iPhone 8: Иновации во чипот и iOS 11

Објавено на 15.12.2017 во Рецензија


iPhone 8: Иновации во чипот и iOS 11

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.0


Камера
9.5


резултат
9.6


Наши забелешки

Positives:

- True Tone технологија за бои;
- Стаклен заден панел;
- Водоотпорност;
- Убави бои;
- Убава големина на дисплеј;
- Збогатен Control Center кај iOS 11;
- Најбрз процесор досега;
- Голема меморија;
- Оптимизација за ARKit;
- Квалитетни фотографии;

 

Negatives:

- Непроменет дизајн;
- Иста камера како iPhone 7;
- Слаба батерија;
- Висока цена;



Целата рецензија

Најновиот iPhone 8 има одличен дизајн, кој беше заедно претставен со својот поголем брат близнак Plus верзијата, како и ексклузивниот и јубилеен iPhone X смартфон. iPhone 8 и iPhone 8 Plus располагаат со иновации, и имаат подобрени перформанси. Ајде да погледнеме малку подлабоко.

Дисплеј и дизајн

Нема многу разлика во дизајнот на iPhone 8 и iPhone 7, но сепак дизајнот е одличен и нема многу недостатоци. Очигледно Apple се чувал и резервирал целосно со иновациите за iPhone X. Телефонот е доволно добро стилски изработен и сите елементи внатре се сместени така што се задржал тенкиот дизајн. Apple ставил стаклен панел од задната страна на iPhone 8 и достапен е во вселенско сива боја, црна, сребрена и златна боја. Се разбира, телефонот е водоотпорен, што значи дека нема да имате проблем ако несакајќи го потопите во вода.

iPhone 8 располага со 4.7-инчен дисплеј, кој ја има истата димензија и резолуција како претходните модели на iPhone. Осмицата сега ја има технологијата True Tone, која претходно Apple ја вгради во iPad Pro минатата година. True Tone технологијата на Apple им помага на сензорите на телефонот за да ја усогласат температурата на боите на екранот со условите на амбиенталното светло. Тоа е всушност високо ниво на квалитет, што Apple сака да го потенцира кај овој модел.

Интерфејс

Една од најголемите промени на iOS 11 кај iPhone 8 е редизајнот на Control Center, кој има дефинитивно зголемена функционалност. Контролите за светлост се значително поефикасни со посебни опции за Night Shift и True Tone. Меѓутоа, треба да знаете дека сега немате опција за автоматско подесување на светлината. Сега достапноста на Siri е проширена и за App Store, Files и имате подобрена Maps апликација.

Процесор и меморија

Новиот чип A11 Bionic на iPhone 8 е со 64 битен Hexa-core процесор, 2390 MHz, изработен со 10nm процес, кој е навистина најдобар од сите претходници досега. Apple секогаш бил најдобар со процесорите досега и постојано се надминува себеси и другите, па дури и Snapdragon процесорите.

Единствените сериозни конкурентни процесори се A10X, што се вградени во најновите iPad Pro модели. Помалиот екран на iPhone 8 и дозволува графиката да дише, и затоа се одликува со одлична брзина. iPhone 8 има 2GB RAM меморија и 256GB меморија за лични податоци. Перформансите на батеријата на iPhone 8 се речиси исти како оние на iPhone 7, со тоа што е за малку пократка од онаа седмицата за 1 час, поради новиот 10nm A11 чип, за сметка на брзината на телефонот. 

Камера

Претходно пишувавме вест со споредба за камерите на iPhone 8 и iPhone 7. Заклучивме дека нема многу разлика меѓу претходната и сегашната камера на осмицата, односно, се работи за истата камера со 12MP резолуција и f/1.8 отвор на бленда.

Се разбира, Apple потфрли со камерата на iPhone 8, затоа што сакаше да го даде својот максимум за јубилениот модел iPhone X. Новата камера на осмицата има подобрен HDR режим и брзината на автофокусот. Камерата е оптимизирана за употреба за новата технологија на Apple за проширена реалност (ARKit).

Фотографиите сликани со iPhone 8 се навистина квалитетни, без разлика дали фаќате кадар во ноќно време или денско време. Боите се навистина живи и фокусирањето на макро субјекти е лесно исто како да сликате во обични и нормални услови. Предната камера изнесува 7MP, која не располага со толку добри перформанси како задната, но сепак е одлична и може да си направите квалитетни селфи фотки. 

Заклучок

Општо, iPhone 8 има одредебни подобрувања, кои не се за фрлање: брзината, софтверот, одредени перформанси на камерата, оптимизацијата за проширена реалност како можност за иднината, итн. Батеријата овде не е јака страна, но сепак имате побрз телефон за сметка на тоа. Цената не е многу висока, но не е ниту ниска. Како и да е, цената вреди и соодветствува со вредноста на телефонот.

iPhone 8 е фантастичен, компактен, и моќен смартфон. Овој пат Apple 99% беше резервиран за iPhone X, како што погоре спомнавме, за кого рецензијата може да ја прочитате на овој линк. Што велите? Палците горе?

 

 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm