Tesla Inc. со филмска презентација на камионот Semi и спортскиот Roadster

Објавено на 27.11.2017 во Рецензија


Tesla Inc. со филмска презентација на камионот Semi и спортскиот Roadster

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Ефикасност и намалување на трошоците;
- Чиста и еколошки незагадена околина;
- Иновативен електричен камион;

 

Negatives:

- Високи трошоци за производство;



Целата рецензија

Tesla Inc. направи вистински спектакл, претставувајќи го новиот камион на електричен погон и спортскиот автомобил Roadster, вреден 200.000 долари. Извршниот директор Илон Маск, вели дека автомобилот ќе биде најбрзиот сериски произведен автомобил во историјата. Сите присутни биле воодушевени за време на презентацијата.

Електричниот камион Tesla Semi ќе направи револуција во шпедицискиот бизнис, од чија приколка излезе спортскиот Roadster, исто како на филмовите. Спортскиот автомобил со стаклен кров е кабриолет модел, кој е сосема нов тип на возило што Tesla започна да го произведува. Има четири седишта и со едно полнење на батерија, може да помине околу 1000 километри, што е нов рекорд за електричните возила. Од 0 до 100 километри на час ќе стигне за 1,99 секунди, а максималната брзина ќе му биде над 400 километри на час, со што ќе стане најбрзиот електричен автомобил во сериско производство.

Ќе можете да патувате со голема брзина по автопатишта од Лос Анџелес до Сан Франциско и назад, без дополнително полнење. Со тоа сме сигурни дека возилата со фосилни горива добиваат силен удар, вели Илон Маск. Тој вели дека подоцна возењето на автомобили со внатрешно согорување ќе го гледаме исто како што сега ги гледаме парните машини во минатото. Првите илјада примероци на Roadster ќе бидат по 250 илјади долари, а подоцна моделите ќе чинат по 200 илјади долари. 

Се уште не е познатата цената за Semi, и не се знае каде ќе се произведуваат двата нови типа на возила. Тоа што се знае е дека електричниот камион започнува со производство во 2019 година, а Roadster ќе излезе на патиштата една година подоцна.

Повеќе производи

Илон Маск се залага за електричните камиони како амбициозен обид на Teslа за да прекине користењето на фосилни горива од страна на стопанството. Лидерот на Tesla Inc. веќе го прави тоа со новите проекти за електрични автомобили, соларни покриви и батерии. Дел од аналитичарите сметаат дека камионот ќе биде еден скап обид за одвлекување на вниманието на јавноста. Тие напоменуваат дека Tesla троши огромни количини на пари, а никогаш не објавила колкав годишен приход има, наоѓајќи се во таканаречен „производен пекол“, поради подготовките за производство на лимузината Model 3, вредна 35.000 долари.

Новиот камион и спортскиот автомобил се навистина на врвот на конкуренцијата ако ги земеме предвид нивните спецификации. Доколку се економски одржливи, тогаш нема да можеме ниту да ги споредиме со другите. Tesla сега има нова задача, да ја убеди камионската заедница дека може да произведе ценовно прифатлив електричен камион со домет и голем капацитет за товар. За камионџиите е најважно за Tesla Semi да биде релативно евтин и временски тестиран, а факт е дека тешките батерии вградени во електричните камиони значително ќе го намалат капацитетот за товарот што ќе се превезува.

Tesla Semi со максимален товар и максимална брзина на автопатиштата ќе може да помине до 800 километри. Возилата од осма класа, со највисоки класификации за камиони според тежината, за 30 минути може да ја наполнат батеријата што ќе биде доволно да поминат околу 650 километри, но Tesla ќе изгради светска мрежа со мегаполначи на соларна енергија“, изјави Илон Маск.

Дизелските камиони со едно полнење може да патуваат до 1600 километри, но Маск истакнува дека тие се за 20% поскапи за управување од 1 километар во споредба со електричната верзија. Технологијата што овозможува возење без возач ќе им овозможи на камионите да патуваат во конвои, поради што само во првиот ќе има возач. Тоа значи дека таквиот превоз ќе стане поевтин и од железниците. 

Заклучок

Tesla сепак мора да инвестира големи пари и многу време за да изгради фабрика за такви камиони. Компанијата квартално троши по милијарда долари во моментот, при што во поголем дел оди за воспоставување на производството на Model 3. Од таа причина се размислува за отворање на фабрика во Кина. Нејзините акции годинава пораснаа за 46%, со што се издигна како втор највреден производител на автомобили во САД. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm