Apple во 2017 - Корпоративни грешки скапо ќе го чинат гигантот

Објавено на 30.12.2017 во Рецензија


Apple во 2017 - Корпоративни грешки скапо ќе го чинат гигантот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Иновативен iPhone X

 

Negatives:

 

- Корпоративни грешки



Целата рецензија

Apple годинава која изминува нема да ја памети по многу убави работи бидејќи се соочи со два големи проблема, од кои еден доаѓа токму на крајот на 2017 откако се откри дека намерно биле загрозени перформансите на iPhone смартфоните како им одминува времето и батеријата го надминува оптималното ниво на работа. Apple во 2017 година се соочи со намалена продажба на нивната стандардна понуда од два смартфона iPhone 8 и iPhone 8 Plus кои не ги воодушевија корисниците бидејќи не донесоа значајни промени, а сите го чекаа iPhone X моделот како најквалитетен, но тој премногу задоцни поради недостигот на иновативните компоненти чие производство беше ограничено. Во продолжение ретроспектива за годината низ која помина Apple, па да започнеме со ред.

iPhone 8 со ништо ново

iPhone 8 е убаво дизајниран смартфон со нов A11 Bionic моќен процесор, но не донесе никакви значајни подобрувања и измени во однос на последните два модели од претходните генерации, па затоа и не предизвика многу еуфорија кај верните фанови на Apple кои порано кампуваа пред продавниците во огромни редици само за да бидат меѓу првите кои ќе го купат новиот смартфон. 

iPhone 8 Plus голем и практичен но, без Х фактор

iPhone 8 Plus сосема одговара на модерните трендови на смартфон корисниците со голем екран од 5.5 инчи со Full HD резолуција, има IP67 сертификат за заштита од навлегување на вода, 3D Touch, двојна камера од 12 мегапиксели, стерео звучници, безжично полнење и брзо полнење на батеријата, но му недостасува Х фактор, односно не располага со OLED дисплеј, ниту има Face ID скенер што исто така не ги задоволи премногу фановите.

iPhone X е одличен но, го промаши циклусот

iPhone X иако беше претставен во исто време како iPhone 8 и iPhone 8 Plus, но всушност продажбата започна еден месец подоцна во ноември и тоа во ограничени количини со долг период на чекање за тие кои ќе го нарачаат онлајн. iPhone X е досега најскапиот смартфон на Apple со цена од 1000 долари, но тоа се чини дека беше оправдано со бројните иновации. iPhone X е првиот смартфон на Apple со OLED екран со размер од 18:9 со целосна искористеност на предната површина, со Dolby Vision и HDR10 поддршка, прв со иновативниот скенер за лице Face ID кој ја подобрува безбедноста, како и прекрасен дизајн. iPhone X не успеа премногу да доминира во премум класата каде наиде на голем отпор од страна на Samsung Galaxy S8 и Samsung Galaxy Note 8 моделите.

Apple HomePod не дојде дома

Apple реши да влезе во трката со Amazon и да понуди сопствен смарт звучник со новиот производ Apple HomePod кој работи со гласовниот асистент Siri и има одлични перспектива за поврзување на домот на корисникот. Без оглед на високата цена од 349 се очекуваше Apple HomePod да биде вистински хит во продажбата бидејќи има армија на лојални и богати купувачи на Apple кои би купиле било што ќе им понуди технолошкиот гигант, но беше донесена одлука смарт звучникот да не биде пуштен за време на шопинг празничната сезона. Тоа може да се пресмета и како квартална загуба за Apple бидејќи Apple HomePod ќе пристигне дури во првиот квартал од 2018 година што не им се допадна на инвеститорите и акционерите и придонесе за сомнежи во раководството.

Скандал со перформансите

Веќе е добро познато дека Apple ги изневери корисниците со тоа што со години криел од нив дека намерно ги успорува перформансите на процесорот откако батеријата ќе го изгуби целосниот капацитет. Овој трик се вршел преку софтверските надградби на iOs системот по што корисниците се чуделе зошто нивниот смартфон работи побавно и послабо, без да знаат дека со замена на дотраената батерија ќе може да го користат уредот со почетните перформанси. Скандалот беше откриен со тестирање на iPhone моделите од претходните три години на Geekbench сајтот. Потоа и Apple ја призна грешката и понуди поевтина замена на батеријата која корисникот наместо 79 долари ќе го чини 29 долари, но дали тоа ќе биде доволно ќе видиме во 2018 година.

Заклучок

Apple секако има многу перспективи во годината која доаѓа бидејќи целосните испораки во големи количини на iPhone X ќе започнат во првиот квартал од 2018 и тогаш се очекува да генерираат огромни приходи, но тогаш веќе ќе навлезат во нов купувачки циклус кога корисниците можеби и нема да одговорат според очекувањата бидејќи за 6-7 месеци веќе ќе треба да пристигне следниот iPhone X модел кој ќе биде посвеж и со понови компоненти, па така ќе биде и поисплатлив за тие кои ќе бидат трпеливи. Скандалот со перформансите засега е рано да се предвиди какви последици ќе донесе, особено доколку се материјализираат групните тужби на корисниците кои може да резултираат со високи судски оштети, па секако Apple ќе мора дополнително да се потруди за да ја врати и довербата на фановите и на инвеститорите.

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)