Xiaomi Redmi Note 9 Pro: Владетел во средната класа

Објавено на 27.05.2022 07:00 во Рецензија


Xiaomi Redmi Note 9 Pro: Владетел во средната класа

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.9


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Брзо полнење;
+ Одлични перформанси;
+ Голема меморија;
+ Ниска цена;
+ Голем екран;
+ Одлична камера;
+ Практичен интерфејс;
+ Атрактивен дизајн;
+ Има Always On Display;

 

Negatives:

- Нема безжично полнење;
- Нема оптичка стабилизација на сликата при снимање во 4К резолуција;
 



Целата рецензија

Xiaomi секогаш беше крал во овој сегмент и топло ги препорачуваме нивните модели како best buy во ценовниот ранг до 200 или 300 евра, затоа што тоа е обично некој ранг што луѓето го бараат кога брзински сакаат солиден уред со две години гаранција, но не сакаат да издвојат премногу или без причина да ја продолжат претплатата. Ајде да видиме што Xiaomi дава за добра цена со Xiaomi Redmi Note 9 Pro моделот.

Дизајн

Redmi Note 9 Pro моделот има голем екран, кој што се простира од раб до раб, селфи камерата е на средината на предниот панел сместена во дупка, а покрај неа е звучникот за разговори и LED сијаличка за известувања. Изработен е од пластика, но не остава евтин впечаток кога го држите во рака. Визуелно е многу привлечен, особено во бела боја. На задната страна имаме четворна камера со одличен изглед и изгравирано Redmi логото.

Екран

Note 9 Pro располага со 6,67 инчен IPS LCD екран со FullHD резолуција, кој има одлична видливост и за време на силна сончева светлина, одлични агли и видливост, а за пофалба е тоа што можете да го спуштите осветлувањето многу ниско, така што уредот нема да блеска во мрак. Имате 395 ppi густина на пиксели и Gorilla Glass 5 заштита на стаклото. Боите на екранот автоматски се прилагодуваат во зависност од амбиентот и има Always On Display функција.

Перформанси

Овој модел има солиден процесор - Qualcomm Snapdragon 720G, изработен преку 8нм процес на производство, со осум јадра, од кои 2 се помоќни и се нарекуваат Kryo 465 со такт од 2,3GHz, задолжени за најтешките задачи и 6 јадра на Kryo 465 Silver со 1,8 GHz за полесните задачи. Имаме 6GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија, но има и поевтин модел со 64GB внатрешна меморија.

Ако играте игри, нема да имате проблеми со брзината. FM Radio може да поврзете преку неговиот 3,5мм влез за слушалки, сензорот за отпечатоци се наоѓа во копчето за вклучување и многу е брз и прецизен.

Софтвер

MIUI 11 е последната верзија на кориснички интерфејс, базиран на Android 10, кој е еден од најбогатите интерфејси на пазарот. Нуди многу трикови и функции, со цел да можете полесно да го ракувате. Сепак и тој е ограничен за одредени нешта, поради строгите стандарди на Европската унија.

На пример, не можете да снимате разговори како што можеше со претходните верзии. Интерфејсот е многу поедноставен и визуелно дотеран, така што изгледа софистицирано, а истовремено и функционално. Ако го инсталирате Poco launcher, оној што го има Xiomi Pocophone серијата, затоа што MIUI нема стандарден фиокар за апликации. Со двојно тапнување на екранот на празно место, може брзо да го исклучите телефонот. 

Камера

Redmi Note 9 Pro доаѓа со истата камера како скапиот Xioami Poco F2, а камерата дури и подобро се покажала. Примарната камера располага со релативно голем сензор од 1/1,72” 64MP, се уште непознат производите, а се претпоставува и дека таков е оној на Samsung. Има f/1.9 отвор на бленда и 64MP фогографии, кои се зголемуваат на максимум резолуција со сложување на слики од 16MP. Со тој трик се служат сите производители на смартфони во мобилната индустрија.

Во пакет имаме уште 3 камери, од кои ниту една не е телефото камера, за таков тип на фотографии Xaiomi го употребува вишокот на мегапиксели од примарната камера и нуди дигитално зумирање од 2 пати со минимално губење на квалитетот. Во тој момент го користи само средниот дел на сензорот и тука на зборуваме за дигитално зумирање, туку за crop на сензорот.

Ултра-широкоаголната камера има добар квалитет, која е одлична за сите тесни простори или кога не можете да се оддалечите од предметот на фотографирање. Има лош динамички распон и приказ на бои. Прима малку светлина поради помалиот отвор на бленда од f/2.2.

Макро камерата од 5MP има f/2.4 отвор на бленда и автофокус, додека сензорот за длабочина од 2MP е задолжен за да помага при креирањето на bokeh ефектот, така што сите ваши Instagram фотографии изгледаат како да се фотографирани со професионален фото апарат. Видео може да снимате и со 4K резолуција, но нема да имате електронска стабилизација на сликата. Со FullHD резолуција имате оптичка стабилизација на сликата.

Батерија

Батеријата од 5020mAh заедно со Snapdragon 720G процесорот и штедливиот MIUI, резултира со одлична автономија, каква што би сакале да ја видиме на своите смартфони. Без проблем би го користеле телефонот со само едно полнење, но може да потрае и до два дена, во зависност од тоа како го употребувате. Во пакувањето имате полнач од 30W. Може да го наполните од 0-100%, а со само 20 минути полнење батеријата може да ви издржи и до крајот на денот. Безжично полнење нема.

Заклучок

Xiaomi уште еднаш потврдува дека е главен во овој ценовен ранг на телефони, затоа што овозможува одлични перформанси за ниска цена. Се разбира, не е топ модел, но за парите што ги давате е одличен, затоа што има атрактивен дизајн, голем екран, одлични перформанси, брзо полнење и голема меморија. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.