Трамп ја „уби“ нет неутралноста на Обама, но какви се последиците?

Објавено на 15.12.2017 во Рецензија


Трамп ја „уби“ нет неутралноста на Обама, но какви се последиците?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Развој на конкурентноста

 

Negatives:

 

- Создавање монопол

- Можност на операторите да блокираат содржини

- Поголеми цени

- Глбоално влијание на интернет сферата



Целата рецензија

Комисијата за комуникации на федерално ниво на САД под налог на новиот американски претседател Доналд Трамп донесе одлука за укинување на повеќе регулативи поставени претходно од администрацијата на Барак Обама со што им угоди на големите интернет компании кои сега ќе може да вршат промени во услугите кон корисниците и да ја користат самата мрежа и пристапот до неа како алатка за огромни профити.

Во суштина со укинувањето на нет неутралноста се става крај на еднаквиот пристап кон интернет услугите без оглед дали се работи за некој мал блог или мега корпоративен стриминг сервис или пак онлајн продавница за шопинг.

Во суштина интернет компаниите во САД ќе може да влијаат врз квалитетот на услугите за корисниците за различни веб сајтови и веб услуги, односно сами ќе проценуваат што корисниците сакаат повеќе и таму да го насочуваат „трафикот“ со беспрекорни перформанси, а на други места да го заобиколат доколку има „пренасочување“.

Така се создава можност големите корпорации да си платат директно кај провајдерите нивната содржина да биде примарна за сметка на други сајтови или содржини кои можеби не се толку комерцијално успешни, но имаат општествено важна улога или пак се едноставно нови играчи на пазарот кои немаат таква моќ од сам старт.

Изговорот на FCC сега е дека со новите правила ќе се овозможи нов вид на комерцијална регулација на интернетот па така подобрите ќе напредуваат и ќе имаат мотив за конкурентност на пазарот.

Ваквите правила во САД ќе предизвикаат голем гнев кај здруженијата за заштита на правата на корисниците, па дури и одредени компании кои сакаат слободен пазар и еднакви услови за игра на сите веќе го креваат гласот против администрацијата на Трамп.

Засега укинувањето на нет неутралноста нема да има директни последици врз македонските корисници бидејќи кај нас интернет компаниите се под домашна регулатива која е прилагодена на европската законска рамка, што значи нет неутралноста иако не е точно прецизирана произлегува од самите принципи за користење на интернетот како основна услуга на исто ниво како струјата, водата, телефонот.

Секако, трендовите од САД под влијание на моќните и богати корпорации кои имаат можност за лобирање и влијание кај политичарите може да предизвикаат и бран на промени и на европско тло, но и воопшто глобални измени во интернет инфраструктурата со директни последици врз послабите но, не помалку важни играчи и да создадат повеќе монополи кои ќе ја диктираат продукцијата, а со тоа и содржините кои сите ги користиме без оглед каде се наоѓаме на планетата.

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus