Huawei Mate 10 Pro: Профи со иновативен чипсет, камера и батерија

Објавено на 18.12.2017 во Рецензија


Huawei Mate 10 Pro: Профи со иновативен чипсет, камера и батерија

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Дизајн со минимални рамки;
- Голем дисплеј со квалитетни бои;
- Добро се гледа на силна светлина;
- Најнов кориснички интерфејс и оперативен систем;
- Kirin 970 чипсет со вештачка интелигенција и NPU технологија;
- Huawei Projection mode за поврзување со монитор;
- PrivateSpace за втор кориснички профил;
- USB Type-C влез;
- Моќен чипсет осмислен да штеди енергија;
- Одлични перформанси;
- Камера со „4 во 1“ технологија;
- Квалитетни и профи фотографии и видеа;
- Долготрајна батерија;

 

Negatives:

- Се лепат прсти на стаклениот панел;
- Нема MicroSD картичка;



Целата рецензија

Huawei официјално го презентираше неговиот Mate 10 Pro и направи вистинска сензација со овој премиум модел. Ова е навистина солиден натпреварувач, но сигурно е тоа што ќе биде рамо до рамо со неговите најжестоки конкуренти од Samsung и Apple. Huawei Mate 10 Pro има голем дисплеј, изработен е од солидни материјали и има добри перформанси. Ајде да погледнеме детално.

Дизајн и дисплеј

Huawei Mate 10 Pro има тотално нов дизајн, кој го отфрли целосно металниот дизајн од неговиот претходник. Сега има нов тренди дизајн изработен од метално-стаклен дизајн. Секоја чест за изработката на телефонот од страна на производителот, со која се минимизирани рамките, што е веќе дизајн кон кого се стремат сите производители. Екранот во споредба со телото, зафаќа 80.97% од просторот. Интересно и практично е тоа што стаклото е заоблено, кое блеска на светлина. Се разбира, отпечатоците од вашите прсти ќе се познаваат, но тоа е занемарливо.

Mate 10 Pro располага со IP67 сертификат за отпорност на прашина и водам, што е голем плус. Тука имаме и сензор за отпечатоци и IR сензор, USB Type-C и специјални Earpods-esque pair слушалки од типот на USB-C. Дизајнот навистина е одличен и ни се допаѓа. Моделот е со 6-инчен FullView OLED дисплеј и резолуција од 2160 x 1080 пиксели. Дисплејот е доволно квалитетен за да не им пречи на нашите очи, бои со добра интонација, и останува доволно видлив за да го менаџирате со леснотија под силна сончева светлина.

Софтвер

Mate 10 Pro располага со корисничкиот интерфејс Emotion UI 8.0 на Huawei, базиран на најновиот оперативен систем Android 8.0 Oreo. Визуелно, EMUI 8.0 драстично се разликува од претходниот изглед на интерфејсот, кој е оптимизиран за да ви биде полесен за употреба. Huawei воведе технологија за вештачка интелигенција AI во овој модел, што го изведе и со моќта на Kirin 970 чипсетот, со специјална NPU технологија (Neural Network Processing Unit). 

Невралното процесирање е одлично смислено и одлично функционира, со тоа што оваа технологија функционира во реално време со разбирање на повеќе јазици, ефикасно менаџирање со потрошувачката на батеријата и ресурсите, и многу други работи. UI 8.0 е добро оптимизиран со тоа што без проблем и комотно може да го ракувате со една рака, при што PrivateSpace е одлична алатка тука, што ви овозможува да креирате секундарен кориснички профил, во кого ќе може да влегувате само со еден отпечаток. Тоа значи дека можете да креирате приватен профил во кого ќе можете да влегувате само вие со вашиот отпечаток.

Projection mode е новитет на Huawei, кој е нешто сличен како Samsung DeX. На тој начин смартфонот може да се поврзе со монитор или дисплеј со цел да ви овозможи подобро и „зголемено“ искуство. Можете исто така и да го приклучите со Bluetooth глувче и тастатура за да добиете најдобро можно искуство. За сето ова ви се потребни само USB Type-C влез за HDMI адаптер и ништо повеќе. Единствената забелешка кај Projection е што телефонот мора да остане вклучен и не смеете да го исклучите дисплејот ако сакате да штедите батерија.

Перформанси

4-јадрениот Kirin 970 чипсет на Huawei беше официјално презентиран на IFA 2017, кој содржи 4 Cortex A73 јадра со 2.36GHz и уште 4 Cortex A53 јадра со 1.8GHz. Има ли потреба да објаснуваме детално колку моќен е овој процесор? Одлично е тоа што лесните и тешките операции за Mate 10 Pro ќе бидат одлично изменаџирани и ќе се активираат само оние јадра за кои задачата е подобна. Така се штедат и енергија и ресурси, а телефонот се растеретува.

Моделот содржи 6GB RAM меморија, што е одлична вест, кој ќе се справи со секакви интензивни операции. Тоа ја прави десетката подобна и за играње. Имате 128GB меморија за лични податоци, што е навистина изобилство, или пак ако сакате од поевтиниот и основен модел со 64GB ROM и 4GB RAM меморија. Немате можност за ставање на MicroSD картичка, па затоа ако сакате да фотографирате и снимате со 4K резолуција, попаметно би било да се одлучите за поскапиот модел. 

Батеријата на Huawei Mate 10 Pro трае два дена со нормално користење. Ова на дело покажува дека поголемото е подобро, со тоа што е спакувана батерија со капацитет од 4000mAh, што е многу повеќе од своите конкуренти со 3500mAh. Имате поддршка и за SuperCharge технологијата на Huawei, што може да ја наполни батеријата до 58% за 30 минути. Ова е навистина корисно.

Камера

Huawei Mate 10 Pro има повторно профи Leica камера, и многу хардверски подобрувања. Неговата 12MP колор-сензорска камера и монохроматската камера со 20MP со оптичка стабилизација се тука за да ви направат импресивни фотки. Отворот на бленда изнесува f/1.6, што ќе ви овозможи поточна сензитивност со светлоста, а хибридниот фокус со „4 во 1“ технологија опфаќа ласерско фокусирање, фазна детекција, длабочински фокус и контрастен фокус за да постигне одличен резултат. Од предната страна имате камера од 8MP, со која може да направите совршени спомени од дружбите со пријателите или најважните настани.

Апликацијата за камерата е речиси стандардна со истите модули за рачно подесување на фокус, имате опција за забавена снимка и панорама. Се разбира, тука се портретскиот модул и „проширената бленда“ за фотографирање со двете камери одеднаш и поширок опфат со кадарот. Верувајте дека нема да згрешите со камерата на Huawei. Моделов е професионалец за фотографии и ќе се уверите во тоа и кога ќе снимате видео со 4K резолуција од 3840 x 2160 пиксели. 

Заклучок

Huawei Mate 10 Pro ја оправдува цената од 799 евра со неговиот премиум дизајн, долготрајна батерија и неверојатен перформанс со камерата. Овој модел на Huawei е навистина профи за речиси се и нема слаби точки. Тој е драматично подобрен од неговиот претходник со неговата водоотпорна конструкција и дуал систем камера. Во моментот Mate 10 Pro е неприкосновен на пазарот. Што мислите вие?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus