Џеф Безос: Клучни точки за успех во кариерата

Објавено на 26.12.2017 во Рецензија


Џеф Безос: Клучни точки за успех во кариерата

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Упорност и флексибилност;
- Долгорочни решенија;
- Упорност во барањето на вистинските работници;

 

Negatives:



Целата рецензија

Бизнисмените често пати ги советуваат луѓето со кои правила се служат тие за да успеат во својот бизнис, односно кариерата. Џеф Безос последно беше прогласен за најбогат технолошки бизнисмен во светот, кој ја има компанијата Amazon под негова палка. Шефот на Amazon „тежи“ 100 милијарди долари. Неговите совети се следни.

Бидете упорни со барање на соодветен кандидат за работа

„Преферирам да направам интервју со 50 луѓе и да не вработам никој, отколку да вработам погрешна личност. Поставувањето на висока цел во пристапот кон вработувањето беше и ќе биде единствен најважен предуслов за успехот на Amazon. Инаку зошто Amazon би имал прашања за интервју како: `Како би ги решиле сите проблеми ако сте од Марс?` или `Вие сте Amazon. Samsung ви нуди 10.000 Samsung Galaxy С3с за 34% попуст. Дали тоа е добра работа?“, вели Џеф Безос. 

Се разбира, напорно е додека да го најдете правиот човек што ви треба, според вашите критериуми, но никогаш не се откажувајте додека не го најдете. Компанијата всушност е она што се и нејзините вработени, така што советот на Безос е да не престанете да го барате вистинскиот кандидат за работа.

Нека ве опседнат клиентите, а не колегите

Не е залудно кажано правилото „клиентот секогаш е во право“, затоа што муштериите не одржуваат во живот во бизнисот. Треба да бидете фокусирани на клиентот и на конкурентот. Тоа се вика надворешно фокусирање. Некои се фокусирани само внатрешно, што е многу погрешно.

Бидете истовремено и тврдоглави и флексибилни

Можете да ги поседувате и двете карактеристики. Зошто? Затоа што кога сте тврдоглави, ќе бидете истрајни и ќе издржите до крај. Од друга страна, мора да бидете и флексибилни, затоа што мора да размислувате и од други перспективи, со цел да го најдете најдоброто решение. Следете ја вашата визија со „тврдоглавост“ и бидете флексибилни кога разгледувате некои алтернативни решенија за одредени ситуации. Да, не е едноставно, но мора да ги погледнете нештата од повеќе страни.

Секој има право на глас

Во секоја компанија има млади и стари-искусни работници, но тоа не е пресудно дали треба нечие мислење повеќе да се уважува. Во превод, за фактот дали некоја идеја е добра или лоша, се дискутира, а не се осудува предвреме. Во компанијата се сите подеднакво важни и мора сите да се ислушаат. Важно е да се образложат фактите за сето тоа, а хиерархијата нема многу удел во тоа.

Не трчајте по брз успех и пари

„Понекогаш мериме одредени показатели и утврдуваме дека на краток рок и штетат на продажбата. Го правиме тоа затоа што веруваме дека краткорочните показатели, не се показатели за долг рок“, вели Безос.

Сигурни сме дека веќе ја знаете поговорката: „Кога ќе му дадеш риба на човек, ќе го нахраните за еден ден, но ако го научите да лови, ќе биде нахранет за цел живот“. Тука е важно чувството. Доколку сакате брзи пари, нема да бидат на долг рок, затоа треба да се концентрирате повеќе на инвестирање во искуство, знаење и капацитет во вашиот бизнис. Тоа ќе овозможи долготрајност на вашиот бизнис. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus