Запознајте се со нивиот Moto X4

Објавено на 14.11.2017 во Рецензија


Запознајте се со нивиот Moto X4

Оцени

usability
9.0


Перформанси
8.0


Цена
8.0


Камера
9.0


резултат
8.5


Наши забелешки

Positives:

  • поволна цена
  • добра камера
  • водоотпорен 
 

Negatives:



Целата рецензија

На големо задоволство на сите љубители на мобилата технологија, Моторола ја лансираше продажбата на нивната досегашна најдобра верзија на мобилен телефон. Верувале или не, Моторола Мото Х4 е веќе во продажба и тоа според нивната официјална страна, цената е 399.99 долари.

IP68 надворешниот дизајн, кој всушност е отпорен на вода, го заштитува Мото Х4 однадвор и одвнатре и тоа од дамки, прскања, па дури и ако ви падне во бара. Дополнитело на сето ова е тоа што можете целосно да уживате со Амазон Алекса (Amazon Alexa) на овој телефон.

Како сево ова да не е доволно примамливо, па компанијата создала досега невиден напреден двоен заден систем за камера. Од широкоаголни пејзажи, па се до сериозни зачудувачки портрети, двојните објективи ја издугнуваат секоја слика. Камерата од 12 MP користи Dual Autofocus Pixel технологија и 1,4ум пиксели за да дава остри резултати при секое светло, додека камерата од 8 MP ви дава поле на гледање од 120 °.

Направете го вашето најдобро селфи! Покажете ја вашата најдобра страна на секого со широкоаголната предна камера од 16 MP. Прилагодливиот режим на слаба осветленост ги прицврстува 2ум пикселите кои овозможуваат 300% поголема светлина отколку стандардна камера од 16 MP. Бидејќи нели, лошото осветлување не е изговор за лоша слика.

Одете еден чекор понапред и со филтерите! Дајте им и на портретите повеќе бои со забавните алатки за уредување што ги нуди овој апарат, како на пример селективен фокус (bokeh) и селективно црно-бел ефект. Гледате нешто што ви се допаѓа? Користете ја камерата за да дознаете повеќе за тоа. Детекција на знаци ви дава и информации за вашата околина. Скенирајте ги бизнис картички на вашите контакти, па дури и скенирајте ги баркодовите за да купувате побрзо.

Талентираниот паметен фокус е уште една особина што го краси овој уникатен телефон. 12 MP + 8 MP задни камери за брилијантни, професионални слики, секој пат. Плус, подобрени контроли во реално време, па знаете што сте снимиле и што вреди да се сподели.

Иако изгледа „свилен“, тој всушност е многу издржлив. Фотографирањето со овој телефон е лесно кога всушност вашите субјекти не можат да престанат да гледаат во него. Анодизираната алуминиумска рамка е целосно затворена во стакло со 3D заоблен заден дел за удобно држење. Рефлексивниот филм под стаклото прави телефонот да изгледа уникатен од секој агол. И со дијамант-исечените рабови, телефонот е уште појак и поиздржлив од удари.

Висококвалитетниот Qualcomm® Snapdragon ™ 2.2 GHz окта-јадрен процесор ви овозможува да ги изменувате фотографиите и видеата директно од вашиот телефон, без заостанување. Снимајте, исечете и споделувајте. Сето тоа во неколку секунди.

Замислете, издржливост во текот на целиот ден со едно полнење. Потоа само засилувајте се без забавување. Полначот TurboPower ™ ви дава 6 часа моќ и тоа за само 15 минути. Инстант задоволување и ништо помалку од тоа, разгледајте ја веб-мрежата, проследувајте музика, гледате филмови и многу повеќе – сето тоа со брзини на податоци од 4G. Плус, со меморија до 3МВ можете да репродуцирате графички интензивни игри и да ги стартувате пребарувачките апликации без прекин. Алекса, излегувај! Сега можете да го користите Амазон Алекса на вашиот Мото Х4 -без да го отклучите. Без разлика дали сте надвор или во куќата на некој пријател, карактеристиките и придобивките на Алекса се секогаш тука со вас. За крај што друго останува да се каже, освен дека е едно магично парче метал кој секој би посакал да го има во рацете.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Телефони.мк
Author Image
Телефони.мк е веб портал кој што постои од 2007.



 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)