Кина воведува строги казни против deepfake технологијата

Објавено на 15.02.2022 07:30 во Рецензија


Кина воведува строги казни против deepfake технологијата

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Deepfake технологијата е зачудувачки усовршена;
+ Deepfake технологијата може лесно да се препознае по очите или според мрдањето на устата;

 

Negatives:

- Deepfake технологијата може лесно да се злоупотреби;



Целата рецензија

Кина воведува строги правила за deepfake технологија, сака да поттикне социјалистички вредности. Државата ги објави своите планови за контрола при користење на технологијата за вештачка интелигенција (AI) за проверка на идентитетот на граѓаните. Кинеските власти предложиле предлог правила за сузбивање на ширење на deepfake технологијата на неколку платформи.

Кинеското регулаторно тело исто така сакало да промовира кинески социјалистички вредности, како дел од намалувањето на технологијата што би можела да го поремети кибернетскиот простор. Компаниите што се потпираат на deepfake технологијата како услуга, ќе мора да поминат преку строга проверка.

Тој процес ќе вклучува и потврдување на идентитетите на луѓето. После минувањето на овој тест, би можеле да добијат зелено светло за користење на своите производи. Кинеските власти очекуваат корпорациите да се држат до поттикнување на општествениот морал и етиката.

Кина ќе се позанимава со контрола на алгоритмот, со цел за секој корисник да добие повеќе препораки. Кинеската управа за кибернетски простор (CA) наведува во своите документи дека алгоритмите што генерираат слики, исечоци, аудио записи и друго, дополнително ќе мора да поминат преку евалуација.

Нови правила за deepfake технологијата

Deepfake технологијата е навистина нешто неверојатно, но сепак ги вознемирува луѓето со својата моќ, како може да имитира луѓе и движења, како да изгледаат вистински да се тие самите. Во одредени случаи тоа може да значи и лажирање на одреден идентитет за злонамерни нешта, како што е ширењето на дезинформации.

„Кога провајдерот на услуга овозможува знајачни функции за уредување на биометриски податоци како што се лицето и човечкиот глас, тоа ќе го поттикне провајдерот да го извести корисникот и да добие индивидуална согласност од субјектот чии лични податоци се уредиваат“, пишува во предлогот на член 12., пренесува Strait Times.

Оние што прв пат ги прекршуваат правилата и не се придржуваат до правилата ќе бидат казнети од 1.600 до 16.000 долари. Идните санкции за оние што овозможуваат deepfake услуга би можеле да значат и казнен или граѓански прогон. Со цел да се спречи злоупотреба на deepfake технологијата, треба да постои наменски систем за поплаки. Како таква, одлуката ќе остане на продавниците за апликации, дали тие ќе сакаат да ги спречат провајдерите на deepfake технологијата.

Како да разликувате deepfake од реална личност?

Според експертите, deepfake лицата од реалните лица можеме да ги разликуваме преку очите. Само подобро треба да ги разгледате нивните рожници и да побарате осветлвуање во таа област на очите.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.