Honor 50: Атрактивен дизајн и ултра-брзо полнење

Објавено на 23.02.2022 07:30 во Рецензија


Honor 50: Атрактивен дизајн и ултра-брзо полнење

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Одличен и голем OLED екран со 120Hz;
+ Брзи перформанси за безгрижно играње игри;
+ Опција за читање на е-книги;
+ Подесување на фреквенцијата на екранот;
+ 5G брзини за сурфање;
+ Голема меморија;
+ Прифатлива цена;
+ USB-C слушалки гратис;
+ Одлична камера;

 

Negatives:

- Нема безжично полнење;
 



Целата рецензија

Honor 50 пристигнува со одличен екран и брз полнач, но го има и она најважното, поддршка за сервисите на Google. Honor овозможува комбинација од квалитет и прифатлива цена, но кога трамп го покажа прстот надолу за Huawei и забрани користење на американска технологија, тоа значеше и забрана за користење на сервисите на Google, што значи дека и Honor спаѓа тука во колатералната штета.

Откако Huawei го продаде Honor, компанијата сега е спремна за големиот камбек. Она што е најважно сега е дека на нивните телефони ќе може да ги користат услугите на Google, како и на останатите Android телефони. Ќе може да ги користат Gmail, YouTube, Google Maps, Google Play Store и други апликации на Google, без кои денес е невозможно да се замисли дигиталниот живот.

Средна класа

Смартфонот со кого Honor се враќа во игра е Honor 50, модел од средната класа, кој привлекува внимание со атрактивниот дизајн и издржливиот хардвер. Првото нешто што го забележувате се заоблените рабови. Honor завршил одлична работа со овој модел, при што со секојдневното користење немавме никакви проблеми како што е случајното допирање на страните на екранот.

Екран

Дијагоналата на екранот изнесува 6,57 инчи, со резолуција од 2340x1080 пиксели и OLED екран со одличен приказ на бои, на чиј врв се наоѓа мала дупка, во која е сместена камерата за селфи. Фреквенцијата за освежување на екранот изнесува 120Hz, што придонесува за флуидноста и брзото скролање на интернет страниците. Целокупниот впечаток на екранот е навистина одличен.

Имате и специјален модул за читање на e-книги, во кои што приказот на екранот се прилагодува кон читањето, како и можноста за промена на фреквенцијата за освежвуање на екранот, може да да биде стандардна (60Hz), висока или динамична, со што телефонот сам комбинира од максимална до ниска фреквенција на освежување. Со тоа се штеди и батеријата.

Хардвер

Honor 50 не доаѓа со најмоќниот хардвер, но вградениот Snapdragon 778G процесор, одлично ја извршува својата работа. Во текот на тестирањето немаше никакви проблеми со работата. Апликацијата отвара и префрла брзо, без заостанувања, а работата внатре во самите апликации е флуидна. Ова не е телефон на кој што прво ќе помислите ако размислувате за купување на мобилен наменет примарно на играњето, туку во пракса се покажува како одлична гејминг конзола. Игрите како шт осе PUBG и Forza Street, се вртат без никакви проблеми, така што со нив може дефинитивно да уживате.

Honor 50 доаѓа во верзија со 6 и 8GB меморија и 128GB / 256GB меморија за лични податоци, при што мора да се напомене дека нема дополнителен влез за мемориски картички. Освен тоа што е прилично брз, уште една одлика на Snapdragon 778G е поддршката за мобилните мрежи од новата генерација, така што сопствениците на овој Honor ќе може да сурфаат со 5G брзини.

Брзо полнење

Капацитетот на батеријата изнесува 4300mAh, при што батеријата треба да издржи цел ден без да се полни со просечно користење. Во пакувањето со телефонот пристигнува 66W брз полнач, благодарение на кој батеријата може брзо да се наполни. До капацитет од 80% е потребно помалку од половина час полнење, додека за 100% се потребни до 40 минути максимум, дури и помалку. Honor 50 има огромен плус за брзото полнење, додека минусот би бил тоа што нема безжично полнење. Honor има гратис USB-C слушалки во кутијата и тоа е огромен плус.

Камера

Позадината на телефонот е атрактивна благодарение на двата круга во кои што се сместени камерите. Во горниот круг е сместена главната камера со резолуција од 108MP, додека во долниот круг се правилно распоредени уште три камери и блицот. Главната камера го нуди токму она што се очекува од телефонот од оваа категорија. Фотографиите снимени во услови на доволно осветлување ќе ги задоволат сите или барем повеќето мобилни фотографи, а телефонот доаѓа и со ноќен модул, кој што ги подобрува фотографиите снимени при слаби светлосни услови. Квалитетот на главната камера е одличен, додека останатите сензори се за помош за фотографијата да биде почиста, со детали и да добие на широчина.

Станува збор за 8MP шриокоаголна камера, 2MP макро камера и 2MP сензор за длабочина за снимање на фотографии со замаглена позадина. Селфи камерата изнесува 32M, која е исто така со добар квалитет. Видеата може да ги снимате со HD и 4K резолуција, и со 30 или 60 фрејмови во секунда.

Софтвер

Телефонот работи со Android 11 и нуди се што од Android се бара, а тоа се сервисите на Google и сите апликации што може да се преземат од Google Play. Доаѓа со Honor Magic 4.2 кориснички интерфејс, кој ја вклучува Honor продавницата за апликации. 

Само напред

Honor со овој модел го напаѓа пазарот во средната категорија. Адутите со кои што Honor 50 располага се атрактивен дизајн, одличен екран и поддршка за брзо полнење со 66W полнач. Верувајте дека нема да зажалите ако се одлучите за овој модел. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.