Роботот-ракче е најмалиот микробот со далечински управувач

Објавено на 28.05.2022 20:23 во Рецензија


Роботот-ракче е најмалиот микробот со далечински управувач

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Микроботовите може да решат многу проблеми благодарение на нивната „големина“;

 

Negatives:



Целата рецензија

Научници од САД го креирале најмалиот робот на светот со далечинско управување, кој има широчина од само половина милиметар. Истражувањето поврзано со роботот е објавено во научното списание Science Robotics. Најновиот микробот се уште не е спремен да биде пуштен во функција, но прилично е импресивен. Неговите креатори тврдат дека изгледа како минијатурно ракче, неговиот облик е таков. 

Развиената техника кај микроботот може да се користи за развој на минијатурни роботи во било каква форма. „Нашата технологија овозможува различни модификации за контролирано движење и може да се движи со просечна брзина од половина должина на телото во секунда. Голем предизвик е да се постигне ваков успех со робот со претерано мали пропорции“, изјавил машинскиот инженер Јонганг Хуанг, од Универзитетот Нортвестерн, Илиноис. 

Технологијата на која што се базира роботот е изворно развиена пред осум години, деловите на роботот се прицврстени на растегната гумена подлога, а кога материјалот ќе се опушти, роботот се претвара во својата работна форма. 

Со внимателно калибрирање на основните делови, обликот на роботот може прецизно да се контролира. Сличен пристап се применува и со движечките делови на роботот, кои што се изработени од материјал легура со способност за меморирање на облици. Овие материјали се менуваат во две форми, во зависност од тоа дали се под висока температура или не.

Ласерите делуваат како далечински управувач и се користат за загревање на одредени делови на роботот. Тие делови се креираат во поинаков облик и го тераат минијатурното роботче напред. Нема потреба од извор на енергија или мотор. Неговиот тенок стаклен слој овозможува компонентите да се вратат во својот изворен облик додека се ладат.

„Со оглед на тоа што овие структури се многу мали, брзината на ладење е многу брза. Всушност, намалувањето на големината на овие роботи овозможува да трчаат побрзо“, вели научникот Џон Роџерс од Универзитетот Нортвестерн.

Насочувајќи ги ласерите на различни делови на „роборакот“, научниците се во можност да ја постават насоката на своето движење. Со подесувањето на фреквенцијата на ласерското скенирање, може да се менува и брзината на движењето на роботите.

Тоа е идниот чекор во трендот на развој на се помали и помали роботи, без разлика дали се работи за тоа да бидат поотпорни на надворешни сили, да бараат лекови за лекување на болести или да изградат поголеми, молекуларни структури од помали делчиња.

Авторите на истражувањето тврдат дека во нивниот нов процес има голем потенцијал, затоа што може да ги натераат роботите да се свртуваат и да скокаат применувајќи ги истите техники. Се додека роботот е внатре во видливата линија на ласерот, со него може да се управува со помош на далечински управувач.

Роботиката е возбудливо поле на истражување, а развојот на роботите од микроразмери е забавна тема за академско истражување. Микроботите може да ги замислиме како средства за поправка на нешто или составување на мали структури или машини во индустријата, или како хируршките помошници за чистење на запуштени артерии, спречување на внатрешно крварење или отстранување на канцерогени тумори, сето тоа во минимално инвазивни постапки, вели Роџерс.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.