Витни Волф: Трнливиот пат од пропаст до најмоќна бизнис жена

Објавено на 28.11.2017 во Рецензија


Витни Волф: Трнливиот пат од пропаст до најмоќна бизнис жена

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Никогаш не се откажувајте и покрај проблемите;
- Знаењето останува во вас, дури и кога ќе минете низ пекол;

 

Negatives:

- Сексуално вознемирување на жените во Tinder;



Целата рецензија

Витни Волф е жената што му докажа на светот дека може да се издигнете од ништо и да се претворите во нешто. Претприемачката била жртва на сексуално вознемирување и интернет тролови, но за брзо време нејзиниот живот се променил.

Витни Волф Херд е еден од ко-основачите и поранешна претседателка за маркетинг во Tinder. Таа во јули 2014 година, подигнала тужба против истата комбинација поради сексуално вознемирување и сексуална дискриминација, во која биле опфатени поранешниот шеф и поранешното момче Џастин Матина. Во тужбата наведува дека неправедно и е одземена титулата како ко-основач на компанијата, само поради полот и тврдела дека корпоративната култура на Tinder „ги претставува најлошите машки стереотипи, поврзани со технолошки стартапи“.

Извршниот директор на Tinder, Шон Рад , го решил проблемот со Волф Херд преку вонсудска спогодба, т.е. надоместок од околу милион долари. Сепак, тука не завршиле промените со сексуалното злоставување, затоа што таа била на удар на бројни интернет корисници, кои и се заканувале со силување и смрт. Потоа го избришала профилот на Twitter, а животот и бил во хаос, исполнет со напад на паника и параноја. Од ситуацијата научила голема лекција – слободата на говор на интернет има бројни негативни импликации и како решение размислувала за социјална мрежа само за жени.

Нов почеток

Кога почнала да размислува за нов проект и се јавил стариот пријател Андреј Андреев, кој во 2006 година ја основал мрежата за запознавање Badoo. Социјалната мрежа во моментот поседува 360 милиони корисници и присутна е во 190 земји. Андреев сакал да ја вработи во својата компанија, со цел да го употреби нејзиното огромно искуство и знаење што го стекнала во Tinder.

Волф Херд прво го одбила, затоа што не сакала повеќе да биде присутна на пазарот со апликации за запознавање. Со текот на времето, Андреев успеал да ја убеди и го променила мислењето. Основачот на Badoo сакал да ги поврзе инфраструктурата, капиталот и ресурсите во својата компанија со нејзиниот талент за маркетинг и брендинг, и темелното познавање на „дејтинг пазарот“. После прифаќањето на Волф, го основале Bumble, каде поголемиот дел од компанијата бил под капата на Андреев, а таа била основачка и сопственичка на 20% од компанијата.

Нејзината идеја било отварање на мрежа, односно апликација во која жените ќе имаат целосна контрола, то ест, тие ќе бидат првите што ќе го направат првиот потег и да испратат порака. Принципот на работа на Bumble е едноставен, со тоа што кога две лица од спротивниот пол ќе повлечат со прстот кон десната страна на екранот, само припадничките на понежниот пол можеле први да пратат порака. Доколку не испратат порака после 24 часа откако врската е воспоставена, се прекинува нивното поврзување автоматски.

Благодарение на овој начин на работа, Bumble се смета за пристојна апликација, оти таму нема типични машки упаѓања во приватноста на жените. Апликацијата брзо освоила милиони корисници и денес има над 22 милиони регистрирани членови, што е многу помалку од оние 46 милиони на Tinder. Но, Bumble има 70% годишен раст во споредба со 10% на Tinder. Очекуваните приходи на компанијата од средината на 2016 година, откако почнале да наплатуваат одредени услуги преку апликацијата, па се до крајот на 2017 година, би требало да надминат 100 милиони долари. Се очекува истата цифра да стане двојно поголема во наредната година.

Овој успех ги привлекол големите компании и инвеститорите, па така Волф Херд од почетокот на годината одбила 450 милиони долари, колку што понудила Match Group за Bumble. Match Group сепак не се откажале од својот интерес и затоа е возможно вложување или купување во Bumble, во вредност од милијарда долари. Витни Волф не сака да разговара за тие понуди, затоа што Match е сопственик на бројни дејт апликации, вклучувајќи го и Tinder.

Заклучок

Со тоа Витни Волф Херд докажува на светот дека може да се биде силна жена и да се стигне до позиција на списокот со топ 30 најмоќни луѓе во светот. Може да ги надминете сите проблеми, да остварите успех и да станете еден од 30 најмоќни луѓе помлади од 30 години. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)