Се согласувате ли со поранешниот шеф на Google: Работа до дома или во канцеларија?

Објавено на 25.04.2022 16:36 во Рецензија


Се согласувате ли со поранешниот шеф на Google: Работа до дома или во канцеларија?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Работата во канцеларија ги развива деловните вештини;

 

Negatives:

- Работата од дома ја намалува ефикасноста во работењето;



Целата рецензија

Една од долгорочните последици на пандемијата, која што не е поврзана со здравствената ситуација, е работата од дома. За многумина таа промена претставувала револуција во начинот на кој што може да го организираат својот приватен и деловен живот, додека за другите тоа е нужно зло, кое што секако сакаа да го избегнат и со луѓето сакаат да разговараат во живо, а не преку Zoom.

Вработените на Google полека се враќаат во своите канцеларии, а некои како награда добиваат бесплатни електрични скутери. Ерик Шмит зборувал за негативните и позитивните страни при работа од дома и во канцеларија.  Тој е еден од најзаслужните лица што помогнаа за метеорскиот успех на Google, на кого бил извршен директор од 2001 до 2010 година. Коментирајќи ја ситуацијата со работа од дома, тој како една од причините за успехот на Google, ја спомнува и канцелариската работа. Истакнува дека луѓето првенствено се социјални битија, кај кои виртуелните алатки не можат да го заменат искуството што може да се стекне со работа во канцеларија, односно не можат да ја заменат комуникацијата со колегите во живо.

Во разговор со новинарите за CNBC изјавил дека со текот на времето, канцелариската работа се покажа како ефикасна и затоа според него, местото на вработените им е во канцеларија. За себе вели дека е традиционален тип на човек, но работата во канцеларија не ја поврзува со традицијата, туку дека постојат многубројни предности со заедничката работа и комуникација во живо во споредба со виртуелните состаноци.

Во разговорите со колегите на кафе во опуштена атмосфера, често може да се појават идеи до кои што тешко би можело да дојде во виртуелното опкружување, додека за младите е посебно важно да бидат опкружени со луѓе со цел успешно да го развијат својот стил на управување. За Шмит тоа ги вклучува правилата на однесување за време на состаноци, развој на презентациски вештини, учење за политиката на работното место и начинот на справување со конкурентните и внатре во самата компанија, но во споредба со другите компании. 

„Ако го пропуштите сето тоа и работите од дома на каучот, тогаш не знам како ќе изградите способност за добро управување“, вели Шмит. 

Ерик Шмит вели дека постојат исклучоци во кои што работата од дома би можела да биде поудобна доаѓањето во канцеларија, а тоа е во ситуации во кои што нема премногу комуникација помеѓу луѓето, но и за оние кои што не одговара „општествената канцелариска природа“, како и губењето време на превозод до работата. Што мислите вие за оваа проблематика, преферирате работа од дома и сметате дека може и така да се развивате како професионалец или почитувате строго канцелариска работа?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.