Како да го повратите iPhone ако ја заборавите лозинката

Објавено на 30.11.2017 во Рецензија


Како да го повратите iPhone ако ја заборавите лозинката

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Враќање во живот на вашиот iPhone;

 

Negatives:

- Можност за губење на личните податоци за време на постапката;



Целата рецензија

Apple телефоните секогаш имаат највисока заштита и затоа е многу комплицирано доколку ја заборавите новата лозинка. Ако ја заборавите лозинката и го блокирате смартфонот со неколку пати погрешен код, тогаш постои начин како да го деблокирате уредот. Тоа настапува после шест неуспешни обиди.

Ако кликнавте за синхронизација на вашите податоци со оние од iTunes, без проблем ќе може да ја вратите ажурираната фотографија на системот. Еве како се брише вашиот телефон со помош на iTunes:

1. Поврзете го iPhone со компјутер, каде ја имате безбедносната копија од системот (backup);

2. Отворете го iTunes, па доколку апликацијата ви дозволи пристап до уредот без лозинка, продолжете со процедурата. Ако ви бара да внесете лозинка, обидете се телефонот да го споите со друг уред, каде што постои ваша безбедносна копија во системот. Ако никогаш не сте го синхронизирале iPhone со вашиот десктоп компјутер, овој метод не важи. Во тој случај, директно преминете на извадокот што се занимава со recovery mode;

3. Ако Apple не ви побара лозинка, почекајте од iTunes да се синхронизира вашиот уред;

4. Кога ќе завршите со синхронизација, кликнете на Restore iPhone и потоа почекајте од програмата да го вратите уредот на поранешна дата;

5. Кога повторно ќе се инсталира оперативниот систем, кликнете на Restore from iTunes backup;

6. Одберете ја последната складирана фотографија од системот.

Избришете го својот iPhone со помош на iCloud

Ако го синхронизирате iPhone преку iCloud сервисот, а не преку iTunes, а во меѓувреме ви е активирана функцијата Find My iPhone, секогаш може да го избришете телефонот преку iCloud. Методот може да го користите и кога немате пристап кон уредот. Мора притоа вашиот уред да биде поврзан со Wi-Fi или на мобилен интернет. Во случај телефонот да ви е поврзан на мрежа, постои можност да се избрише преку iCloud:

1. Отворете го iCloud и одете на Log In преку вашиот Apple ID;
2. Кликнете на All Devices на врвот од екранот и изберете iPhone;
3. Одберете ја опцијата Erase iPhone. 

Сите датотеки од вашиот iPhone после оваа постапка би требало да бидат избришани.Тоа значи дека со повторно вклучување на уредот ќе може да ја вратите складираната фотографија од системот, откако ќе го активирате апаратот „како да е нов“. Потоа конечно внесувате и одбирате нова лозинка.

Избришете го iPhone со помош на Recovery Mode

Ако не сте го синхронизирале вашиот iPhone досега со iCloud или iTunes, ви преостанува комплетно да ги избришете датотеките. На тој начин ништо веќе нема да имате што претходно сте го меморирале и наново ќе се активира iPhone како да е нов телефон. Поврзете го iPhone со компјутерот и отворите го iTunes. Recovery Mode се активира на различни начини во зависност од моделот што го поседувате. 

1. На iPhone 8 и iPhone 8+ мора брзо да го притиснете копчето за засилување на звук и веднаш да го ослободите. Понатаму повторно треба брзо да го притиснете и пуштите копчето за намалување на звук. На крај притиснете го страничното копче за исклучување на телефонот, се додека не ви се појави Recovery Mode.

2. На iPhone 7 и iPhone 7+ мора да задржите на копчињата за намалување на звукот и за вклучување на уредот, се додека не ви излезе Recovery Mode.

3. На iPhone 6 или на постарите модели, или iPad, треба да притиснете истовремено на Home и копчето за вклучување/исклучување. Задржете на двете копчиња одеднаш, додека да се појави Recovery Mode.

Кога ќе го активирате Recovery Mode, iTunes ќе ви даде опција за да го реставрирате вашиот смартфон. Апликацијата на Apple потоа ги брише сите датотеки од телефонот и наново го инсталира оперативниот систем. Треба во меѓувремето малку да почекате, оти процесот трае околу 15 минути, по што уредот целосно ќе биде избришан.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)