Нема веќе работа од канцеларија: Airbnb овозможи работа од дома

Објавено на 26.05.2022 07:30 во Рецензија


Нема веќе работа од канцеларија: Airbnb овозможи работа од дома

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Работата од дома како огромна предност за вработените;
+ Некои дури прифаќаат и пониски плати со цел да работат од дома;

 

Negatives:



Целата рецензија

Ставот на големите компании кон работата од домот е различен. На крај изгледа дека кај повеќето компании ќе преовладува хибридниот начин на работа, а и понатаму ги има оние што веруваат дека треба да се работи исклучиво од канцеларија. 

Од друга страна, дел од фирмите им даваат на работниците сами да одлучат каде сакаат да работат. Ако повеќе им одговара работа од далеку, може постојано да работат од својот дом, односно, каде што најмногу им одговара.

Списокот на тие компании се зголемува, Airbnb се придружи во оваа група. Извршниот директор Брајан Чески, најави промени во политиката на компанијата. Како најважно се акцентира „перманентната флексибилност“, т.е. можноста за работа од далеку без ограничувања. Тоа значи дека доколку не сакате, не мора да одите во канцеларија.

Не само што на вработените така им се овозможува сами да одлучат за местото со кое што сакаат да работат, Чески верува дека оваа промена ќе овозможи да се задржат досегашните вработени и да се привлечат нови луѓе што ќе им помогнат во понатамошниот развој во компанијата.

Истражувањата покажуваат дека работата од дома е приоритет кај повеќето луѓе при барање на ново работно место. Дури и оние што веќе работат таму, имаат услов за да работат од дома, со цел да не го напуштат своето работно место. За дел од нив, работата од дома е поважна дури и од висината на платата.

Работата од дома кај Google може многу да влијае кај вработените, затоа што се преселуваат од град во град, каде што трошоците за живот се помали на одредени места, па така и не им е важна платата. Airbnb нема таква политика, барем не за работниците што ги менуваат градовите, но не и државите.

Значи, во случајот со работа од дома внатре во државата што живеат, нивните приходи ќе останат исти и еднакви како и досега. Компанијата вработува околу 6 илјади луѓе во овој период, од кои 3 илјади се во САД. 

Оваа шанса важи за сите, затоа што мал дел од вработените и понатаму ќе мора да работат од канцеларија, а тоа се однесува и на луѓето на клучни позиции, односно управуваат со некои од клучните аспекти на деловното работење на Airbnb и неопходно е да бидат присутни.

Чески најави дека и тој самиот ќе работи од далеку и на тој начин постојано ќе ги менува градовите. Сместувањето ќе го наоѓа преку Airbnb и ќе работи од различни места, што го нарекува децентрализација на човечките животи, затоа што веќе нема да има потреба од работа од едно место.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.