Huawei Watch GT 3: Совршена елеганција и издржливост под вода

Објавено на 24.01.2022 11:51 во Рецензија


Huawei Watch GT 3: Совршена елеганција и издржливост под вода

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ AMOLED дисплеј;
+ Стаклена предна површина;
+ Елегантен дизајн;
+ HarmonyOS;
+ Широки можности за мерење на различни параметри;
+ Bluetooth конекција;
+ Безжично полнење;
+ Водоотпорност и опција за сушење кога излегувате од базен;
+ Можност за примање на повици и директен разговор со квалитет на звук;
+ Долготрајна батерија;
+ Ниска цена;

 

Negatives:

- Нема камера;



Целата рецензија

Huawei во последните години вложи големи напори за да влезе во рингот со свои смартчасовници во борба со најголемите. Уште од самиот почеток часовниците беа со спортски изглед, додека последниот Huawei Watch GT 3 се одликува со доза на елеганција. 

Дизајн и екран

На тестирање ја земавме верзијата со 42мм, се работи за метален ремен, исклучително удобен за носење, затоа што нема класични копчиња, туку се зацврстува со два моќни магнета. Без гајле, нема да ви падне од рацете, само што може да го привлече некој метал, доколку ја доближите раката до него. Има дискретен и елегантен дизајн, изгледа одлично. Предниот екран е AMOLED со големина од 1,32-инчи и доволно е голем за да можете без проблеми да ја прочитате пораката што сте ја примале и да одговорите со некоја од однапред дефинираните пораки, може да проверите кој ви се јавува и веднаш да се јавите, но и да уживате со бројните можности што ги нуди.

Интерфејс и апликации

Корисниците имаат различни лица на располагање за часовникот, така што може да се прилагоди кон сечиј вкус и расположение. Часовникот има опција за инсталација на дополнителни апликации од AppGallery, така што ако не можете да пронајдете се што ве интересира, слободно побарајте дополнителна апликација во галеријата. Dolce Gusto timer апликацијата го мери времето потребно за спремање на кафе со Dolce Gusto апарати, со цел да биде совршено кафето, Nextbike апликацијата ќе ви послужи за изнајмување на велосипед, но и многу апликации за учење на странските јазици, медитација, па дури и примање на известувања за земјотреси во близина.

Дури и да не инсталирате ниту една дополнителна апликација, она што ви го нуди часовникот е повеќе од доволно. Имате опција за следење на отчукувања на срцето, количина на кислород во крвта, количина на стрес, апликација за правилно дишење, следење на спиењето, следење на временска прогноза, примање и воспоставување на повици, слушање на музика, итн.

Во секоја нова верзија на часовник, Huawei придава особено внимание на вежбањето и спортот и ги надградува постоечките поставки со нови. Иста е ситуацијата и со Watch GT 3, имате на располагање буквално „тренер“. Треба само да одберете со кој спорт се занимавате и кој интензитет на тренирање го сакате, па веднаш почнувате. Часовникот ја следи вашата активност, ве предупредува ако претерате и редовно ве известува како напредувате. Го тестиравме во базен и го преживеа пливањето од неколку часа без проблем, дури имате и информација колку време пливате. Кога ќе излезете од вода, вклучете ја опцијата Drain за да ја исфрлите заостанатата вода од куќиштето.

Она што мора да го истакнеме е дека часовникот е компатибилен со сите Android уреди и покрај тоа што го користи оперативниот систем на Huawei - HarmonyOS. За управување со часовникот и сите дополнителни статистики, мора да ја преземете апликацијата Huawei Health

Управувањето со апликациите и нивното избирање е многу едноставно благодарение на комбинацијата од тркалцето и копчето што се наоѓаат од десната страна на часовникот. Тркалцето овозможува и зумирање и полесен избор на апликации, што е многу удобно кога користиме ракавици во текот на зимата.

За примање на повици треба да го поврзете часовникот со вашиот смартфон и да биде секогаш во негова близина. Звучникот и микрофонот се вградени во часовникот и одлично функционираат. Соговорникот лесно може да го разберете и без да го ставате часовникот на уво, а тој исто така убаво слуша на отприлика 1 метро оддалеченост од устата.

Батерија

Часовникот се полни по безжичен пат, што значи дека може да го полните со помош на приложениот диск за полнење или пак со ставање на било кој смарт уред, т.е. полнач, со поддршка за безжично полнење на друг уред. Часовникот може да се полни и од Samsung смартфон и од Huawei смартфон. Батеријата ќе трае до 7 дена, во зависност како го користите. Може да трае и помалку доколку постојано го користите. 

Заклучок

Huawei завршил одлична работа со овој смартчасовник, кој е вистинско олицетворение на елеганција, издржливост, ги има сите потребни функции и неговата привлечност. Huawei Watch GT 3 42мм е достапен за цена од околу 300 евра, што навистина не е превисока цена за сите овие моќни перформанси. Ако сакате издржлив часовник што може да се поврзе и со Android смартфон, тогаш ова е вашиот избор. Healthy Living апликацијата може да ве потсетува кога треба да пиете вода, да се движите, да одите на спиење, и така натаму. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.