Huawei во 2017 - Чекор повеќе до врвот

Објавено на 30.12.2017 во Рецензија


Huawei во 2017 - Чекор повеќе до врвот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Чекор кон врвот

 

Negatives:

 

- Сатурација на пазарот



Целата рецензија

Huawei одигра најагресивно досега на пазарот на мобилни телефони и тоа даде голем напредок во 2017 година која ја одблежуваат на втората позиција по бројот на продадени смартфони веднаш зад Samsung со тоа тоа успеаја да го надминат Apple на втората позиција. Huawei речиси целата година имаше одличен фокус во изработка на квалитетни смартфони со прифатливи цени, одлични перформанси и убав дизајн за око кој им донесе голема препознатливост на пазарот. Кон крајот на годината Huawei веќе почуствува голема самодоверба па така и ги подигна цените на своите понови смартфони во високите класи, но тоа го оправда со одличните иновации. Во продолжение ја претставуваме ретроспективата на работењето на Huawei во 2017 година и што најмногу ја одбележа пионудата на кинескиот бренд во пораст.

Huawei P10 го најави походот

Huawei P10 беше најавен во првиот квартал од 2017 година и уште од старт најави дека Huawei ќе има одлична понуда во високата класа со смартфон кој располага со 5.1 инчен IPS-NEO LCD дисплеј, моќен HiSilicon Kirin 960 процесор, двојна главна камера со 12+20 мегапиксели со Leica оптика, брзо полнење и солидна батерија со капацитет од 3200 mAh. Оваа серија беше надополнета со Lite моделот кој за пониска цена ги понуди речиси истите перформанси, како и Plus моделот со поголем екран со Quad HD резолуција, како и мега батерија со капацитет од 3750 mAh. 

Huawei NOVA - Второ созвездие

NOVA серијата демонстрираше нов концепт на Huawei за поевтините класи на смартфони, а втората генерација понуди „нови“ ѕвезди во пост-пејд понудата во соработка со мобилните оператори што на Huawei му обезбеди големо присуство на главните пазари ширум светот, вклучувајќи го и европскиот. Најпрво беа претставени моделите NOVA 2 и NOVA 2 Plus со екрани од 5 и 5.5 инчи, солиден осум-јадрен HiSilicon Kirin 659 процесор, дуо главни камери, одличен дизајн со тело од алуминиум и батерии со капацитет од околу 3000 mAh што е сосема прифатливо во оваа класа. Следеше Huawei NOVA 2s кој е вистински адут во средната класа и еден од ретките со екран со размер од 18:9 и големина од 6 инчи што го прави доста компактен и ефикасен. 

Huawei Mate 10 за моќен финиш

Huawei вистинската моќ ја прикажа нешто при крајот на годинава со новиот супер фаблет Huawei Mate 10 кој ги донесе сите неопходни новитети како 5.9 инчен дисплеј со размер од 18:9, HDR10 поддршка, како и одлична резолуција од 1440 x 2560 пиксели. Huawei Mate 10 исто така може да се пофали со најновиот и најмоќен осум-јадрен Hisilicon Kirin 970 процесор со поддршка за вештачка интелигенција и учење на машина, има квалитетна дуо камера со Leica оптика, стерео звучници, Type-C USB конектор, како и мега батерија со капацитет од дури 4000 mAh. Цената на основниот модел на Huawei Mate 10 од 700 евра го прави еден од најисплатливите годинава во премиум класата, а друштво му прават Pro модел со IP67 сертификат, потоа поевтиниот Lite модел и екстравагантниот Porsche Design модел со ултра дизајн.

Заклучок

Huawei според сите статистики и анализи имаше одлична година на мобилниот пазар, најквалитетните смартфони им беа добро склопени, и унапредени со повеќе модерни иновации со што одговорија на висок начин на потребите на корисниците. Ваквата положба Huawei може да ја надградува во 2018 година, но треба да внимава да не го пренатрупа пазарот со премногу модели кои го губат фокусот од квалитет и прават конфузија. Таков потег видовме во декември со лансирање на десетина модели одеднаш во различни класи што потсетува на претходните години на Samsung, па можеби сметаат дека тоа е рецептот за поголем пробив на пазарот и одржување на продажбата во самиот врв. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)