Споредба за неодлучни: iPhone 8 (Plus) или iPhone X

Објавено на 08.10.2017 во Рецензија


Споредба за неодлучни: iPhone 8 (Plus) или iPhone X

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.5


Камера
10.0


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- iPhone 7/7 Plus има иста футрола со iPhone 8/8 Plus;
- iPhone 8 има пониска цена од iPhone X;
- iPhone 8 има речиси идентична камера со iPhone X;
- Двата модела имаат безжично и брзо полнење;

 

Negatives:



Целата рецензија

Љубителите на Apple имаат избор да купат три категории на iPhone телефони, класичната серија, Plus серијата и новата SE серија. Сите се разликуваат по екранот и евентуално по камерата или перформансите. На пример, Plus моделот има две задни камери, а од оваа година изборот е уште поголем, оти Apple ја претстави неочекуваната десетка, односно јубилејниот iPhone X. Сите се согласуваат дека iPhone 8 и 8 Plus се одлични премиум смартфони, но ексклузивниот модел iPhone X има повеќе новитети и затоа е поскап. Основниот модел е 999 долари, а имате и поскапа верзија со повеќе меморија.

Ако размислувате дали да купите iPhone 8 или iPhone 10, ви ги образложуваме сите фактори:

- Имаат ист процесор. Ако мислите дека со купувањето на поскапиот телефон ќе добиете подобар и побрз процесор, не сте во право. Двата модела на iPhone 8 го користат истиот процесо како и iPhone X – A11 Bionic чип со M11 ко-процесор, невронска машина, која се базира на сличен принцип како невроните во човечкиот мозок. Единствената разлика е што во десетката овие модели се користат и за Face ID, систем за препознавање на лицето, кој iPhone 8 и 8 Plus го немаат. Нема разлика во оперативниот систем и сите телефони го поседуваат iOS 11.

- Touch ID е докажан, а Face ID се уште не е. Корисниците со текот на годините се навикнаа на сензорот на Apple за отисоци на прсти со кои може да го отклучат телефонот, да го користат наместо класични лозинки и преку него да го потврдат плаќањето преку Apple Pay. Ова е веќе докажана технологија, додека допрва треба да видиме како Face ID ќе се покаже во пракса кога ќе го употребуваат милиони корисници. Како и да е, иновацијата се цени и тоа многу.

- Безжично полнење. Еден од новитетите претставен на конференцијата во септември беше безжично и брзо полнење на батеријата. Новитетот е достапен на iPhone X и осмиците, што значи дека ако сакате iPhone со безжично и брзо полнење, може да го купите и поевтиниот телефон на Apple. Во секој случај сметајте на дополнителни трошоци, затоа што ќе мора да купите кабел за брзо полнење и подлога за безжично полнење.

- iPhone 8 Plus и X имаат речиси идентични задни камери. Со тестирањето на iPhone 8 Plus се утврдува дека ова е телефон со веројатно најдобрата камера на светот, а имајќи го предвид тоа што имаат идентични камери со iPhone X, а камерата ви е најважна за вашиот iPhone, тогаш не мора да го купувате поскапиот модел.

- Слични предни камери. На хартија, камерите на сите нови телефони имаат сензор од 7MP, f2/2 отвор на блендата и видеа со 1080 пиксели. Десетката сепак има повеќе опции како што се Portrait Mode и Animoji, што за повеќето луѓе не би требало да бидат пресудни кога ќе купуваат телефон.

- Цена. Се претпоставува дека пресудната одлука за купување на телефонот за многумина ќе биде цената: iPhone 8 чини 700 долари, 8 Plus е 800 долари, а iPhone X 999 долари. Станува збор за цената само за уредот, но ако склучите договор со операторите, тогаш дефинитивно ќе ви биде поевтино.

- Футрола. Корисниците што имаат iPhone 7/7 Plus ќе може да ја користат истата футрола и за iPhone 8/8 Plus. Се разбира, ова не е многу важен фактор, но вреди да се спомне, оти некои футроли се многу скапи, што е дополнителен трошок.

Заклучок

iPhone 8 и 8 Plus се веќе достапни, продажбата веќе започна, додека продажбата на X моделот е најавена за почетокот на ноември. Треба да се има во предвид и дека побарувачката за овој модел ќе биде многу голема, така што, побрзајте и не чекајте многу време. Што велите?

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle