iPhone 8 Plus: Подобрување со перформансите

Објавено на 22.12.2017 во Рецензија


iPhone 8 Plus: Подобрување со перформансите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.5


Камера
8.9


резултат
9.6


Наши забелешки

Positives:

- Сертификат за водоотпорност;
- Квалитетен дисплеј со True Tone систем сензор;
- Подобрување кај батеријата;
- Поголеми сензори кај камерата;
- Добри перформанси;

 

Negatives:

- Сличен дизајн како претходникот;
- Слична камера како iPhone 7 Plus;



Целата рецензија

Овој пат компанијата на Стив Џобс го прескокнува “S” од iPhone и премина директно на iPhone X, веднаш после iPhone 8. Apple пред три години започна со нов дизајн кај смартфоните, односно со поголеми iPhone смартфони, за оние со поголеми раце, или пак оние што сакаат екстра од се. Plus моделите на Apple имаат и подобри перформанси, камера и повисока цена. Се разбира, дисплејот е поголем во споредба со класичниот модел исто така. Ајде да видиме што има со осмата верзија на iPhone Plus. 

Дизајн и дисплеј

iPhone 8 Plus не отскокнува многу од дизајнот на претходниот iPhone 7 Plus, има само мали промени во формата и големината, со тоа што сега е малку поголем од претходникот. Тежината на iPhone 8 Plus се зголеми од 188 на 202 грама. Како и да е, кога ќе го видите не изгледа многу поголем, туку ова е само мала незабележлива промена. iPhone 8 Plus е достапен во вселенско сива боја, (ie, black), сребрена и златна. Се разбира, има сертификат за водоотпорност и True Tone систем сензор, кој служи за вклопување и адаптирање на температурата на екранот со јачината на светлоста во просторијата што се наоѓате.

iPhone 8 Plus има IPS LCD дисплеј со одлична репродукција на бои и квалитетен е кога читате и прелистувате на интернет. Дисплејот има големина од 5.5 инчи и резолуција од 1080 x 1920 пиксели, со густина на пиксели од 401 ppi.

Софтвер

Уште пред да биде официјално претставен iPhone 8 Plus, веќе ги знаевме сите новитети за iOS 11. Новиот оперативен систем не е којзнае колку „ремонтиран“, но сепак е практичен за користење и има неколку новитети. Како што пишувавме за претходниот iPhone 8, така и за iPhone 8 Plus, една од најголемите промени на iOS 11 кај iPhone 8 е редизајнот на Control Center. Овде имаме зголемена функционалност, контролите за светлост се значително поефикасни со посебни опции за Night Shift и True Tone. Сега достапноста на Siri е проширена и за App Store, Files и имате подобрена Maps апликација.

Перформанси

A11 Bionic чипот е вграден во iPhone 8 Plus, кој располага со 64 битна архитектура, Hexa-core процесор со 2390 MHz. Новиот чип е произведен со 10nm процес, што значи дека е најдобар од сите мобилни процесори досега, што се докажува и со тестирањата. iPhone 8 Plus има 3GB RAM меморија и 256GB меморија за лични податоци. Перформансите на батеријата на iPhone 8 се речиси исти како оние на iPhone 7, со тоа што е за малку пократка од онаа седмицата за 1 час, поради новиот 10nm A11 чип, за сметка на брзината на телефонот.

Што се однесува до долготрајноста на батеријата, iPhone 8 Plus има сличен „живот на батерија“ како и iPhone 7 Plus. 10 ипол часа може да бидете на телефонот и да го користите постојано, што значи дека е малку подобрен од минатиот модел. Само бидете свесни дека за да наполните толку голема батерија со капацитет од 2691 mAh, ви треба повеќе време, односно три часа за да дојде до 100%. 

Камера

Камерата со дуал систем беше претставен прв пат кај iPhone 7 Plus, со опција за телефото зум, како и селективно фокусирање со специјални ефекти. Камерата на новиот модел на Apple не е многу променета овој пат, која е навистина добра и квалитетна, без разлика што датира уште од седмата верзија. Резолуцијата си останува со 12MP, со одредени подобрувања кај сензорите, кои се поголеми годинава, и резултираат со пиксели што се посензитивни на светлина. Притоа пикселите се диференцираат едни од други и така се добива поголема оригиналност на сликата. 

Заклучок

Не може да се негира дека iPhone 8 Plus нема ништо ново. Тој зеде се што е вредно од iPhone 7 Plus и го надгради. Се разбира, компанијата од Купертин беше 100% фокусирана на iPhone X, па затоа осмицата нема многу новитети за објаснување. Како и да е, дизајнот останува одличен, камерата е подобрена, батеријата исто така, како и перформансите. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm