Знаете ли како правилно да го држите вашиот телефон

Објавено на 28.03.2022 07:31 во Рецензија


Знаете ли како правилно да го држите вашиот телефон

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Треба правилно да го држиме нашиот телефон за да не се појавуваат болки во дланката;

 

Negatives:

- Лошото држење на смартфонот предизвикува болки во малите прсти, кои што не можат да издржат толкава тежина;



Целата рецензија

Како го држите вашито смартфон? Во рака? Веројатно долниот дел на телефонот го потпирате на малиот прст, додека го придржувате со 4-от прст, средниот и показалецот, а палецот ја завршува целата работа. Некако ни се чини како природна оваа положба, но не е и најздравата.

Лекарите предупредуваат дека долготрајното држење на телефонот во таа положба може да предизвика проблеми со нервите во шаката и раката, но и бројни други потешкотии. Веќе е долго познат изразот „играчки палец“ или „телефонски палец“, т.е. воспаление на мускулите и тетивите во палецот и раката поради константно повторување на одредена работа (играње, типкање и скролање). Но, лекарите предупредуваат и на почестата појава на „телефонскиот мал прст“. Иако тоа се уште не е медицински прифатен термин, се работи за грчење или воспаление на малиот прст поради постојан притисок на смартфонот, но и таблетот или контролерот на играчката конзола, помеѓу палецот и малиот прст.

Терапевтката Ен Ланд од Клиника Мајо, за Washington Post појасни дека поради својата големина не може толку добро да го поднесе притисокот и неприродната положба како некој друг, голем прст. Долготрајното придржување на смартфонот со малиот прст, може да предизвика истегнување на лигаментите што го поврзуваат прстот и остатокот на дланката.

Често ги придржуваме нашите телефони со малиот прст, поради што ги свртуваме зглобовите во неприродна положба, со цел подобро да го видиме екранот. Тоа може да доведе до притисок на улнарниот нерв, кој што води од пазувите преку лактот и подлактицата (со улнарната коска) и се до малиот прст. Долготрајниот притисок врз тој нерв може да доведе до заробување и воспаление, па дури и оштетување на нервите, предупредуваат од Клиниката Кливленд.

Како треба да го држиме смартфонот

За да избегнеме болка во рацете и дланките, корисниците на смартфоните би можеле да го променат начинот на кој што го држат својот смартфон. Првиот чекор е да го направат смартфонот подебел.

Нашите раце не се дизајнирани за долготрајно држење на малите и тенките предмети, истакнува хирургот д-р Стив Белднер. Затоа треба да го наместите уредот така што ќе вметнете дополнителен подебел материјал во дланката, на кој што ќе може да го потпрете вашиот смартфон. Тоа може да биде парче ткаенина, парче хартија, кое што не е поголемо од телефонот или пак подебела заштитна маска и користење на популарните држачи, кои шт осе лепат на задната страна на уредот.

Исто така, треба да ја освестите положбата на рацете и што е можно почесто да го исправите лактот и зглобот, со цел да овозможите подобра циркулација и да го намалите притисокот врз нервите.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.