CAT S41 - Цврст телефон со топ хардвер

Објавено на 17.11.2017 во Рецензија


CAT S41 - Цврст телефон со топ хардвер

Оцени

usability
9.0


Перформанси
8.0


Цена
8.5


Камера
8.0


резултат
8.4


Наши забелешки

Positives:

 

- Супер цврста градба

- Врвни сертификати за издржливост

- Не е премногу гломазен и тежок

- Мега батерија

 

Negatives:

 

- Просечна камера



Целата рецензија

CAT на одличен начин ја одржува својата позиција во категоријата на цврсти телефони која е многу специфична и се однесува на конкретна група на купувачи, пред се во индустријата, енергетиката како и за тие кои се авантуристи по природа и често се наоѓаат во екстремни услови на отворено па им е потребен телефон кој ќе ги издржи сите предизвици. CAT со најновиот модел CAT S41 додава на овие потреби со модерен хардвер и софтвер кои ги исполнуваат сите очекувања на корисниците, па затоа во продолжение подетално ќе ги разгледаме неговите можности.

Дизајн

Изгледот на CAT S41 не е доволно да се опише како обичен цврст смартфон бидејќи нуди дополнителна естетика која е доста привлечна за окото, особено за тие кои се фанови на Millitary или Industrial дизајните. CAT S41 е доста обемен смартфон со фантастична заштита и нуди одлично цврсто чуство додека го држите во раката со прецизните шарки, како и навртки кои ги штитат внатрешните компоненти од секаков вид на надворешни негативни влијанија. CAT S41 го исполнува MIL-STD-810G сертификатот што значи дека може да издржи пад на бетон од висина од 1,8 метри, отпорен е на сол, дожд, влага, вибрации, соларна радијација, и отпорен е на транспортни или термални шокови.

Со IP68 сертификатот CAT S41 под вода може да издржи 2 часа на длабочина од повеќе од 2 метри без никакви проблеми. Смартфонот и со сите навртки и мускулесто тело и натаму е доста компактен со дебелина од 12,9 милиметри што е речиси идентично со некои Nokia Lumia смартфони на пример. CAT S41 тежи 218 грама и нема да биде никаква пречка лесно да го носите со вас и да го управувате, ниту пак ќе ви биде потребна дополнителна маска. Поради цврстината на дизајнот и сите заштитни механизми CAT S41 не располага со скенер за отпечатоци или друг вид на биометриски код за отклучување.

Дисплеј

CAT S41 доаѓа со 5 инчен TFT капацитативен екран на допир со одлична Full HD резолуција со 1080 x 1920 пиксели што овозможува висок степен на густина на сликата од 441 ppi. CAT S41 како еден од најиздржливите смартфони на пазарот за заштита на екранот го користи Corning Gorilla Glass 5 заштитното стакло кое е од најново генерација и нуди напредни способности за отпорност на било какви гребнатинки, напукнувања под притисок или удари што ќе ги направи корисниците доста мирни. Под екранот се наоѓаат копчињата за навигација низ менито кои се физички и се вградени и истите имаат висок степен на респонзивност. 

Перформанси, софтвер и конекција

Како што наведовме и претходно CAT S41 е навистина солиден смартфон кога е во прашање неговиот хардвер и еден од помоќните на пазарот бидејќи работи со способниот осум-јадрен Mediatek MT6757 Helio P20 процесор, со Mali-T880 MP2 графичка карта, 3 GB RAM кои се идеални за непречен мултитаскинг, има 32 GB основна меморија која е и повеќе од доволна за сите фајлови и податоци на корисникот, а microSD слотот има капацитет за дополнителна мемориска картичка до 256 GB. 

CAT S41 работи на Android 7.0 Nougat оперативниот систем и поседува солидно ниво на оптимизација без никакви дополнителни непотребни елементи кои би го оптоварувале софтверот. App Toolbox е посебен додаток во софтверот и ви прикажува листа на апликации за работа што ќе им биде од голема корист на професионалците. 

Двете камери, главната со 13 мегапиксели и селфи камерата со 8 мегапиксели, се доволно квалитетни за секојдневните потреби како правење слики и селфи фотки и повремено снимање на клипчиња, но не се нешто над просекот во оваа класа. Смартфонот има и NFC конекција, како и брза 4G LTE мобилна интернет конекција. 

Батерија

Li-Ion батеријата е фиксна и има неверојатен капацитет од 5000 mAh со што смартфонот активно ќе работи најмалку три дена со едно полнење, а ако мирува може комотно да го заборавите полначот и да немате никакви проблеми. Интересно е што CAT S41 може да послужи и за полнење на втор смартфон или друг електронски уред со USB кабел. 

Заклучок

CAT S41 е еден од најцврстите смартфони понуден на пазарот во последно време и има голем број на предности во однос на пример Samsung Galaxy S8 Active. Подобар е од вакви конкуренти во сите параметри кои најмногу значат за категоријата, а тоа се супер издржливите сертификати кои го прават практично неуништлив смартфон, со многу додатоци за професионалци и авантуристи. Модерниот хардвер исто така дава причини за задоволство бидејќи CAT S41 може да одговори на современите предизвици и на крутото и цврсто тело му дава посебен дух. Што мислите вие за CAT S41?

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)