Криптокралот не е толку познат за јавноста, побогат е од Гејтс и Цукерберг

Објавено на 14.01.2022 11:43 во Рецензија


Криптокралот не е толку познат за јавноста, побогат е од Гејтс и Цукерберг

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Лесно збогатување со криптовалути;
+ Нова ера на пазарот на пари;

 

Negatives:



Целата рецензија

Во текот на својата младост помината во Канада, Чангпенг  Жао, познат по иницијалите CZ, порано работел во McDonald`s со цел финансиски да помогне во својот дом. Студирал компјутерски науки на Универзитетот МекГил, по што се вработил на токиската берза, на која што работел на софтвер за тргување со акции, а работел и за Bloomberg. 

Моментот што му го променил животот, била една партија покер на која што учествувал пред осум години. Иако не е познато како поминал во таа партија на игри, за време на игрите открил за Bitcoin.

На оваа криптовалута многумина се збогатиле, а благодарение на крипто, тој денес е една од најбогатите личности во светот. Тој не постигнал ништо со купувањето на оваа криптовалута, иако на Bitcoin свртел милијарди, туку со свртувањето на берзата за тргување со криптовалути - Binance.

Според последниот индекс за милијардери што редовно го објавува Bloomberg, неговата вредност изнесува најмалку 96 милијарди долари, што го става на 11-то место на списокот со најбогати луѓе на светот. Неговото богатство би можело да биде многу поголемо, но невозможно е да се пресмета. Богатството што го пресметале Bloomberg се однесува само за удел во Binance, а во него не е пресметана вредноста што ја поседува во bitcoin и binance coin, криптовалутите на неговата берза.

Треба да се нагласи дека не е познато за колкави цифри се работи, но на Fortune велат дека вкупното богатство на Жао би можело да биде поголемо и од богатството на Бил Гејтс и Марк Цукерберг. Гејтс е на четвртото место на најбогатите луѓе на светот со 135 милијарди долари и Цукерберг, кој се наоѓа на петтото место и тежи 124 милијарди долари.

Освен него, во клубот на крипто милијардери се наоѓа и Виталик Бутерин, кој е заслужен за Ethereum и основачот на Coinbase, Брајан Армстронг.

После објавата на списокот на богати луѓе на Bloomberg, Жао напишал неколку објави на Twitter, а меѓу нив порачал и дека на местото на список со богаташи, би требало да објави список со хуманитарни и филантропски активности.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.