Huawei Mate 10 - Сериозен играч

Објавено на 25.12.2017 во Рецензија


Huawei Mate 10 - Сериозен играч

Оцени

usability
8.5


Перформанси
9.0


Цена
8.5


Камера
9.0


резултат
8.8


Наши забелешки

Positives:

 

- Екстра камера

- Елегантен дизајн

 

Negatives:

 

- Помоќен, но поскап од претходниците



Целата рецензија

Mate серијата на фаблети на Huawei со текот на времето стана се посериозна во обидот да се наметни против моќни конкуренти како веќе етаблираните фаблети од Galaxy Note серијата на Samsung и успева да се придоближи што само по себе е одличен подвиг, бидејќи истовремено растеа и цените на се поквалитетните Mate фаблети што му носи голем профит на Huawei.

Сега со Huawei Mate 10 таа тактика е подигната на ново ниво бидејќи фаблетот е досега најквалитетен во однос на своите корисници, но има и доста висока цена која во премиум класата го прави компетитетивен и дава сигнал дека станува збор за сериозен играч. Бидејќи Huawei Mate 10 навистина заслужува поголемо внимание решивме подетално да ги разгледаме неговите елементи и на читателите да им доближиме што може да понуди за цената кој во просек се движи околуј 700 евра.

Дизајн

Huawei Mate 10 изгледа совршено, дава впечаток на мобилен уред кој ќе биде одличен придружник на работното место за завршување на сите обврски, но и при дневни кафе шеми, за селфи фотки и активност на социјалните мрежи. Huawei Mate 10 е обложен со стаклен цврст материјал на предната и задната страна од маската што му дава блескавост и премиум чуство како кај најдобрите конкуренти, додека пак телото е засилено со метална рамка. Huawei Mate 10 располага со едно физичко копче под самиот дисплеј и тоа најмногу е применето поради скенерот за отпечатоци сместен на предната страна.

Од било која страна да го погледнете Huawei Mate 10 ќе видите прекрасно скроен уред со прецизни линии и прави агли, како и елеганти детали кои го прават многу симпатичен во премиум класата. Покрај естетски, Huawei Mate 10 може да се пофали и со функционални елементи на дизајнот, односно располага со  IP53 сертификатот кој го штити од попрскување со вода и навлегување на прашина.

Дисплеј

Huawei Mate 10 доаѓа со прилично огромен 5.9 инчен дисплеј со IPS LCD технологија, како и стандарден размер од 16:9 што значи не е како неколку понови Honor и Mate смартфони со Full View дисплеј. Секако, тоа не е пречка за Huawei Mate 10 бидејќи има супериорен дисплеј со резолуција од 1440 x 2560 пиксели, густина на сликата од 499 ppi, одлична видливост од поостри агли, добро прилагоден контраст за различни сценарија на употреба кои одговараат на „окото“ на корисникот, како и убаво изразени богати бои кои прецизно се репродуцирани. Смартфонот без проблем може да го користите на отворено бидејќи не му пречи сончевата светлина и нема рефлексии врз дисплејот. Исто така вреди да се напомене дека екранот на Huawei Mate 10 е заштитен со цврстото Corning Gorilla стакло што го прави поотпорен на гребнатинки и можно напукнување.

Перформанси

HiSilicon Kirin 970 процесорот е главен адут на хардверот бидејќи овој премиум силикон е досега најдобриот на Huawei и веќе беше употребен кај најпрестижниот Huawei P10 смартфон. Меѓу главните карактеристики на HiSilicon Kirin 970 се големиот работен потенцијал на четирите Cortex-A73 јадра со такт од импресивни 2.4 GHz, како и на четирите Cortex-A53 јадра за процесите кои се одвиваат во позадина, ниската потрошувачка и споредните операции со работен потенцијал од 1.8 GHz. Секако, за HiSilicon Kirin 970 процесорот мора да се спомене дека е посебно изграден за поддршка на апликации и софтвер за вештачка интелигенција и учење на машините, па така ќе нуди доста напредни алатки за работа и развој.

Huawei Mate 10 располага и со 64 GB основна меморија која може да се надополни преку слотот за microSD картичка до 256 GB, a има и 4 GB RAM кои се и повеќе од доволни за непречен мултитаскинг. Huawei Mate 10 има солидна батерија со капацитет од 4000 mAh што е над вообичаениот стандард во оваа класа, а дополнителен бенефит е што може брзо да се полни преку USB Type C 3.1 конекторот, односно постигнува 58% од капацитетот за само 30 минути. Да не се грижите, Huawei Mate 10 располага и со стандарден 3.5 милиметарски влез за аудио па нема потреба да инвестирате во скапи безжични слушалки.

Камера

Huawei Mate 10 ќе ги задоволи сите кои сакаат смартфонот да го користат практично како дигитален фотоапарат бидејќи овој модел со дуо сетапот на камерата нуди речиси приближно ист вид на квалитет.

Huawei Mate 10 има две главни камери 16 мегапиксели + 20 мегапиксели со фантастчни леќи со голема апаратура од f/1.6 кои опфаќаат широк агол и имаат силен длабок фокус со што се добива еден кинематографски ефект.

Со оваа камера ќе добиете 2x lossless zoom, Leica оптика, фазна и ласерска детекција на автофокус и секако двоен LED блиц.

Селфи камерата не е ништо помалку квалитетна со 8 мегапиксели со нешто помала, но доволно ефективна f/2.0 леќа и со неа создава одлични резултати.

Заклучок

Huawei Mate 10 доаѓа во време кога од Huawei имаме навистина богата понуда и разновиден избор на смартфони од најевтината до премиум класата. Токму во најпрестижното друштво нијансите кај уредите на Huawei се минимални, па така треба добро да погледнете што нуди еден смартфон за да знаете дали тој е скроен за вас. Huawei Mate 10 има одличен дизајн и елегантен изглед, нуди добра видливост на дисплејот иако не е Full View, може да се пофали со најмоќниот процесор и супер батерија која брзо ќе се полни, како и ефикасни камери за напредни фотографии. Huawei Mate 10 не е така евтин како неговите претходници, но е убедливо најмоќен досега, па така и цената од 700 евра е прилично оправдана во ера во која сите конкуренти ги дигнаа цените во премиум сегментот. Што мислите вие за Huawei Mate 10?

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus