Буџетски смартфон против предводник: Се намалува ли разликата во камерата

Објавено на 25.05.2022 19:38 во Рецензија


Буџетски смартфон против предводник: Се намалува ли разликата во камерата

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Има голема разлика во квалитетот на камерата меѓу буџетските смартфони и предводниците;

 

Negatives:



Целата рецензија

Буџетските смартфони стануваат се подобри, но камерата се уште не е толку добра како онаа на предводникот. Колку за споредба, да ги разгледаме овие модели од 2022 година: Samsung Galaxy A53 5G и Galaxy S22 Plus

Се разбира, има големи разлики меѓу овие два модела, но да видиме колкава е истата. Се затвара ли разликата кај камерата меѓу предводникот и буџетскиот смартфон? 

Двете големи нешта за да се забележат е дека истите имаат недостаток од леќи за зумирање на буџетскиот телефон, плус помалиот сензор што се користи за главната камера. Има ли разлика во сликите за време на идеални временски услови? За време на денскиот период, буџетските смартфони креираат одлични слики, но предводникот е дефинитивно подобар.

Буџетски смартфон

Се разбира, има голема разлика меѓу сликите фотографирани со буџетскиот Galaxy, чија слика е со пресатурирани бои, додека премиум моделот е со подобри и точни бои. Квалитетот е сепак подобар кај предводникот. Втората разлика кај сликите е претераното заострување на сликите кај поевтиниот модел и така фотографијата добива вештачка нијанса.

Последната главна разлика што се забележува е изобилството на различните бои кај S22 Plus моделот, додека буџетскиот A53 модел обично ја обојува целата слика како еден доминантен тоналитет.

Фотографирање при слаба осветленост

Буџетскиот A53 5G модел има помалку детали во споредба со S22 Plus, кој фотографира со многу почисти детали и се снаоѓа со динамичкит опсег многу подобро. Се разбира, затоа е премиум модел. S-класата не смее да не разочара. 

Зумирање

Телефото леќите кај S22+ прават голема разлика, да имате специјални леќи за зумирање кај премиум телефон, значи дека тоа е единственото нешто по кое што корисниците ќе направат разлика меѓу скап и евтин телефон. Со 3X зум, сликите кај буџетскиот модел имаат недостаток од детали, додека кај S22+ излегува кристално јасно.

Заклучок

Се затвара ли јазот меѓу евтините и скапите телефони во сегментот кај камерата? Разликата во сликите е очигледна, при што во одредени случаи разликата е голема, но во одредени и не толку. Дали разликата во цената од $500 е преголема или не? Тешко е да се каже, но корисниците очигледно се одлучуваат да купуваат повеќе буџетски смартфони, одошто скапи телефони.

Секако, новите буџетски смартфони со текот на времето се подобруваат и вршат одлична работа кај корисниците. Јасен показател за тоа е што најпродаван смартфон на Samsung за 2021 година е моделот Galaxy A12. За кој модел вие би се одлучиле?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.