Honor 50 Lite има одлична цена и супер-брзо полнење

Објавено на 29.01.2022 07:30 во Рецензија


Honor 50 Lite има одлична цена и супер-брзо полнење

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.5


Цена
10.0


Камера
9.7


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

+ Голем и солиден екран;
+ Можност за играње на игри;
+ Ниска цена;
+ Добра камера на дневна светлина;
+ Влез за две СИМ картички;
+ Гратис силиконска футрола;

 

Negatives:

- Слаб процесор;
- Нема поддршка за 5G технологија;



Целата рецензија

Honor 50 Lite е евтина верзија на Honor 50, кој е наменет за оние што бараат ценовно прифатлив смартфон, со доволно добри перформанси. Цената на овој телефон изнесува околу 150 евра. Важно е да нагласиме дека овој смартфон има поддршка за сите Google сервиси, исто како и останатите класични Android телефони. Google Play Store е инсталиран, онлајн продавницата од која што може да преземете бројни апликации за Android, инсталирани се Gmail, YouTube и останатите Google апликации.

Процесорот како послаба страна

Дизајнот на Honor 50 lite е супер со голем екран што се простира до самите рабови, чија хомогеност ја нарушува малата дупка во екранот, поставена во горниот лев агол, во кого е сместена камерата за селфи сликите. Дијагоналата на екранот изнесува 6,67 инчи, при што станува збор за LCD и фреквенција на освежување од 60Hz. Приказот на големиот екран е добар, иако скролањето не е секогаш флуидно, особено на страниците со повеќе елементи. Општиот впечаток за екранот ни е солиден.

Перформансите на телефонот не се максимални, затоа што станува збор за Snapdragon 662 процесор, кој со својата брзина не може да не воодушеви, особено корисниците навикнати на посилни телефони, кои што апликациите ги покренуваат инстантно. При секојдневното користење, послабиот процесор не влијае премногу врз искуството за користење, но добивме впечаток дека тоа е најслабата страна на овој уред.

Ако ги играте PUBG и Call of Duty, со кои што овој чипсет нема некои големи проблеми, но трките како што се Forza Street се покажале како голем предизвик, со повремени забрзувања и забавувања. Овој модел има 6GB RAM + 128GB ROM меморија, при што треба да се нагласи дека на телефонот нема влез за мемориска картичка, па така корисниците се ограничени на внатрешна меморија и евентуално на cloud меморија.

Камера

Погледот на задниот дел на телефонот открива кружен модул, каде што се сместени четири камери, додека лед блицот е поставен надвор од кругот, во горниот лев агол. Резолуцијата на главната камера, која што корисниците и најчесто ќе ја користат, изнесува 64MP и со неа ќе може да се снимаат прилично квалитетни фотографии, на кои што, нема да имате никакви приговори, особено на дневна светлина. Со ноќните фотографии ситуацијата е поинаква, но со доволно прецизност и да не мрдате со раката, ќе може да креирате прилично добри ноќни фотографии со Honor.

Останатите камери во кружниот модул се широкоаголната камера од 8MP, плус 2MP макро камера и 2MP длабочински сензор. 

Многу брзо полнење

Капацитетот на батеријата изнесува 4300mAh, која може да издржи цел ден, а понекогаш и подолго. Она што посебно ни се допаѓа кај Honor 50 Lite е полначот. Имате полнач од 66W во пакувањето, што значи дека батеријата може многу брзо да се наполни. После само 20 минути од полнењето, веќе била на 70% капацитет, додека до 100% му требале 35 минути. Тоа е фантастично.

Оние што бараат уред за уживање во мултимедија, ќе бидат задоволни со големиот екран, но не толку и со еден звучник, чиј квалитет не бил на висина, па така за подобар впечаток секако е препорачливо да се користат слушалки. Honor 50 Lite се испорачува со Android 11 и Honor Magic UI кориснички интерфејс. Има влез за две СИМ картички, но нема поддршка за 5G технологија. Може да го отклучите со лицето, како и со сензорот за отпечатоци на прсти, сместен на десната страна на уредот, интегриран во типката за вклучување на телефонот. Треба да спомнеме и дека во пакувањето има силиконска маска гратис, што значи дека сте обезбедени со основната футрола, додека да ја најдете вашата омилена и компатибилна заштита.

За кого е наменет овој телефон

Honor 50 Lite ќе ги пронајде своите купувачи што сакаат да потрошат до 150 евра најмногу. Конкуренцијата е силна, но цената на овој смартфон е дефинитивно привлечна. Дизајнот е дефинитивно допадлив, имате добар приказ на сликите и батеријата е дефинитивно одлична и нејзиното брзо полнење.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.