Шефот на Airbnb ќе биде дигитален номад: Постојано ќе патува и ќе живее на различни места

Објавено на 28.01.2022 07:31 во Рецензија


Шефот на Airbnb ќе биде дигитален номад: Постојано ќе патува и ќе живее на различни места

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Можност за работа од далечина;
+ Лесно наоѓање на краткорочно сместување преку Airbnb;

 

Negatives:



Целата рецензија

Извршниот директор на Airbnb, Брајан Чески верува дека пандемијата овозможила најголема промена поврзана со патувањата уште од почетокот на комерцијалните летови. Притоа се мисли на оддалечена работа и бројни вработени ги заменија своите канцеларии не само со уреди во своите домови, туку многумина се преселија во нови градови и држави, каде што сега работат, а некои одлучиле да тргнат по патиштата на дигиталните номади и постојано ја менуваат локацијата во која живеат и работат.

По тие патишта сега ќе тргне и самиот Чески, кој на Twitter најави дека оваа недела почнува „да живее на Airbnb“. На секои неколку недели ќе го менува градот во кој што ќе живее и работи, а се разбира тоа сместување ќе го пронајде на Airbnb. Верува дека тоа искуство ќе му биде забавно, но би можело да помогне и да се подобри искуството за сите корисници и платформите за барање на сместување.

Со пандемијата значително порасна и долгорочниот наем, па така во периодот од јули до септември, 2021 година, околу 20% од корисниците го резервирале сместувањето на време од еден месец или подолго, додека речиси половина од резервациите се однесувале за сместување во траење од најмалку една недела.

Минатата година околу 100 илјади гости престојувале во истото сместување преку Airbnb, во рок од 3 месеци или подолго и сите спомнати цифри се многу поголеми во споредба со периодот пред пандемијата, кога престојувањето на гости на исто место беше многу пократко.

Чески верува дека таквите цифри ќе продолжат и во текот на оваа година. Посебно ги спомнува и дигиталните номади, кои исто така своето сместување често го бараат преку Airbnb, а за кои бројни држави ќе се борат и ќе се обидат да ги привлечат. Во таа насока оди и политиката на Airbnb, кој на вработените им овозможува флексибилност, така што сите оние што тоа го сакаат, ќе може долготрајно да работат од дома или од кое место во светот ќе посакаат.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.