Роботот Софија сака да направи глобална вештачка интелигенција

Објавено на 30.11.2017 во Рецензија


Роботот Софија сака да направи глобална вештачка интелигенција

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Можност за брз напредок со вештачката интелигенција;

 

Negatives:

- Губење на контрола во развојот на вештачката интелигенција и роботиката;



Целата рецензија

Софија сака да поттикне инвестиции во развојот на вештачката интелигенција, со цел да го подобри својот софтвер. Хуманоидниот робот сака да се финансира преку crowd-funding, со цел да го креира својот систем преку токени. Со новиот проект SingularityNET ќе се создаде пазар каде корисниците ќе може да купуваат и продаваат сервиси. 

Hanson Robotics има за цел да изработи „глобален мозок“, со кој ќе синтетизира повеќе системи со вештачка интелигенција и ќе функционираат тимски за завршување на одредена работа. Девелоперите ќе прават изработуваат нови AI системи, а корисниците ќе ги користат нивните сервиси преку блокчејн плаќања. Постапката функционира слично како технологијата на Bitcoin.

Се работи за поинаков пристап во вештачката интелигенција кај социјалните мрежи и кај другите сервиси, како на пример Facebook и Google. Facebook моментално развива технологија со вештачка интелигенција за препознавање на суицидни објави на корисниците, односно оние што размислуваат да извршат самоубиство. Од ова ќе има голема општествена предност, што значи дека навремено ќе се спречуваат несреќи.

„Вредноста и моќта на вештачката интелигенција нагло расте од година до година, а наскоро ќе го владее на интернет, како и економијата во целост. Денешните AI алатки се расцепкани во тесни и затворени развојни околини“, велат од компанијата.

Повеќето алатки за вештачка интелигенција се развиваат од една компанија за да извршуваат одредена задача, и не постои начин во моментот за заедничко интегрирање на знаењата и побрз напредок. SingularityNET ја има токму таа цел, да стане главен протокол за вмрежена вештачка интелигенција и да се формира координирана Вештачка Генерална Интелигенција.

SingularityNET ќе биде протокол од отворен тип и збир од неколку договори направени за децентрализирање на пазарот на сервиси со координирана вештачка интелигенција. Користа од оваа AI технологија ќе бидат од глобално значење и секој ќе може да пристапи кон AI технологијата и да стане акционер во развојот.

Секој ќе може да додаде свој сервис за машинско учење и AI кон SingularityNET, кој ќе се користи во целата мрежа, а за возврат ќе добива исплата со токени. Овие токени подоцна ќе може да се користат за различни сервиси од мрежата со вештачка интелигенција.

Продажбата на токени е закажана за 8 декември, по источно време, во 12:00 часот напладне и планирани се вкупно 500 милиони токени за продажба, кои имаат вредност од 36 милиони долари. Дефинитивно роботот Софија ги урива сите рекорди досега постигнати во областа на роботиката и вештачката интелигенција. Со ова започнуваме нова ера во човештвото. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)