Huawei Watch GT3 Pro: Заводник со долга автономија и одлични алатки

Објавено на 05.07.2022 10:21 во Рецензија


Huawei Watch GT3 Pro: Заводник со долга автономија и одлични алатки

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Сафирни детали со титаниумски дизајн, ќерамички и кожно ременче;
+ Удобен за носење и фантастичен изглед;
+ Адаптер за безжично полнење;
+ Добра видливост на сончева светлина;
+ Прилагодување и филтри за пребарување на изгледот на екранот со различни стилови и лица по свој вкус;
+ AMOLED екран;
+ Копче за EKG;
+ Висока прецизност при мерење на отчукувањата на срцето;
+ Мерење на ниво на заситеност во крвта;
+ Мерење на стрес, температура на кожа и притисок во воздух;
+ Воспоставување на повик, има звучници и микрофон;
+ Мерење под вода;
+ Инструктор за голф;
+ Напредна GPS технологија;
+ Одлично оптимизиран софтвер;
+ Брзо се полни, целосно за 90 минути;
+ Долга автономија на батеријата;

 

Negatives:



Целата рецензија

GT серијата на Huawei е една од најпопуларните на глобално ниво, благодарение на тоа што за мала сума на пари, добивате екстра перформанси и одлично дизајнирано парче смартчасовник.

Дизајнот и батеријата претставуваат главни фактори при дилемата каков модел на смартчасовник да се купи. Кога има долготрајна автономија и кога одлично изгледа, тогаш имате добар избор. Huawei GT серијата секогаш ги исполнува тие два критериума. Моделот GT3 Pro ги задоволува потребите на корисниците, затоа може да се прогнозира дека го очекува светла иднина и високи цифри со продажба. Се развира, GT3 Pro е подобра верзија од предводникот, ајде да видиме подетално што ни нуди.

GT3 Pro доаѓа со автономијата по која што GT серијата ни е позната, двонеделната автономија. Во споредба со претходникот има и подобар екран, поквалитетни сензори и ново куќиште, квалитетно изработено, потенко и полесно.

Дизајн

Huawei креирал два модела на GT3 Pro, помалиот е целосно изработен од ќерамика со сафирно стакло, кое што го штити екранот и долните сензори. Позлатени елементи постојат на куќиштето, кои што го привлекуваат сечиј поглед. Поголемиот и помалиот модел се разликуваат во три работи: големината, изработката и батеријата. Софтверски и хардверски се идентични. 

Поголемиот е изработен од титан со нанокристална ќерамика од долната страна и мал дел со сафирна заштита кај сензорите. Дизајнот е фантастичен и остава висок впечаток. Pro моделот е удобен за носење и претставува вистинска атракција. Имате и други кожени ременчиња доколку сакате да го промените ременчето.

Титанскиот ремен може сами да го подесите според големината на вашиот зглоб без никакви специјални алатки, додека за ќерамичкото ременче ќе мора да се послужите со мал шрафцигер што доаѓа во пакувањето со часовникот. Во кутијата со часовникот имате адаптер за безжично полнење, кој на крајот има и класичен USB-A влез, така што ќе може да го искористите и било кој влез на лаптопот, компјутерот или полначот, и така часовникот ќе се полни. На десната страна на часовникот има круна од горната страна и дополнително копче од долната страна за EKG.

Екран

Соодветно со големината на часовникот (46 и 42мм), така имаме и две димензии на екранот: 1,43” и 1,32”, кои имаат иста резолуција од 466×466 пиксели. Двата имаат одлична видливост на сончева светлина. AMOLED технологијата е вградена во овој панел, кај кого видливоста од агол е на високо ниво. Пребарувачот за лице на часовникот во Health апликацијата ви нуди филтри со кои што ќе може да пребарувате ако сакате на пример дигитален часовник со црна позадина, аналоген или хибридно лице на часовник. 

Одредени лица може да ги прилагодувате дури и по сопствен вкус, со цел да се прикажуваат чекори или ниво на стрес, број на отчукувања на срцето или влажност на воздух. Одредени лица на часовникот преку ноќ ќе имитираат фосфорно премачкување, како што порано часовниците имале. Веројатно денес не се користи фосфор, но изразот го искористивме за полесно да објасниме.

Хардвер, сензори

HUAWEI TruSeen™ 5.0+ е главната спецификација на новиот Huawei GT3 Pro, заедно со додадената опција за мерење на EKG. Мерењето се извршува така што се активира EKG на часовникот и потоа го ставате показалецот на долното копче. Ако прстот ви е премногу сув, часовникот ќе ве предупреди и ќе мора да го потопите малку во вода претходно. Сепак станува збор за ниска струја, која што се пушта низ телото, со цел да се добие електро-кардиограм. Не грижете се, не може да ја почувствувате струјата што се пушта преку показалецот, исто како што и не можете да ги почувствувате ултра-соничните читачи, со цел да ви го отчитуваат вашиот отпечаток кога ќе го ставите прстот на екранот на смартфонот.

Добивате податоци за вашиот синусен ритам, односно ритамот на срцето и дали е правилно или не. Ако не е, тоа би можело да значи дека имате и аритмија, но како што предупредува Huawei, ова не е медицински уред и EKG на часовниците се мери само со еден вод, додека професионалните мерачи го прават тоа со 12 водови. За да бидете сигурни во резултатите, сепак треба да одите на лекар. Новите мерачи за отчукување на срцето се 96% прецизни во споредба со мерачите што се врзуваат околу градите, кои што ги користат професионалните спортисти. 

Мерењето на срцето се одвива постојано додека го носите часовникот на раката, а истовремено го мери и нивото на заситеност во крвта, стресот, температурата на кожата, па дури и притисокот на воздухот. GT3 Pro располага со најновата генерација на GPS технологија, така што трчањето или возењето со велосипед преку шумата ќе бидат прецизно детектирани, при што може да ви се понуди и рута за враќање дома во случај да се изгубите. Со помош на овој часовник ќе може да го користете GPS и кога нуркате.

Huawei GT3 Pro може да ве учи и како може да играте голф, односно ќе детектира кога погрешно ја држите палката во раката, исто како што може да детектира и погрешна брзина на фрлање на топчето. Нуркање исто така може да ве поучи. Смартчасовникот е отпорен дури и на солена вода, така што може со него да нуркате и до 30 метри длабочина.

Може да мери колку време сте под вода и да ја следи кривата по која шт осте нуркале. Се разбира, ќе детектира отчукување на срцето кога сте под вода и времето на почетокот при контракција на дијафрагмата, а сето тоа со цел да знаете колку долго можете да го задржите воздухот под вода.

Се разбира, може да воспоставувате повици, имате звучници и микрофон со него. 

Софтвер

HarmonyOS е еден од најдобрите и најоптимизираните софтвери за смартчасовници. На овој софтвер му е потребна минимална хардверска моќ за да работи совршено. Може да инсталирате и дополнителни апликации на него. Во Health апликацијата имате неколку брзи одговори кои што може да ги испратите кога ќе примате порака: „ок“, „да“, „не“ или „не можам сега, ќе се јавам подоцна“. Разговорите преку сите смартчасовници на Huawei се удобни и соговорникот нема да препознае дека се работи за смартчасовник со оглед на квалитетот на звукот и микрофонот. 

Батерија

Автономијата е она по што Huawei е познат со смартчасовниците. Ова е една од главните спецификации, за кои што корисниците прашуваат при купувањето на нов смартчасовник, ова го кажуваме од искуство. Се разбира, кој сака постојано да го става часовникот на полнење, кога неговата цел е да ви стои на рака? Дури и кога има 10% батерија, секогаш може да ја пречекате вечерта со него без проблем.

12 дена слободно може да издржите со едно полнење, што значи дека може да извадите и цел годишен одмор со него. Huawei тврди и дека има 14-дневна автономија, за што ние тврдиме дека во зависност од користењето може да издржи и до 14 дена максимално. Може да издржи до тој степен, дури и со секојдневно мерење на параметрите при вежбање. Времето за полнење во споредба со претходната генерација е скратено од 2 часа на 90 минути. Ако ви се изпразни батеријата целосно и го полните часовникот околу 10 минути, дефинитивно ќе имате доволно за цел ден.

Заклучок

Huawei Watch GT3 Pro не воодушевува со својот неприкосновен изглед во ќерамичко и титанско издание. Дефинитивно модел на смартчасовник што нема да ве разочара со времето на полнење и долготрајноста на батеријата. HarmonyOS е одличен оперативен систем за часовници исто како и за смартфони, има напредни перформанси во софтверот што не бара моќен хардвер. Очекуваме од овој модел на смартчасовник да стане фаворит кај корисниците, што мислите вие?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.