Милионски платените AI експерти во Силиконската долина

Објавено на 30.11.2017 во Рецензија


Милионски платените AI експерти во Силиконската долина

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Значително олеснување на начинот на живеење со вештачка интелигенција;

 

Negatives:

- Страв од вештачката интелигенција, дека би можела да биде злоупотребена;



Целата рецензија

Вештачката интелигенција е еден од најголемите трендови на полето на технологијата. ИТ гигантите се спремни да платат милионски суми за експертите за вештачка интелигенција и тие моментално се најбараните кадри во Силиконската долина. Компаниите вложуваат огромни пари и ресурси во оваа технологија, која драстично го менува нашиот свет и начинот на живеење. 

За неколку децении би можело радикално да се промени светот или како што некои се плашат, дури и да се уништиме. Скенирањето на лицето, личните асистенти и автономните возила се само мал дел од технологијата, кои се базираат на вештачка интелигенција, а според експертите на ова поле, после 2040 година може да очекуваме дека вештачката интелигенција ќе стане понапредна од нашата човечка интелигенција.

Еден од најголемите проблеми во сегашно време е малиот број на експерти за вештачка интелигенција во споредба со огромната побарувачка. Во цел свет постојат помалку од 10 илјади врвни стручни лица за ова поле, а со оглед на тоа што побарувачката за нив е исклучително голема, платите се со астрономско високи цифри. Порано во стартап технолошките компании се вработуваа најголемите таленти и добиваа големи удели во компаниите, што им овозможуваше брз напредок за кратко време. 

Ситуацијата со експертите за вештачката интелигенција е поинаква, затоа што сите ИТ компании вложуваат големи пари во кадарот за развој на AI технологија. Цифрите звучат вистинско богатство дури и за ИТ индустријата, во која платите се големи и за луѓе со мало искуство или оние што завршиле факултет вчера. Тие може да заработат годишно и до половина милион долари, плус удели во акционерските компании.

Добро познатите имиња и големите AI експерти за неколку години може да заработат дури и двоцифрени милионски цифри во плати, бонуси и акции во компаниите каде што работат. После 4-5 години преговараат за нови договори исто како спортистите, со многу подобри договори.

Ентони Левандовски, на пример, со години беше на чело во одделот на Google за автономни возила. Пред да ја напушти компанијата заработи неверојатни 120 милиони долари. Тој беше обвинет дека пред да даде отказ во Google, украл речиси 10GB доверливи податоци, нацрт од автомобили, итн, но тоа е друга приказна. Се разбира, понудата на експерти за вештачка интелигенција е на многу ниско ниво, па затоа се бараат нивните глави со големи суми на пари.

За автомобилските компании се важни AI експертите, додека Google, Facebook, Apple и други технолошки компании седат на милијарди, кои се подготвени за вложување во развој на гласовни и дигитални асистенти за смартфони. Така се повеќе стануваат популарни смарт звучниците, како и алгоритмите за скенирање на содржина на социјалните мрежи и интернет, со цел да пронајдат навредлива содржина и слично.

Заклучок

Јасно е дека во иднина уште повеќе ќе се бараат ваквите експерти, со оглед на тоа што употребуваме се повеќе уреди што се зависни од вештачката интелигенција. Платите исто така ќе бидат уште поголеми, а ние се надеваме и дека развојот на AI ќе биде исклучиво во корист и користа на човештвото. Што мислите вие, дали вештачката интелигенција ќе премине еден ден на мрачната страна и ќе сака да го уништи човештвото?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)