Како да се откачите конечно од Yahoo

Објавено на 31.10.2017 во Рецензија


Како да се откачите конечно од Yahoo

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Корисни алатки за трансфер на мејл профилот од Yahoo

 

Negatives:



Целата рецензија

Мејл сервисот на Yahoo одамна не е тоа што некогаш беше, ниту од безбедносен аспект, ниту пак од функционален аспект со бројни новитети кои не донесоа квалитетни промени за корисниците и со се послабата и побавна услуга во споредба со конкуренти како Gmail, Outlook или останатите мејл сервиси. Една од главните причини зошто корисниците на Yahoo треба да размислуваат за промени е пробивот на личните податоци, загрозување на приватноста и потенцијални сајбер закани по безбедноста на корисниците. 

Затоа ви нудиме совети како конечно да се ослободите од старата мејл адреса на Yahoo и да започнете нешто ново со различен меј сервис кој е побезбеден, побрз, попрегледен со повеќе функционалности и заштита на податоците, како и одлична синхронизација со останати организациски и комуникациски алатки.

Пренос на контакти

Речиси сите позначајни мејл сервиси како Gmail или Outlook ја поседуваат опцијата за импортирање на сите вашите контакти од претходната мејл адреса која сте ја користеле на конкурентетн сервис. Тоа е одличен чекор доколку отварате сосема нов мејл адреса па така нема стартувате од нула, односно од веќе постоечкиот акаунт ќе ги префрлите како најзначајните пораки и фајлови, така и контакт листата која исто така е многу значајна за побрза комуникација. Секако, доколку веќе имате посебен или резервен акаунт кој не е на Yahoo со импортирање на контактите и нивно синхронизирање од Yahoo на акаунтот што планирате следен да го користите како примарен со еден чекор ќе ја завршите цела работа.

Декстоп клиенти

Сите контакти кои ви се поврзани со декстоп клиенти за бележење на контакти и поврзани настани  како именици и календари исто така може да ги синхронизирате од претходно користениот Yahoo профил со давање дозвола за преземање на новиот сервис по ваш избор. 

Направете бекап

Кога вршите пренос на податоци од еден профил на друг секогаш е паметно да направите и „тврда“ копија, односно сите податоци да ги симнете и да ги сочувате на USB, хард дискот, ЦД или пак на некој виртуелен диск како Google Drive и OneDrive. MailStore Home e само еден од многуте ефикасни и бесплатни софтвери со кој ќе може да ги симнете сите податоци, па дури и тие постарите на профилот и потоа со нив да располагате од било кое дигитално место.

Не го заборавајте Flickr

Штом веќе сте решиле да се ослободите од Yahoo профилот и повеќе да не го користите последен чекор кој не треба да го заборавите е да ги сочувате и податоците од Flick сервисот кој се користи за споделување на слики. За Yahoo и Flickr бидејќи се дел од иста групација важат истите информации за логирање, па доколку ја укинете мејл корисничката сметка ќе го поништете и Flickr профилот. Затоа претходно симнете ги сите слики кои ги имате аплоадирано на Flickr, направете zip фајл и закачете ги на Google Photos или било кој друг виртуелен склад за слики.

Кој е вашиот впечаток за Yahoo, дали по хакирањето на речиси 3 милијарди корисници и натаму имате доверба да го употребувате и дали размислувате која е негова најдобра замена?

Автор: Христијан Станоевиќ
 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm