.12.2021 09:23 во Рецензија


Instagram работи на интеграција на NFT за да бидат достапни за публиката

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Уникатна дигитална сопственост со висока заработка;
+ NFT достапно за сите преку Instagram;

 

Negatives:



Целата рецензија

Instagram наскоро ќе се придружи на својата матична компанија Meta во настојување целосно да нурне во метавселената. За почеток тоа ќе го направи така што во платформата ќе интегрира таканаречени NFT токени, односно незаменливи токени. 

Шефот на Instagram, Адам Мосери, тврди дека компанијата работи на функции што се дизајнирани за воведување на NFT на таа социјална мрежа, со цел да станат достапни за нивните корисници. 

NFT се единствениот дигитален имот, кој е клуч за отварање на метавселената, со оглед на тоа што се пренесува сопствеништво внатре во дигиталното опкружување, и покрај тоа што модерната уметност и видео колекционерските предмети се многу популарни.

„Немаме уште ништо за најава, но активно го истражуваме NFT, со цел да го направиме повеќе достапен за пошироката публика“, напишал Мосери во објавата на Instagram.

Мосери смета дека NFT технологијата е интересна за околината за експериментирање, во која луѓето може да играат и заработуваат, но истовремено да им помогнат и на уметниците да се занимаваат со уметност и солидно да заработуваат од тоа.

Да потсетиме, NFT е дигитален имот што се тргува преку интернет и често се комбинираат со криптовалутите, затоа што нивниот запис се наоѓа на блокчејн. Во 2021 година, интересот за NFT едноставно се дигна до небото.

Мосери не појаснува на што точно мисли во својата објава, но се чини дека Instagram би можел да им овозможи на своите корисници алатки за презентација на NFT, кои создаваат NFT или ги следат своите омилени NFT уметници.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.