Google I/O 2022:Google ги најави следните Pixel 7, Pixel Watch, Pixel Tablet и следното „Уште нешто“

Објавено на 21.05.2022 10:00 во Рецензија


Google I/O 2022:Google ги најави следните Pixel 7, Pixel Watch, Pixel Tablet и следното „Уште нешто“

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Google не престанува со новитети;
+ Google сака сериозно да навлезе во сите пори на технологијата;
+ Google влегува во пазарот на смартфони, преклопни смартфони, смарт часовници, таблети, Notepad, дигитални паричници, слушалки и многу други сегменти;

 

Negatives:



Целата рецензија

Google ги најави новите модели на: Pixel 6a смартфон. Pixel Buds Pro слушалки и Pixel Watch смарт часовникот. Имаме веќе детали и за Pixel 7, новиот Pixel Tablet, и прототип со AR очила. Google I/O е годишна девелоперска конференција, реализирана од Google. "I/O" означува Input/Output, или "Innovation in the Open". За сите Apple ентузијасти, настанот на Google е еквивалентен како WWDC или WorldWide Developers Conference, во сопственост на Apple.

 

Ајде да зборуваме за Pixel 6A, Pixel Buds Pro, Pixel 7, Pixel 7 Pro, Pixel Watch, Pixel Tablet и Google Wallet. 

Google Pixel Watch: Дизајн, клучни карактеристики и софтвер

Google I/O 2022 девелоперската конференција откри повеќе детали за новиот Pixel Watch што излегува во септември. Веќе ги имаме и сликите со Google Pixel Watch, а ги имаме и деталите за боите и клучните карактеристики. Pixel Watch изгледа многу слично како Apple Watch Series 7. 

Дизајниран е со кружна рамка и круна за полесно одбирање на опции. Доаѓа во црна, сива и златна боја, и има подобрувања во Wear OS, лесно се поврзува со Fitbit и полесно се интегрира со смарт домовите. Google го инсталирал својот Wear OS 3 оперативен систем, кој што е многу сличен со оној што го има Samsung Galaxy Watch 4.

Новиот Wear OS UI има флуидни навигации и смарт нотификации, може со еден допир да активирате гласовни команди и да го замолите Assistant за да ви помогне да ги завршите домашните работи.Google Maps ќе ви даде насоки каде треба да одите, дури и без вашиот смартфон, додека со новиот Google Wallet ќе може да го оставите вашиот материјален паричник дома. Pixel Watch има Google Home поддршка за да ги контролирате вашите светилки и термостати за греење на бојлер или греење на просторот. Google најави и „голема интеграција“ со Fitbit.

Клучните карактеристики на Google Pixel Watch се официјално потврдени:

    Гласовни команди / Поддршка за Google Assistant
    Google Maps (го ракувате без телефон), Google Wallet
    Google Home поддршка
    Fitbit интеграција / здравствени и фитнес алатки
    Континуирано следење на отчукувањата на срцето и спиењето
    Можност за да ги менувате ременчињата.

Google Pixel Watch официјално би требало да излезе кога ќе биде претставен официјално и Google Pixel 7, оваа есен. Што мислите за Google Pixel Watch?

Google го претстави новиот Pixel 6а

На вчерашната конференција, Google објави дека работи на свој смарт часовник, кој излегува есента, заедно со телефоните Pixel 7 и Pixel 7 Pro. Најавени се и очила со поддршка за проширена реалност, кои ќе може да го преведуваат говорот во реално време.

Сево ова е само најава за следните производи, додека за Pixel 6a се објавени деталните спецификации. Google Pixel 6а е евтина верзија на Google Pixel 6 со Google Tensor процесор, екран од 6,1 инч, фреквенција од 60Hz, 6GB RAM меморија, капацитет на батерија од 4400mAh, а со Extreme Battery Saver опцијата може да издржи до 3 дена.

Google Pixel 6а доаѓа со главна камера од 12MP + 12MP, додека селфи камерата изнесува 8MP. Цената ќе биде 450 долари за американски пазар, додека за Европа останува да видиме подоцна.

Google Pixel 7 и Pixel 7 Pro

Google Pixel 7 и Pixel 7 Pro се очекува да дебитираат во средината на октомври. Pixel 7 се очекува да пристигне со алуминиумски дизајн, кој ќе го има и на камерата. Се очекува класичната седмица да биде без безжично полнење. Google спомна дека телефоните ќе бидат опремени со втората генерација на Google Tensor процесор, што значи дека ќе се фокусира на AI технологија и Machine Learning технологија, со цел да се подобрат можностите за зборување, фотографија, видео и безбедност. 

Google Pixel 7 ќе биде со 6.7-инчен AMOLED дисплеј и резолуција од 1440+ пиксели, додека Pixel 7 Pro би можел да биде со 6.8-инчен екран. Се уште немаме многу детални информации за следните предводници на Google, но знаеме дека ќе има биометриски сензор под екранот. Pixel 7 пристигнува во следните бои: обсидијан (црна боја што се прелива), снежна боја и зимзелена боја, додека 7 Pro ќе биде со: обсидијан, снежна боја и светло зелена боја. 

Google Pixel Tablet излегува во 2023

Возбудлива беше најавата за нов Pixel Tablet, кој најверојатно излегува следната година во мај или октомври.

Google се враќа во бизнисот со таблети и вели дека следниот таблет ќе го има неговиот Tensor процесор, кој што нема да пристигне пред 2023 година. 

Google Wallet: Нова апликација со дигитална лична карта, возачка дозвола, кредитна картичка, клучеви од автомобилот...

Google си останува на паричникот со новата Google Wallet апликација, што доаѓа наскоро во 40 земји. Ќе биде достапен со Android и Wear OS, најави компанијата за време на девелоперската конференција Google I/O 2022. Новиот Google Wallet нема да биде само обична алатка за дигитална наплата, туку целта е целосно да се замени вашиот материјален паричник. 

Со новата апликација ќе ги замените сите важни картички што секогаш ги носите со вас: кредитни картички, лојални картички, гифт картички, бординг карта, картичка за вакцинација, дигитални клучеви од автомобилот, возачка дозвола и лична карта. Дигиталната лична карта е една од клучните алатки за следниот Google Wallet. Google работи со многу држави за реализација на овој проект. 

Во меѓувреме, парнерите што произведуваат автомобили, како што е BMW, се очекува да ги креираат нивните дигитални клучеви од автомобилот, да бидат компатибилни со нивниот Wallet. 

One More Thing: Google не покажа се за време на I/O

Кое е скриеното делче од енигмата? „One more thing“ (Уште нешто) е она што најверојатно ќе биде лансирано во последното тримесечје на 2022 - Pixel Notepad/Pixel Fold, Google, првиот преклопен смартфон. Тоа е истиот период кога ќе излезат и Pixel 7, Pixel 7 Pro, и Pixel Watch.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.